Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1Германија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во Лајпциг
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
СветШеф на германска разузнавачка служба: Русија планира напад заради тестирање на НАТОШефот на германската надворешна разузнавачка служба (БНД), Бруно Кал, предупреди дека Русија има планови за напад врз територија на НАТО, со цел да го тестира механизмот на заемна одбрана предвиден со членот 5 од Северноатлантската повелба.Во интервју за германскиот поткаст Table Briefings, Кал изјави дека раководството во Москва повеќе не верува дека НАТО навистина ќе ги брани своите членки. Тој нагласи дека германските разузнавачи располагаат со „конкретни докази“ дека Украина не е крајната цел на Русија, пренесува Киев индепендент. - Не им треба да испраќаат тенкови за тоа, забележа Кал. - Тие само треба да испратат „мали зелени луѓе“ во Естонија за да го бранат наводно угнетеното руско малцинство, појаснува германскиот разузнувач. Член 5 се однесува на клучен принцип на Северноатлантскиот договор, кој ги обврзува сите членки да го третираат нападот врз една членка како напад врз сите и да обезбедат помош. Членот е активиран само еднаш, по терористичките напади на 11 септември врз САД во 2001 година. Терминот „мали зелени луѓе“ првпат беше употребен во однос на руските војници без ознаки кои зазедоа клучни стратешки објекти на Крим во 2014 година во почетната фаза од руската окупација на украинскиот полуостров. Кал додаде дека Русија сака да го потисне НАТО назад кон границите од 1990-тите, да ги истисне САД од Европа и да го прошири своето влијание со сите средства. Овие изјави се надоврзуваат на претходните предупредувања на германскиот министер за одбрана Борис Писториус, кој рече дека Германија мора да биде подготвена за војна до крајот на деценијата. Слични проценки пристигнаа и од данската воена разузнавачка служба, која во февруари објави дека Русија би можела да покрене нов напад во рок од шест месеци по евентуален крај на војната во Украина. Според најновиот извештај на германскиот Сојузен уред за заштита на уставниот поредок (BfV), Русија сè почесто се служи со сајбер напади и шпионски активности за дестабилизација на Западот. Постои сомнение дека таканаречени „агенти со низок профил“ испраќале запаливи направи што предизвикале пожари во европски логистички центри. „Сведоци сме на тоа како руската агресија врз Украина ги тестира и нашите кибер-защитни капацитети“, изјави заменик-директорот на BfV, Синан Селим.Тагови: НАТО русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГерманија се соочува со сериозна закана, кажа Мерц откако бил пронајден уште еден вооружен дрон кај аеродромот во ЛајпцигЕксплозивни дронови пронајдени во близина на аеродромот во Лајпциг покажуваат дека Германија е под закана, изјави канцеларот Фридрих Мерц откако беше објавено дека бил откриен уште еден ваков уред.„Нападот со беспилотни летала во Лајпциг, меѓу другото, покажува дека се соочуваме со многу реални закани. германија е под зголемен надзор од хибридни напаѓачи“, рече Мерц. Германските власти за борба против тероризмот отворија истрага на 5 август откако еден вработен на аеродромот во Лајпциг пронајде дрон што носел експлозивна направа, на која детонаторот очигледно откажал. Истражителите пронашле уште еден дрон на 14 август во близина на аеродромот во Лајпциг.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаМицкоски за Јотова: Нема да навлегувам во дискусија со луѓе заглавени во минатиот век„Нема да навлегувам во било каква дневна дискусија со луѓе кои што се заглавени во минатиот век, со своите политики кои што ги водат“.Тоа изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на бугарската претседателка Илијана Јотова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од КиткаВо повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook