СветШефот на британското МИ5 предупредува: Оживеаните ИД и Ал Каеда повторно се закана за ЕвропаОживеаната Исламска држава и Ал Каеда повторно се закана за Обединетото Кралство и Европа, предупреди шефот на британската разузнавачка служба МИ5 во ретко јавно обраќање.Кен МекКалум одржа говор во Лондон во кој ја претстави променетата слика за тероризмот, кој е се повеќе зависен од младите и интернетот, објави Си-Ен-Ен. Resurgent’ ISIS and al Qaeda targeting Europe once again, Britain’s MI5 chief warns : https://t.co/8xtf30OU2u — RomeshNadir 🇮🇳 (@RomeshNadir) October 8, 2024 „Повеќе од една третина од неодамнешните приоритети на МИ5 вклучуваат врски со странски терористички групи“, рече директорот на агенцијата, Кен Мекалум, истакнувајќи дека Исламската држава особено ги обновува „напорите за извоз на тероризам“. „Повеќе од една осмина од луѓето што агенцијата ги истражува за учество во тероризам се малолетни“, истакнува британскиот разузнавач, што претставува трикратно зголемување од 2021 година. Говорот на директорот на МИ5 доаѓа во време на серија предупредувања од Западот за зголемениот ризик од саботажа спонзорирана од државата од земји како Русија и Иран, како и додека војните во Украина и на Блискиот Исток ја разнишуваат глобалната безбедност. Севкупно, неговата агенција спречила 43 терористички напади кои биле во завршна фаза на планирање од 2017 година. Околу три четвртини од работата на МИ5 се занимава со исламистички екстремизам, додека една четвртина се однесува на екстремно десничарски групи, рече МекКалум. „Многу сме свесни за ризикот дека настаните на Блискиот Исток би можеле директно да предизвикаат терористички акции во Британија. ИСИС повторно е на врвот на целната листа на агенцијата. Пет години по падот на самопрогласениот калифат на ИСИС во Ирак и Сирија, групата се трансформирала во терористичка мрежа со ќелии распространети низ целиот свет, вклучително и Африка, Блискиот Исток, Централна Азија и Југоисточна Азија. „По неколку години добро потиснување, тие ги рестартираа своите напори за извоз на тероризам. А Ал Каеда се обидува да ги искористи конфликтите на Блискиот Исток, повикувајќи на насилни акции. МекКалум, исто така, рече дека руската разузнавачка агенција ГРУ ја продолжува својата „постојана мисија да предизвикува хаос на британските и европските улици“, спроведувајќи операции кои вклучуваат „палење, саботажа и многу повеќе“. Откри дека МИ5 и британската полиција одговориле на 20 терористички заговори поддржани од Иран во Велика Британија од почетокот на 2022 година. „МИ5 има неверојатна работа пред себе. Првите 20 години од мојата кариера овде беа исполнети со терористички закани. Сега се занимаваме со тоа заедно со плановите за државни атентат и саботажа, во контекст на големата европска копнена војна“. заклучил тој. Говорот на шефот на домашната разузнавачка служба на Британија е редок и обично се користи како можност да се информира британската јавност за природата на терористичката закана со која се соочува земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВидео: Неверојатна тепачка во НХЛНатпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута. Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ. ONE OF THE BEST HOCKEY FIGHTS YOU WILL EVER SEE!!! 🤯 MUST SEE TELEVISION 🍿 https://t.co/jXd0MSMtpt — Kalshi Sports (@KalshiSports) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter