Шефот на ЦИА, Барнс во косовската влада за средба со премиерот Курти - Канал 5

Шефот на ЦИА, Барнс во косовската влада за средба со премиерот Курти

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, кој допатува вчера во Приштина, претпладнево е забележан на влезот од зградата на косовската влада, каде што се претпоставува дека ќе се сретне со премиерот Курти.

Шефот на ЦИА, Барнс во косовската влада за средба со премиерот Курти

Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, кој допатува вчера во Приштина, претпладнево е забележан на влезот од зградата на косовската влада, каде што се претпоставува дека ќе се сретне со премиерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Телевизијата Т7 објави снимка од Барнс, придружуван од американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, како влегува во владата.

Средбата со Курти не е потврдена официјално. Портпаролот на Владата, Перпарим Криезиу не одговорил на прашањата на новинарите дали ќе има средба со косовскиот премиер, кој синоќа се вратил од Чикаго, каде што присуствуваше на конвенцијата на американската Демократска партија.

Барнс вчера во Приштина се сретна со претседателката на Косово, Вјоса Османи, а подоцна ја посети и косовскат Агенција за разузнавање (АКИ) и се сретна со нејзиниот директор, Петрит Ајети.

Посетата на шефот на американската разузнавачка агенција на Косово доаѓа откако тој престојуваше во Босна и Херцеговина и Србија.

Во БиХ, на 20 август, Барнс се сретна со неговите колеги од разузнавачкиот сектор, со членовите на Претседателството на оваа земја и со министерот за надворешни работи на БиХ.

Како што изјави за Радио Слободна Европа претставник на американската влада, кој сакаше да остане анонимен, причината за посетата на шефот на ЦИА на Сараево, меѓу другото, била и поради вознемирувачката сепаратистичка реторика и постапките на прорускиот претседател на ентитетот Република Српска, Милорад Додик и Владата на овој ентитет.

На 21 август тој замина во Белград, но оваа посета не беше ниту потврдена ниту демантирана од официјални лица во Србија и САД.

Посетата на Барнс на регионот доаѓа во време кога американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер, изјави дека неговата земја е предизвикана во повеќе аспекти од Владата на Косово, предводена од Албин Курти.

САД и другите земји од меѓународната заедница ги критикуваа некои одлуки и дејствија преземени неодамна од Владата на Курти, кои се сметаат за „еднострани“ и „некоординирани“.

Стејт департментот на САД побара од Владата на Курти да се врати на „конструктивен и близок ангажман“ со Вашингтон, Европската унија и НАТО, додека Вашингтон исто така бара косовските институции да не го отвораат мостот на реката Ибар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФБИ му честиташе на МВР за заедничката акција во Голема Речица

ФБИ ѝ честита на Единицата за сајбер-криминал при Бирото за јавна безбедност на Македонија, во рамките на Министерството за внатрешни работи, за успешното апсење на администраторот на криминалниот онлајн-пазар OLVX.

ФБИ му честиташе на МВР за заедничката акција во Голема Речица

Активен во периодот од 2023 до 2025 година, OLVX, според наводите, незаконски продавал лични податоци со кои може да се идентификуваат жртвите („PII“ – Personally Identifiable Information), како и податоци за најава на кориснички сметки, преку повеќе од 1.500 профили на продавачи.

Постоењето на овој онлајн-пазар директно ја загрозувало дигиталната безбедност на илјадници американски граѓани, кои се потпираат на безбедноста и интегритетот на корисничките сметки што ги користат.

Оваа акција претставува прва сајбер-операција воопшто координирана меѓу ФБИ и Македонија и ја одразува посветеноста на ФБИ да работи со партнери ширум светот за заштита на американскиот народ во сајбер-просторот, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата.

Руте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)

За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за трошењето пет проценти од својот бруто домашен производ за одбрана и поддршка на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО, објави естонскиот јавен сервис.

Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците.

Естонскиот премиер Кристијан Михал изјави дека членството на Украина во НАТО ќе биде најсилната безбедносна гаранција за Естонија на долг рок.

Тој најави дека неговата земја ќе издвои 0,28 проценти од БДП за воена помош на Украина оваа година, во споредба со 0,35 проценти минатата година.

Пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, поради противењето на некои членки, вклучувајќи ги и САД.

Во меѓувреме, иницијативата PURL има за цел да ѝ обезбеди на Украина американско оружје, вклучително и системи за воздушна одбрана.

Исто така, беше забележано дека европските земји се стремат да ја зајакнат сопствената одбранбена индустрија, додека безбедносните прашања во Балтичкото Море и Ормутскиот Проток дополнително ја истакнуваат важноста на заштитата на морските патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе

На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева .

Митева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе

На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и истакна дека суштината на дејствувањето на Унијата на жени е во препознавањето на проблемите, нивното јавно отворање и заедничкото делување за изнаоѓање вистински решенија, нагласувајќи дека секој навреме направен преглед, рано откриена промена, побрзо поставена дијагноза и навремено започната терапија претставуваат победа во грижата за здравјето на жените.

„Сплотени дејствуваме – за една победа повеќе е пораката под која сме собрани вечерва, но би сакала уште на самиот почетокот да кажам дека овие зборови за нас ја изразуваат суштината на она што сакаме да го постигнеме како Унија на жени, организација која умее да препознае проблем, да го отвори јавно, да ги собере луѓето кои можат да помогнат и според нас она што е најважно, да придонесе проблемот да добие вистинско решение. Кога зборуваме на оваа тема, зборот победа има една многу важна тежина. Победа е прегледот што не бил одложен. Победа е промената којашто сме ја откриле навреме. Победа е дијагнозата којашто е поставена побрзо, терапијата којашто е започната без непотребно губење на време, лекарот до кого пациентката можела да стигне тогаш кога ѝ бил најпотребен“, рече Митева.

Митева истакна дека политичката одговорност подразбира не само препознавање, туку и решавање на проблемите, нагласувајќи дека иницијативата во Штип е пример за институционална соработка и конкретни резултати во интерес на граѓаните.

„Во тоа сите ќе ја препознаат и пошироката политичка определба на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас, политичката одговорност не завршува со детектирањето на проблемот, туку започнува токму таму. Да кажеме што не функционира за нас е најлесниот дел, многу потешко, но и многу поважно, е да преземеме одговорност да го подобриме. Затоа за мене оваа иницијатива во Штип е јасен пример за политичката култура што сакаме да ја градиме, култура на работа, на институционална соработка и на решенија што имаат мерлив ефект врз секојдневието на луѓето. Позицијата нема смисла сама по себе ако зад неа не остане чесност, посветеност и резултат. И токму затоа нашата одговорност како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ е голема, капацитетот на партијата, на нејзините луѓе но и на нејзините структури да се стави во целосна функција не само за една политичката дебата, туку и за подобрување на реалните состојби во државата“, посочи Митева.

На крај Митева истакна дека посветеноста на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за подигнување на свеста и поддршка на пациентките ќе продолжи и по октомври, нагласувајќи дека грижата за здравјето нема временско ограничување и бара континуирана ангажираност и конкретни решенија.

„Нашата одговорност не смее и нема да заврши на 31 октомври. Оваа болест нема календар, пациентките немаат месец за кампања, а грижата не смее да биде сезонска. Затоа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива оваа тема и по октомври, со истата амбиција како што започнавме, да слушаме, да поврзуваме, да помагаме и таму каде што можеме да оставиме решение зад себе. Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, децидна е Митева, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер