Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето
2Божиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењето
СветШефот на НАТО вели дека „има уште многу работа“ околу ГренландГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека „има уште многу работа“ меѓу страните вклучени во спорот околу контролата на Гренланд, полуавтономен остров кој ѝ припаѓа на Данска.Руте за американскиот радиодифузер Фокс Њуз изјави дека тој и претседателот на САД, Доналд Трамп, во разговорите на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос се согласиле дека арктичкиот регион мора да се заштити заеднички. Шефот на НАТО додаде дека САД ќе ги продолжат своите разговори со Гренланд и Данска, вклучително и за спречување на Русија и Кина да добијат пристап до економијата на Гренланд. Опишувајќи ги разговорите како такви што дале „многу добар“ исход, Руте нагласи дека „има уште многу работа“, пренесе ДПА. Тој рече дека страните се согласиле да разгледаат како НАТО може колективно да придонесе за да се осигура дека целиот арктички регион е безбеден, нагласувајќи ја потребата од мерки на копно, на море и во воздух за заштита на она што тој го нарече важен дел од светот и од територијата на НАТО. На прашањето дали рамката за можен договор за Гренланд, која претходно ја најави Трамп, предвидува во голема мера автономниот арктички остров да остане дански, Руте рече дека „тоа прашање веќе не се појави во моите вечерашни разговори“. Фокусот, рече Руте, беше на заштитата на Гренланд. Трамп претходно изјави дека од неговата средба со Руте произлегла рамка за иден договор за Гренланд и за целиот арктички регион. Американскиот претседател, исто така, рече дека сепак нема да воведува казнени царини за европските земји кои ја поддржуваат Данска, само неколку дена откако се закани дека ќе го стори тоа. Руте претходно ги потврди коментарите на Трамп за рамка за можен договор за Гренланд, но рече дека не сака да изнесува никакви детали.Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
Македонија30-дневен притвор за Стефан Богоев и тројцата осомничени за местење тендер во ЦаринаНа поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешниот помошник-директор во Царинската управа, управителот на приватната фирма „Ремондис Медисон“На поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешниот помошник-директор во Царинската управа, управителот на приватната фирма „Ремондис Медисон“ и на еден вработен во истата приватна компанија судот на барање на обвинителството синоќа им одреди 30-дневен притвор. Четворицата се сомничат дека во периодот од јули 2023 до март 2024 година ја изиграле постапката за доделување договори за јавна набавка за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, при што преку фаворизирање на економскиот оператор и ограничување на конкуренцијата му овозможиле на истиот да стекне противправна имотна корист во износ од околу 300 илјади евра. Според судотво случајот постои основано сомнение дека се сторени кривични дела злоупотреба на постапка за јавен повик, доделуваењ договор или јавно приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда.. -Постои основано сомнение дека сториле кривични дела Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство, примање награда за противзаконито влијание и давање награда за противзаконито влијание. Откако попладнево беа спроведени во судот, по нивно произнесување во присуство на бранител, судот донесе решенија со кои: Предлогот за определување мерки притвор против С.Б., Д.Г., А.С. и С.М. се прифаќа и на сите им се определува мерка притвор во траење од 30 дена. Мерката е определена заради постоење на основите од член 165 став 1 т. 1 и т.2 од ЗКП. – Кривичен суд Одбраната на Богоев најави дека ќе се жалат на одлуката за притвор Адвокатката Алексиќ потврди дека понудиле и гаранции кои судот ги одбил. Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле дадени никакви докази. -Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители за другите осомничени. Мислам дека во комбинација со другите мерки на претпазливост можеше да обезбеди присуство на осомничените. Токму на тие околности ќе се однесува жалбата.На одбраната на денешното рочиште не ѝ беа презентирани никакви докази во насока на постоење на основано сомневање. Само нѝ беше соопштено дека докази според обвинителството постојат.- Сања Алексиќ- адвокатка на Стефан Богоев. Обвинителката на ОЈО ГОКК, Искра Хаџивасилева претходно рече дека ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, и нагласи дека нивните проценки во моментот го оправдуваат барањето за притвор. Притворот бил побаран поради опасност од бегство и можно влијание врз сведоциКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБожиновска: Иднината на енергетиката e во дигиталните технологии, но најважна инвестиција останува знаењетоДигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска .Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – Скопје и во партнерство со Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Присутните гости уште при самиот влез на настанот имаа можност да се запознаат со иновативно технолошко решение развиено од студентите и истражувачите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Робот, програмиран на ФЕИТ, ги пречекуваше и поздравуваше учесниците, симболично претставувајќи ја поврзаноста меѓу дигиталните технологии, иновациите и иднината на енергетскиот сектор, што беше и една од централните теми на настанот. Настанот обедини претставници на академската заедница, енергетските компании, ИТ секторот и институциите, во заедничка дискусија за улогата на современите технологии во енергетската трансформација на државата и регионот. Во своето обраќање министерката Божиновска истакна дека енергетската транзиција денес не претставува само замена на традиционалните извори на енергија со обновливи извори, туку длабока трансформација на целиот енергетски систем. „Дигиталните технологии, автоматизацијата, анализата на податоци и вештачката интелигенција стануваат неопходен предуслов за создавање модерен, ефикасен и отпорен енергетски систем. Но, ако има еден ресурс што е поважен од секоја технологија, инфраструктура или инвестиција, тоа се луѓето. Најголемиот капитал на една држава е знаењето“, нагласи Божиновска. Таа посочи дека Македонија е цврсто определена кон изградба на одржлив енергетски сектор кој ќе обезбеди сигурно снабдување со енергија, ќе ја зајакне конкурентноста на економијата и ќе придонесе за исполнување на климатските и европските обврски на државата. Во рамки на панел-дискусијата „Од иновација до имплементација: дигитални и инженериски решенија за сигурна енергетска транзиција“, министерката истакна дека Македонија денес поминува низ една од најзначајните трансформации во својата енергетска историја. „Нашата цел не е само да ги следиме европските трендови, туку активно да се позиционираме како земја која создава услови за модерна, одржлива и конкурентна енергетика. Во последните години значително се зголемија капацитетите од сонце и ветер, а интересот на инвеститорите продолжува да расте. Тоа е доказ дека Македонија станува препознатлива како сигурна дестинација за инвестиции во чиста енергија“, истакна Божиновска. Таа нагласи дека следната фаза од транзицијата подразбира многу повеќе од изградба на нови производствени капацитети. „Вистинскиот предизвик е интеграцијата на обновливите извори во електроенергетскиот систем. Затоа фокусот денес е ставен на батериските системи за складирање на енергија, паметните мрежи, дигитализацијата и модернизацијата на инфраструктурата“, рече Божиновска. Осврнувајќи се на законските реформи, Божиновска посочи дека новиот Закон за енергетика претставува историски чекор со кој државата добива современа регулаторна рамка усогласена со европското законодавство. „Законот отвора простор за развој на батериски системи за складирање на енергија, паметни мрежи, дигитални услуги, активни потрошувачи и енергетски заедници. Во тек е подготовка на подзаконските акти кои ќе овозможат целосна имплементација на овие решенија“, истакна таа. Говорејќи за предизвиците со кои се соочува енергетскиот систем, министерката нагласи дека државата паралелно работи на зголемување на домашното производство на електрична енергија, модернизација на преносната и дистрибутивната мрежа и зајакнување на регионалната енергетска поврзаност. „Голем дел од инфраструктурата е изградена пред повеќе децении и потребни се сериозни инвестиции за да може системот безбедно да ги прифати новите производствени капацитети. Паметните мерни уреди, напредните системи за управување со мрежата и новите дигитални технологии ќе имаат клучна улога во одржувањето на стабилноста и сигурноста на снабдувањето“, рече Божиновска. Таа потсети и на стратешките инфраструктурни проекти што се реализираат, меѓу кои интерконекторот за природен гас со Грција и електроенергетската интерконекција Битола – Елбасан со Албанија, кои ќе придонесат за поголема енергетска безбедност, диверзификација на изворите и подобра интеграција на регионалниот енергетски пазар. Посебен акцент беше ставен и на улогата на образованието, науката и развојот на човечкиот капитал. „Иднината на енергетиката ќе ја водат луѓе кои подеднакво ги разбираат инженерството, дигиталните технологии и потребите на современото општество. Затоа инвестициите во знаење се инвестиции со најголем поврат. Токму младите инженери, истражувачи и иноватори ќе бидат носители на енергетската трансформација во наредните децении“, порача Божиновска. Учесниците на настанот се согласија дека дигитализацијата повеќе не е избор, туку предуслов за успешна енергетска транзиција, а соработката меѓу институциите, академската заедница, енергетскиот и ИТ секторот ќе биде клучна за создавање сигурен, отпорен и конкурентен енергетски систем подготвен за предизвиците на иднината. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Компромисните амандмани на Европскиот парламент за Извештајот за МакедонијаСпроведување на Договорот со Бугарија, продолжување на работата на Историската комисија и потврда дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер.Спроведување на Договорот со Бугарија, продолжување на работата на историската комисија и потврда дека уставните измени остануваат главниот услов за отворање на првиот преговарачки кластер – ова се дел од најчувствителните пораки во компромисните амандмани на Европскиот парламент за извештајот за Македонија до кои дојде Канал 5. Значајно е тоа што меѓу нив никаде директно не се споменува амандманот на известувачот за земјава Томас Вајц кој побара разјаснување дали вториот билатерален протокол меѓу Македонија и Бугарија е дел од условите за отворање на првиот преговарачки кластер. Наместо, тоа, документот се повикува на Договорот со Бугарија и обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка на земјава. Во амандманите се наведува и дека постојат различни толкувања за историските карактеристики на македонското општество, но содржана е и формулација според која јазичниот, културниот и националниот идентитет не треба да влијаат врз пристапниот процес. Сепак, можеби за прв пат во извештај за напредок на земјава е вметнат и зборот „фалсификување“ кој се однесува на бугарски натписи во Македонија. -Го признава постоењето на различни толкувања во врска со историските карактеристики на македонското општество; нагласува дека неговиот извештај нема за цел да прејудицира или ограничи научниот дискурс за овие прашања, ниту пак таквите толкувања влијаат врз неговата проценка на напредокот на Македонија кон пристапувањето кон ЕУ, кој останува заснован на Копенхашките критериуми и принципите на добрососедски односи; ги повикува сите страни да ја продолжат работата на Заедничката комисија за историски прашања на Бугарија и Македонија и да ја исполнат нејзината работа со добра намера, со што ќе ги зближат општествата; го осудува секој обид за замена на историски споменици и/или артефакти, вклучително и уништувањето на автентичното културно наследство; жали за уништувањето и фалсификувањето на бугарските натписи; Точка 31А . Дел од бугарските европратеници токму за оваа точка се пофалија дека успеале да ја добијат битката зборот „фалисифкување“ за прв пат да биде вметнат во извештај на ЕП за Македонија. -Можеби за прв пат, зборот „фалсификување“ влегува во официјален извештај. Ова е нашата работа – да се бориме против известувачот, кој секако на никаков начин во главниот текст на извештајот не ја вклучи оваа тема. / Зборот „фалсификат“ го имаме за прв пат. Она што го кажуваме со години дека во обидите да ја зајакне својата национална идеја, Скопје оди дотаму што фалсификува бугарски споменици - сега го имаме црно на бело.“ - Ивајло Валчев – Европратеник од Бугарија. Во останатиот дел од текстот, се нотира со загриженост и како што стои, силната врска меѓу владите на Македонија и Србија. Во делот за правосудството пак, наведено е дека напредокот на Македонија ќе се мери врз основа на заслуги, а прашањето за уставните измени не треба да се користи како изговор за не спроведување на реформи. Дополнително, се нагласува потребата од засилена борба против криминалот и корупцијата и спроведување на законите од реформската агенда. Нотиран е недостатокот на напредок од последниот извештај со барања за итна и обновена политичка посветеност. Покрај компромисните, комисијата за надворешни работи на европскиот парламент усвои и два амандмани на бугарските европратеници кои се однесуваат на работата на историската комсиија од која се бараат опипливи резултати, како и повикот да се одржи следната меѓувладина конференција меѓу Скопје и Софија. На таа тема, шефот на македонската дипломатија Муцунски, порача дека услови за такво нешто нема, но откри дека идната недела со претседателката Сиљановска Давкова ќе биде во Софија за што не исклучи средба на високо ниво. -Во овој момент сметам дека услови за такво нешто нема бидејќи сметам дека треба да бидеме посветени на градење на доверба за многу други значајни прашања кои се од стратешка природа како на пример стратешки погрешната одлука на Бугарија да го прави ова што го прави на нашата држава,- - Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи. Интересно во текстот на компримисните амандмани за земјава терминот „македонски граѓани“ или „македонска влада“ секаде е заменет со „граѓани на Северна Македонија“ или „влада на Северна Македонија.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter