3Полицијата во Лондон го тестира системот за препознавање лица- ќе ги фотографираат луѓето без нивна дозвола
ТехнологијаШефот на Гугл: Вештачката интелигенција може да биде многу штетна, со ноќи не спијам Извршниот директор на Google, Сундар Пичаи, предупреди дека погрешната имплементација на технологијата за вештачка интелигенција (AI) може да „предизвика многу штета“ на „општествено ниво“.„Може да биде многу штетно ако е погрешно поставена, а ние сè уште ги немаме сите одговори на тоа - а технологијата се движи брзо... Дали ме држи буден ноќе? Апсолутно“, рече извршниот директор на технолошкиот гигант. Во интервју за 60 минути на CBS, Пичаи изрази загриженост дека општеството ќе треба да се прилагоди на технологијата за вештачка интелигенција. Тој предвидува дека вештачката интелигенција ќе „влијае на секој производ во секоја компанија“, додавајќи дека „работниците со знаење“ како што се оние кои работат како писатели, сметководители и софтверски инженери веројатно ќе бидат повеќе погодени. „На пример, можеш да бидеш радиолог, ако мислиш за пет до десет години од сега, ќе имаш асистент со вештачка интелигенција со тебе. Ова се најсериозните случаи што треба прво да ги погледнете“, убеден е тој. Шефот на технолошкиот гигант ја истакна леснотијата со која може да се генерираат лажни медиумски извештаи со помош на вештачка интелигенција. Тој смета дека ваквите пораки, кои лесно се создаваат со помош на вештачка интелигенција, „може да предизвикаат голема штета“. Сепак, тој сугерира дека наместо да се напушти вештачката интелигенција, нејзината употреба би можела да биде регулирана со повеќе закони кои се „во согласност со човечките вредности, вклучувајќи го и моралот“, пишува Independent. „Затоа мислам дека развојот не треба да вклучува само инженери, туку и општествени научници, етичари, филозофи и така натаму“, сугерира Пичаи. Google неодамна објави документ од 20 страници во кој се наведени „препораки за регулирање на вештачката интелигенција“. Гигантот од Силиконската долина, исто така, го лансираше својот нов чет-бот за вештачка интелигенција Bard во февруари како алтернатива на веќе добро познатиот систем за вештачка интелигенција ChatGPT. Google на својата веб-страница објави дека Bard е „експериментална услуга за разговорна вештачка интелигенција“ која може да се користи за поедноставување на сложени теми како „објаснување на новите наоди на вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА на деветгодишно дете“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ФудбалКомо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!Фудбалерот на Комо, Моиз Кен, ќе отсуствува од терените најмалку два месеца поради повреда, потврди тренерот на најпријатното изненадување во европскиот фудбал , Сеск Фабрегас.26-годишниот италијански репрезентативец ја повредил десната нога за време на натпреварот против Белгија во Лигата на нации, но најновиот проблем се појавил на левата нога, објасни Фабрегас. Од Комо претходно соопштија дека по враќањето од репрезентативните обврски, Кен морал да побара медицинска помош поради повреда заработена на тренинг. Поради оваа принудна пауза, напаѓачот би можел да ги пропушти и важните натпревари во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Барселона, кои се на програмата во јануари. Италијанскиот клуб моментално се наоѓа на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите, во која учествуваат 36 екипи, а во вторник ќе биде домаќин на АЕК. До крајот на лигашката фаза, тимот го очекуваат уште дуели со Реал Бетис, како и два големи предизвици против ПСЖ и Барселона. Кен пристигна во Комо на почетокот на сезоната од Фиорентина, како позајмен играч на една година, а неговото отсуство претставува голем проблем за Фабрегас, кој до јануарскиот преоден рок на располагање го има само Тасос Дувикас како класичен напаѓач. Комо моментално е на петтото место во Серија А, а во сабота на домашен терен ќе го пречека Каљари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Силен земјотрес во Перу, граѓаните истрчаа на улицитеЗемјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, соопшти денеска Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).Според податоците на Перуанскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се почувствува и во главниот град Лима, бил во андскиот регион Хунин, на длабочина од 129 километри, пренесе Ројтерс. 🚨 🇵🇪 EARTHQUAKE TRIGGERS LANDSLIDE ALONG LIMA’S COSTA VERDE! Footage shows rocks and earth crashing down from the coastal cliffs onto the road following the powerful magnitude 6.7 earthquake that struck central Peru. A huge dust cloud rose as drivers were forced to avoid the affected lane. — WorldScope24 (@WorldScope_24) November 21, 2026 Голем број жители на Лима излегоа на улиците по земјотресот, додека телевизиските снимки прикажаа пратеници како ја напуштаат зградата на Конгресот. Powerful 6.7-Magnitude Earthquake Shakes Peru’s Capital Lima A powerful earthquake measuring 6.7 on the Richter scale struck Peru’s capital, Lima, prompting panicked residents to rush out of their homes and buildings into the streets as strong tremors shook the city. https://t.co/2VtXZa4Pcl — Kurdistan 24 English (@K24English) November 21, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
СветЗеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето местоПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи Кримскиот мост за префрлање голема количина воена опрема на тој полуостров и додаде дека мостот „нема да остане на своето место“.Во интервју за „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News), одговарајќи на констатацијата дека Путин го изградил мостот како доказ оти Крим засекогаш ќе остане дел од Русија, Зеленски изјави дека „не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер“. „Не е важно што вели Путин за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја. Таа е привремено окупирана. Тоа покажува целосно непочитување кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Токму вака тој почна да се однесува по 2014 година“, рече Зеленски. Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти, додавајќи дека Москва мора да разбере оти Кримскиот мост нема да опстане. Зеленски изрази надеж дека ќе се најде дипломатски начин за ставање крај на војната, но порача дека Украина ќе ја оствари таа цел „дипломатски или воено“. Тој повтори дека Киев никогаш нема да ги прифати окупираните украински територии како дел од Русија, ниту пак ќе се согласи на натамошна милитаризација на својата земја. Кримскиот мост повторно беше нападнат во текот на ноќта на 19 ноември, по што железничкиот сообраќај преку него беше прекинат.Тагови: Володимир Зеленски Крим Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМФ: Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки10:15МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08