Шефот на НАТО и се закани на Кина

 Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, за Би-Би-Си изјави дека Кина треба да се соочи со последици за поддршката на руската војна во Украина доколку не го промени своето однесување.

Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“ поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги одржува односите со европските сојузници.

-Ова нема да функционира на долг рок, изјави Столтенберг во интервјуто за време на посетата на Вашингтон.

Во опширното интервју Столтенберг зборуваше и за нуклеарното оружје и трошоците за одбрана. Запрашан што би можеле да направат членките на НАТО во врска со поддршката на Кина за Русија, Столтенберг рече дека има „тековна дискусија“ за можните санкции.

Столтенберг е во посета на Вашингтон. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, денеска оди во Северна Кореја. Минатиот месец беше во Кина.

-Русија во моментов се повеќе се усогласува со авторитарните лидери, изјави Столтенберг.

Тој рече дека Северна Кореја испратила артилериски гранати во Русија, а за возврат Русија обезбедила напредна технологија за ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја.

-Така Северна Кореја и помага на Русија да води агресивна војна против Украина, заклучи генералниот секретар на НАТО. /МИА

Таравари: Добрата дигитализација направила револуција и огромни заштеди во здравството

Добрата дигитализација направила револуција и огромни заштеди во здравството во други држави.

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска ја посети Клиничка болница Тетово, при што направи на состојбата на установата по невремето. Тој најави дека се размислува за уште поголема дигитализација во здравството со цел да се избегнат манипулации со препишувањето лекови и користењето медицински услуги за да не се повторуваат ситуации како со Клиниката за онкологија.

- Јас мислам дека една од нашите цели програмски цели е децентрализација, односно регионализација на здравството. Планираме четири клинички центри да функционираат во државата, еден од нив можеби и најбитна е тетовската клиничка болница. Јас добивам информации дека овде релативно добро е опремена со апарати, меѓутоа недостасуваат човечки ресурси. Тие што се со договор, а имаме информации дека има огромен број на луѓе, вработени медицински работници коишто се со договор што поскоро треба да им се дадат решенија и да се вработат дополнително и да се планира долгорочно тие специјализации коишто се дефицитарни да ги планираме и како министерство и како медицински факултет заедно за да во следните години не се случува одредени одделенија да не функционира, рече Таравари.

На новинарски прашања за состојбите со одредени клиники во скопскиот клинички центар, Таравари рече дека денес д-р Игор Стојковски е назначен за директор на Клиниката за Онкологија.

- За економскиот директор на Токсикологија, комисијата за ревизија беше таму и наскоро ќе би дадам официјален извештај за да не шпекулирам. Покрај ова, за директорката на Кардиохирургија од заменик министерката добив информација дека добила допис од ДКСК дека треба да ја врати и добро постапила. Меѓутоа ќе видиме дали има други неправилности во работењето. Ако има, веднаш ќе постапиме и повторно ќе го смениме без никаков проблем. Начелно мислам дека заменик министерката за здравство добро постапила, рече Таравари.

Според него, за Онкологија се работи на изнаоѓање среднорочно и долгорочно решение.

- Зборувам за дигитализација, можеби и за кодирање на сите лекови коишто ќе доаѓаат во Македонија. Меѓутоа дајте ми време да се консултирам и со ИТ инженери и со луѓе коишто се разбираат, ова има во држави каде што добрата дигитализација направила револуција и огромни заштеди во здравството. Ние се повикуваме нонстоп на борба против корупција и криминалот. Ќе инсистирам што поскоро да започнеме во Македонија да дигитализираме. Јавна тајна е дека некои луѓе ги земаат лековите со упат од матичен доктор ги носат во приватните аптеки и ги продаваат. Онкологија е еден пример што го фатиме, онкологија има можеби и во повеќе болници и клиники. Меѓутоа не сакам да имам предрасуди, сакам да поставиме стандарди за да спречуваме секаква злоупотреба. Ако еднаш пациентот се снимал со магнетна не смее по втор пат за шест месеци повторно да се направи, освен во одредени случаи кај што е неопходно, рече Таравари.

При невремето во неделата, дел од подрумските простории на тетовската болницата во Ургентниот центар биле поплавени, но немало оштетувања на поскапите апарати.

Телото на американски аташе пронајдено во хотел „Хилтон“ во Киев

Во хотелот „Хилтон“ во Киев вчера околу 11 часот е пронајдено телото на аташето во американската Амбасада, јави украинскиот портал Страна.уа, повикувајќи се на извори од правосудните органи.

-Вчера околу 11 часот во хотелска соба е пронајдено телото на аташето на Амбасадата на САД. На телото не се пронајдени траги на насилство, изјавил неименуваниот извор.

Името на аташето не се споменува, а киевскиот портал наведува дека дипломатот пристигнал во Украина на 15 јуни.

Според медицинските досиеја објавени од Амбасадата на САД, мажот имал високо ниво на холестерол во крвта./МИА

Покрената постапка против 22-годишник кој уценул 20-годишна скопјанка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“. 

Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно и се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа.

Таа му платила 150 евра, но тој продолжил секојдневно да ја уценува, по што го пријавила случајот. На договорено примопредавање на дел од парите осомничениот бил затекнат и лишен од слобода.

Одредени му се мерки на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено во судот, привремено му е одземена патната исправа и има забрана за издавање нова, забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената, како и забрана за користење на социјалните мрежи преку кои го сторил делото.

притисни ентер