ЕвропаШефот на ЕПП обвини дека Алтернатива за Германија затскриено работи по неонацистички диктатЛидерот на Европска народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, ја обвини Алтернатива за Германија (АфД) за зголемена радикализација и повика на построг пристап кон крајнодесничарската партија.„Денес мора со апсолутна јасност и решителност да констатираме дека зад сегашната фасада на АфД, тонот го диктираат неонацистите околу Бјорн Хеке“, ја пренесуваат изјавата на Вебер баварските весници. Хеке, лидерот на партијата АфД во источната сојузна покраина Тирингија, двапати е осуден за користење забранети нацистички слогани во политички говори. Во Тирингија партијата АфД е класифицирана како потврдена десноекстремистичка организација и нејзините активности се ставени под надзор на Државната служба за внатрешно разузнавање. „Овие луѓе ги мразат принципите на нашата либерална демократија и застапуваат груб национализам што веќе донесе многу страдања во Европа“, изјави Манфред Вебер. Тој повторно ги отфрли обвинувањата за соработка со Алтернатива за Германија во Европскиот парламент. „АфД е против сè за што јас политички се залагам“, вели тој. Неодамна беше обелоденето дека конзервативците на германскиот канцелар Фридрих Мерц во Европскиот парламент соработувале поблиску со Алтернатива за Германија (АфД) и со други десничарски партии отколку што беше претходно познато. Главните политички партии во Германија вообичаено се дистанцираат од крајнодесничарски групи, па откривањето дека Европската народна партија соработувала со АфД и други десноекстремни партии ја шокираше јавноста. Истражување покажа дека Европска народна партија неодамна соработувала со крајната десница во група за разговори и на средба лице-в-лице на пратеници околу нацрт-закон за миграција. ЕПП е моментално најголемата група во Европскиот парламент. Вебер инсистира на тоа дека АфД немала влијание врз ставовите на ЕПП, ниту со обезбедувањето мнозинство во Европскиот парламент. „АфД нема влијание ниту врз нашата позиција ниту пак во обезбедувањето мнозинство во Европскиот Парламент. Така беше и ќе остане така и во иднина“, рече тој. Канцеларот Фридрих Мерц остро ја критикуваше соработката меѓу ЕПП и десничарските групи вклучувајќи ја АфД во Европскиот Парламент. Тагови: Германија ЕПП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
БалканСе преврте автобус кај Истанбул, полн со патници- десетици повредени (ВИДЕО)На пат од Кирикале до Самсун, патниците во автобус доживеале драматичен момент кога возилото се превртело, при што биле повредени 40 лица. Возачот ја изгубил контролата врз воланот, што довело до несреќата, објавија турските медиуми. Инцидентот се случил во близина на населбата Кимески кај Истанбул, а во автобусот имало 42 патници, меѓу кои и тројца вработени во транспортната компанија, објави Хуриет. ⚡️At least 30 people were injured in a bus accident in Istanbul, including children The driver lost control on a slippery road, collided with a car, and then hit a road sign pole, according to TRT Haber. pic.twitter.com/p3J56Yj1w5 — NEXTA (@nexta_tv) July 25, 2026 Екипи на брза помош, полиција, жандармерија и противпожарна служба, како и специјални служби, веднаш пристигнале на местото на несреќата. Повредените биле брзо евакуирани од автобусот, им била укажана прва помош и биле однесени во болниците во Кирикале. За среќа, според првичните информации, никој не е во животна опасност. Полицијата и жандармеријата започнале истрага за да се разјасни причината за несреќата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00
БалканПожар на Крф- пожарникарите се борат со огнената стихија, активирани се и авиони (ВИДЕО)Пожар избувна во областа Јанадес, во централниот дел на Крф. Голема противпожарна бригада веднаш беше испратена на местото на настанот за да го изгасне пожарот, објави Прототема. Во исто време, се очекува противпожарните авиони PZL со седиште на Крф да полетаат за да помогнат во гаснењето на пожарот. Пожарникарите се во состојба на зголемена готовност, додека во моментов не се познати дополнителни детали за обемот на пожарот или дали населените области се во опасност.Тагови: Крф пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: ВМРО го труе и Скопје-СДСМ бара одговорност за загадувањето на ЛепенецЗагадувањето на реката Лепенец значи дека отровот веќе стигна и во Скопје.Белата боја и обемот на пената што вчера се појави на сливот на реката Лепенец во реката Вардар, најчесто се знак на синтетичко загадување. Ова е сериозен аларам власта нема капацитет за заштитата на животната средина и безбедноста на водните ресурси. Наместо конкретни мерки и одговорност градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, си игра со дронови, од воздух ќе го решавал проблемот. Човекот кој една обична слика за билборд не може да направи без грешка, На граѓаните на Скопје не им требаат спектакли, туку институции што ги штитат. И најважно, чиста и безбедна вода. Скопје има проблеми со депонии, со смет, со загаден воздух а сега и проблем со загадување на Лепенец и Вардар. СДСМ бара институциите веднаш да ја утврдат одговорноста за загадувањето и итна реакција за санација на проблемот. Секој што си игра со здравјето на луѓето мора да сноси одговорност. СДСМ нема да дозволи оваа власт да ја отруе цела Македонија. Време е за правда и вистина, рече Кети Штерјова од СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗабранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00Царинска управа: Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари09:19
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи15:00