СветШефот на израелската дипломатија оптимист за договор за прекин на огнот во Газа-Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава.Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска изјави дека е оптимист во врска со постигнувањето договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, велејќи дека доколку се постигне привремено примирје, Израел ќе преговара и за трајно примирје. -Израел е решен да постигне договор за заложниците и за прекин на огнот. Верувам дека е можно, изјави Сар во Братислава. Шефот на израелската дипломатија додаде дека, доколку се постигне привремено примирје, неговата земја ќе преговара и за трајно примирје. Војната во Појасот Газа започна во октомври 2023 година.Тагови: Појасот Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЕмотивно збогување на петооделенците од ОУ Кирил Пејчиновиќ со нивната одделенска наставничкаУчениците заедно со родителите и приредија изненадување на наставничката Даниела, од кое се расплакаа дури и не толку емотивните. ⭐ Благодарност до Даниела Јовановска – 5 В ⭐ По пет незаборавни години исполнети со учење, смеа, дружба и безброј спомени, дојде моментот на разделба. Од срце ѝ благодариме на нашата драга наставничка Даниела Јовановска за целата љубов, трпение, поддршка и посветеност во овие 5 години. ❤️ Таа не беше само наставничка, туку и наш водич, мотиватор и дел од нашето мало училишно семејство. Сите спомени што ги создадовме заедно ќе останат засекогаш во нашите срца 🤍 5 В – засекогаш ќе ве памети ❤️ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрон експлодираше во цивилно пристаниште во Романија, во тек итна евакуацијаСилна експлозија одекна во романското цивилно пристаниште Констанца во петок наутро кога беше активиран морнарички дрон. Според првичните информации, во експлозијата немало жртви, а властите наредиле итна евакуација на пристаништето непосредно пред инцидентот. ❗️ A powerful explosion occurred in the area of the Romanian port of Constanța, according to local media. The surrounding area has been cordoned off and people have been evacuated. Reports suggest that a sea drone may have exploded. pic.twitter.com/peTwmL1ycp — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) June 5, 2026 Романското министерство за одбрана потврди дека станува збор за вид морнарички дрон кој активно се користи во војната во Украина, нагласувајќи дека романската армија не поседува такво оружје. „Морнаричкиот дрон, кој беше откриен во петок наутро, 5 јуни, во цивилното пристаниште Констанца во близина на седиштето на романската агенција за спасување човечки животи на море, се самоуништи околу 10:30 часот. Во експлозијата немаше жртви“, се вели во соопштението на романското министерство за одбрана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизВидео-фото: Дали Џенифер Лопез ставила силикони??Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез предизвика хасо на социјалните мрежи со своето бујно деколте. Сега, сите се прашуваат дали вградила силикони.Мегапопуларната пејачка и глумица веќе некое време е главна тема на социјалните мрежи, особено поради врската со нејзиниот нов колега, а сега и поради изгледот на нејзините гради. Деновиве, Џеј Ло е во центарот на вниманието на јавноста поради филмот „Канцелариска романса“, во кој таа ја игра главната улога. Брет Голдштајн исто така глуми со неа во филмот, а тие го промовираат заедничкиот проект појавувајќи се на премиери низ САД. Така во вторник тие присуствуваа на премиерата на филмот во Њујорк, а малкумина забележаа нешто друго освен модната комбинација на Џенифер. Лопез блесна на црвениот тепих во еден од најсмелите фустани во нејзината кариера, а сите очи беа насочени кон нејзиното деколте, кое изгледа двојно поголемо. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Деколтето предизвика и шпекулации и коментари за пластична хирургија. „Дали се нови? Или не ги забележав претходно?“, „Градите нејзини изгледаат сè друго освен природно“, „Изгледаат многу поголеми“, „Од каде се? Но, изгледа одлично“, напишаа некои.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook