Шефица на ирска опозициска партија се породи на денот на изборите (ФОТО) - Канал 5

Шефица на ирска опозициска партија се породи на денот на изборите (ФОТО)

Лидерката на ирската опозициска Социјалдемократска партија роди девојче во петокот, на денот на парламентарните избори, соопшти партијата.

Шефица на ирска опозициска партија се породи на денот на изборите (ФОТО)

Холи Кернс (35), која се натпреварува во изборната единица Корк, објави фотографија на Инстаграм од нејзината ќерка со натпис: „Таа е тука!“

Според анкетите, социјалдемократите се четврта најсилна партија и на изборите освојуваат шест отсто од гласовите. Кернс остана на функцијата за време на нејзината бременост, но беше заменета со помошникот Сиан О'Калаган на јавните настани, вклучително и телевизиската дебата. „Жените имаат деца. И ние сме тука да ги поддржиме ако сакаме да имаме повеќе жени во политиката“, изјави партиската функционерка Џенифер Витмор за новинарите во средата.

Најверојатниот исход од изборите е враќање на власт на централно-десничарската влада на партиите Фајн Гаел и Фиана Фаил, но трката е сѐ поблиска и Шин Фејн, кој сака да ја обедини Ирска, исто така има шанса за да дојде на власт.

Независните кандидати, велат експертите, може многу да влијаат на исходот од изборите. Изборите се предвремени со оглед дека редовните требаше да се одржат напролет следната година.

Ирските гласачи последен пат излегоа на гласање во февруари 2020 година, кога Fianna Fail освои најмногу места. Партијата формираше коалиција со тогашните владејачки партии Фине Гаел и Партијата на зелените. Фиана Фаил и Фајн Гаел се менуваат на позицијата премиер (ирски: taoiseach) со коалициски договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

Општина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.

Ранче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина Бутел

На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа.

Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите.

Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче.

Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка.

Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал.

Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

На 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско.

Приведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затвор

Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.

Уапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син

Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“.

Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата.

Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер