Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска во посета на Скопје, прес-конференција не е предвидена - Канал 5

Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска во посета на Скопје, прес-конференција не е предвидена

Шефот на германската дипломатија - Јохан Вадефул,доцна попладнево ќе пристигне во  Македонија - последната станица од неговата Балканска турнеја. 

Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска во посета на Скопје, прес-конференција не е предвидена

Тој ќе оддржи билатерална средба зад затворени врати со неговиот македонски колега – Тимчо Муцунски како и со премиерот Христијан Мицкоски. Изјави или прес-конфернција не се предвидени, а пред почетокот на турнејата, Вадефул порача дека Германија го поддржува проширувањето на Унијата со Балканските земји но не на сметка на недовршени домашни реформи.

„Овој пат бара внатрешните реформи да се имплементираат и да се приближуваат кон Европските стандарди, да се борат со корупцијата, да се економски компетитивни во Европа. Кога овие напори ќе се направат, тогаш сите овие земји можат да сметаат на тоа дека Германија го поддржува пристапниот процес. Гледаме огромен напредок кај нашите НАТО сојузници – Црна Гора и Албанија, но и сите останати во принцип имаат шанса да бидат дел од ЕУ.“

Според поранешниот македонски амбасадор во Берлин, Ѓорѓи Филипов, Вадефул би можел да укаже на македонските владини претставници дека иако надворешната и безбедносна политика ни е целосно усогласена со таа на ЕУ, сепак имаме политички лидери во земјава кои се уште се двоумат помеѓу Истокот и Западот. Тоа штогерманскиотминистер нема да се обрати конмакедонската јавносте знак дека на средбата ќе се укаже на работи кои не се директно за јавноста, оценува Филипов.

„Освен тоа што ќе не охрабри и ќе ни каже дека се уште имаме шанси, претпоставувам дека ќе даде и доза на поголема сериозност во тоа како пристапуваме на реформите и обврските што треба да ги исполниме. Верувам дека Германија ќе се заложи посебно, на некој начин, да биде посредник и гарант за тоа што ќе и се вети на Македонија доколку ги исполни реформските барања, да влезе во претпоставена рамка од 3-5 години или повеќе за влез во ЕУ. Ќе се укаже на сериозноста на обврските кои треба да ги исполниме. Веројатно ќе стане збор и на тема Уставни измени.“

Балканската турнеја Вадефулја започна завчера во Босна и Херцеговина, а оттаму се упати кон земјите фаворитки за ЕУ – Црна Гора и Албанија. Во Србија пак, освен официјалните средби, особено внимание тој посвети и на граѓанското општество кое протестира веќе една година, додека во земјава доаѓа од Косово, каде што фокусот беа и трупите на КФОР. Вадефул е оценуван како голем познавач на Балканот, а Македонија ја посетуваше уште како пратеник во Бундестагот,одговорен за прашања од областа на надворешните работи и одбраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер