ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија
2ОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија
3УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
Дервишова: Mатичните доктори даваат поддршка за контролите во боледувањето, но бараат регионални болници
1Дервишова: Mатичните доктори даваат поддршка за контролите во боледувањето, но бараат регионални болници
СветШефот на лондонската полиција вели дека градот станува побезбеден и покрај тврдењата за спротивното од Трамп и други политичариВрховниот британски полициски службеник денеска изјави дека бројот на убиства во Лондон паднал на најниско ниво за повеќе од една деценија, покажувајќи дека градот станува побезбеден и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.Врховниот британски полициски службеник денеска изјави дека бројот на убиства во Лондон паднал на најниско ниво за повеќе од една деценија, покажувајќи дека градот станува побезбеден и покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп и други за бран на криминал во главниот град. Комесарот на лондонската метрополитенска полиција, Марк Роули, изјави дека бројот на убиства во Лондон по глава на жител паднал на рекордно ниско ниво и дека градот е побезбеден од Лос Анџелес, Њујорк и многу европски престолнини. Тој додаде дека насилниот криминал во Лондон се намалува, според полициските и здравствените картони. „И покрај тврдењата што циркулираат на интернет, вклучувајќи видеа генерирани од вештачка интелигенција од измислени сцени на насилство и некои коментари со пригоден наратив, фактите раскажуваат многу поинаква приказна“, кажа тој. Трамп изјави во ноември дека има области во Лондон каде што полицијата немала пристап и го обвини градоначалникот на главниот град, Садик Кан, дека „дозволува да се случи криминал“. Бројките од полицијата покажуваат дека минатата година во Лондон се случиле 97 убиства, пад од 11 отсто во однос на истиот период минатата година, а насилните инциденти што резултирале со телесни повреди се намалиле за една петтина од 2014 година. „Доказите во Лондон се јасни, ние ја добиваме битката против насилниот криминал“, изјави Кан денеска за весникот „Гардијан“. Бројките вклучуваат злосторства што вклучуваат сила, но перцепцијата на многу Британци за криминалот е спротивна, со оглед на порастот на злосторства како што се кражбите во продавници, кои достигнаа рекордни нивоа минатата година. Тагови: Лондон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаНародна банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%, бележи повисока побарувачка на девизи Народната банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 4,25% со оценка дека тоа ќе придонесе за стабилност на денарот во однос на еврото, стабилизирање на инфлацијата и зацврстување на инфлациските очекувања.Од централната банка посочуваат дека движењата на девизниот пазар се стабилни, при што во периодот јули ̶ август, народната банка интервенира со откуп на девизи. „Сепак, и натаму има повисока побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, делумно како резултат и на повисоките цени на енергенсите“, велат од НБ. Годишната стапка на инфлација се задржува на умерено ниво од 2,6%, но во август беа видливи ефектите од растот на светските цени на енергенсите врз домашната инфлација, соопшти нбрм и оцени дека сѐ уште е рано за да се потврди одржливоста на трендот на забавување на инфлацијата, особено имајќи го предвид високиот степен на неизвесност во надворешното окружување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОН во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата СтратегијаОрганизацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија.Организацијата на Обединетите нации во Скопје ќе го поддржи Министерството за односи меѓу заедниците во спроведувањето на неговата Стратегија, со фокус на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузијата и креирањето јавни политики засновани на конкретни податоци и докази. Ова беше во фокусот на состанокот за соработка и размена на идеи, кој се одржа во канцелариите на ОН во Скопје, на кој учествуваа претставничките Лаура Фиорото и Ардита Зекири, како и Шпенд Мурати, шеф на Кабинетот на министерот за односи меѓу заедниците, Агoн Ферати, заедно со претставниците на Министерството, Суеда Бајрами и Џелал Чајани. За време на состанокот беа разгледани можностите за поддршка на Министерството во спроведувањето на неговата Стратегија, преку користење на истражувањата, податоците и анализите како основа за креирање и спроведување на поефективни политики. Во таа насока, акцентот беше ставен на зајакнувањето на социјалната кохезија и создавањето посилни, по инклузивни и поотпорни заедници. Една од главните теми на разговорот беше SCORE Social Cohesion Survey, кој обезбедува значајни податоци и сознанија за факторите кои влијаат врз социјалната кохезија, односите меѓу заедниците и предизвиците со кои се соочува општеството. На состанокот беше истакнато дека податоците и резултатите од истражувањата треба да служат како основа за конкретни активности и јавни политики. Таквиот пристап овозможува спроведувањето на Стратегијата на Министерството да биде повеќе насочено кон реалните потреби на граѓаните, да се темели на докази и да обезбедува мерливи резултати.Тагови: ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеДервишова: Mатичните доктори даваат поддршка за контролите во боледувањето, но бараат регионални болници Здружението на приватни матични лекари ги поддржуваат предлозите на ФЗОМ за измени на правилата за боледување, но и поголема контрола на тие што земаат лажни боледувања. Лилија Чолакова Дервишова претседател на здружението објаснува дека и матичните лекари во фондот кажале дека се соочуваат со големи притисоци за давање на боледување. „Има често бараат боледување за патување да се видат постарите со децата од странство. Не им даваме и одма не отпишуваат од кај тој матичен доктор. И фондот треба да провеи зошто некои пациенти често менуваат матични доктори. Ние даваме поддршка и секако има луѓе кои се болни им треба боледување и испитување на здравјето. Но треба и работодавачите да им ги исполнуваат правата на работнците со денови од одмор, со цел да не прават злоупотреби“, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова- Здружение на приватни матични лекари. Таа објаснува дека ги разбира пациентите кои бараат боледување до седум дена за да закажат прегледи и да отидат на преглед пред се за здравственити осигуреници од вантрешноста. Каде многу често мора да заминат до болниците во Скпоје бидејќи во останатите градови или има доктори има апарати, или има апарати нема доктори. Потребно е и повеќе термини во МОЈ ТЕРМИН за прегледи. „Мора да има регионални центри. Не може за некои испитувања само во Скопје да се оди. Луѓето навистина не може да отидат на преглед. И мора доктори специјалсти да има во регонални центри“, потенцира д-р Лилија Чолакова Дервишова -Здружение на приватни матични лекари. Во 2025 година вкупниот број на издадени права за боледување изнесува 33.184, што претставува зголемување во однос на минатата година. Вчера директорот на Фондот посочи дека ќе се зголемат контролите кај оние што се на долги боледување и барањата се најчесто од работадавачите. Само за август исплатени се 623 милиони денари, од кои 414 милиони се за трудничко боледување, посочи првиот човек на фонодот Златко Перински. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook