ШАСИЈА OPEL GSE: ИЗВОНРЕДНА КОНТРОЛА И УДОБНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕТО - Канал 5

ШАСИЈА OPEL GSE: ИЗВОНРЕДНА КОНТРОЛА И УДОБНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

Со новите електрифицирани модели на Opel GSe, никогаш не било полесно да се комбинира спортското возење со одговорноста за иднината. 

ШАСИЈА OPEL GSE: ИЗВОНРЕДНА КОНТРОЛА И УДОБНОСТ ПРИ ВОЗЕЊЕТО

• Grandland GSe, Astra GSe, Astra Sports Tourer GSe: максимална повратна информација и стабилност

• GSe шасија: KONI FSD технологија за рамнотежа на динамиката и удобноста

• Спортска калибрација на управувачот: попрецизно чувство на управувачот, поголема повратна информација

• Чисто уживање при возење: шасијата и управувањето оптимизирани за сите верзии Grandland

Со новите електрифицирани модели на Opel GSe, никогаш не било полесно да се комбинира спортското возење со одговорноста за иднината. За Opel Astra GSe, Astra Sports Tourer GSe и Grandland GSe, д-р Christian Hartweg и неговиот тим инженери развија уникатно подесување на шасијата и управувањето. Во новото видео, Hartweg објаснува како сегашното семејство GSe е инспирирано од своите спортски предци и го толкува тоа во модерни возила и технологии кои ги поставуваат трендовите кои овозможуваат особено динамично уживање при возење.

Но, инженерите од Rüsselsheim не работеа само на моделите GSe, сите други верзии на Opel Grandland SUV сега исто така имаат придобивки од дополнителните оптимизации на шасијата и управувањето - за карактеристично, директно и стабилно искуство при возење што е типично за Opel.

Прецизна, динамична, а сепак удобна: GSe шасија со FSD технологија

„Нашата цел беше сосема јасна“, изјави Hartweg: „Моделите GSe мора да понудат оптимална рамнотежа помеѓу удобноста при возење и управувањето ориентирано кон перформансите – заедно со одговорноста за иднината“.

Инженерскиот тим ја зеде добро избалансираната шасија на моделите Astra и Grandland и ги подигна на поспортско и подинамично ниво. Најважните предности во овој процес се електрифицираните plug-in хибридни погонски единици и шасијата, кои се целосно прилагодени на повисоките перформанси.

Во случајот на Grandland GSe, тоа значи моќност на системот од 300 КС (потрошувачка на гориво според WLTP: 1,2 l/100 km, емисија на CO2 28-27 g/km; комбинирано) и забрзување од нула до 100 km/h за само 6,1 секунда, заедно со дополнителната самодоверба што ја обезбедува електричниот погон на сите тркала. Во верзиите на моделот Astra GSe, електрифицираниот погон произведува системска моќност од 225 КС (потрошувачка на гориво според WLTP: 1,2-1,1 l/100 km, емисија на CO2 26-25 g/km) и огромен вртежен момент од 360 Nm.

Спортскиот карактер на моделите Opel GSe е очигледен од смелиот и елегантен надворешен дизајн. „Astra GSe веднаш се препознава по специјално дизајнираниот преден дел и по спортскиот став, кој го спуштивме за 10 милиметри“, вели Hartweg. „И тие се многу забавни. Во свиоците, моделите GSe се држат до патот и остануваат стабилни – и тие можат да се возат многу динамично, но и многу удобно“.

Ова е овозможено со специјални пружини и амортизери со технологија KONI FSD (Frequency Selective Damping), кои се користат во шасијата GSe. Во зависност од ситуацијата, условите на површината на патот и стилот на возење, оваа технологија овозможува различни карактеристики на амортизација за удобно лизгање на високи фреквенции - т.е. со кратки удари како на калдрма или капак на шахта - како и за спортски, амбициозен стил на возење со повеќе директен контакт со патот на ниски фреквенции. Врвните модели реагираат уште понепосредно и директно на секоја команда од возачот и, како што е типично за Opel, остануваат стабилни при сопирање, свиоци и при големи брзини на автопатот. „Амортизерите имаат дополнителен вентил и второ хидраулично коло“, објаснува инженерот. „Автомобилот тогаш е поудобен или поспортски за возење, во зависност од тоа дали вентилот е отворен или затворен. GSe е кратенка за „Grand Sport electric“ - спортско однесување при возење со најновата plug-in хибридна технологија. Возењето никогаш не било толку паметно!“

Поспортски, подиректен, похармоничен: Нов сет-ап за сите верзии на Grandland

Понатамошниот развој на шасијата и управувањето не беше ограничено само на моделите GSe. Наместо тоа, сите верзии на Grandland имаат придобивки од оптимизациите со тоа што нивните амортизери и управувањето исто така се повторно подесени. Инженерите, исто така, ја зголемија силата на амортизација во опсегот на мали брзини и ја намалија во опсегот на средна до голема брзина со цел да обезбедат максимална удобност дури и кога се соочувате со нерамнини на патот. Благодарение на измените, Grandland вози балансирано, цврсто и удобно.

Управувачот е повторно калибриран. На овој начин, сите нови модели на Grandland ќе овозможат карактеристично спортско и удобно искуство при возење на Opel со директни, прецизни повратни информации до возачот.

За ЕУРОИМПЕКС

Компанијата Еуроимпекс е основана 1990 година како мала трговска фирма за увоз-извоз. Започнува скромно и по осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија уште од далечната 1992 година, со првиот увоз на Peugeot автомобили.

Соработката со брендот Opel ја започнува кон крајот на 2020та година со што прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот OPEL за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија; Овој успех го круниса 30 годишниот јубилеј на Еуроимпекс кој беше одбележан истата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер