Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
СкијањеШарпланински куп 2015. за деца на Попова Шапка Шарпланински куп 2015. за деца од 6 до 16 години ќе биде одржан претстојниот викенд на Попова Шапка. Најавено е учество на 100-тина скијачи од Македонија и регионот кои ќе се натпреваруваат во две дисциплини - слалом и велеслалом. Условите се поволни и патеките се подготвени.Будимир Апостолоски, од скијачкиот клуб „Љуботен“, денеска на прес-конференција информира дека од годинава се подигнува нивото на оваа манифестација од ревијално на ниво на натпревар, бидејќи од минатата година имаат учесници од странство. Шарпланинскиот куп како ревијално издание за деца се организира од 2009 година. Целта на манифестацијата, како што истакна Жарко Трповски од Ски федерацијата на Македонија е преку организирање детски натпревар да се популаризира скијањето како дисциплина, која исто така го поддржува и зимскиот туризам. Учесниците ќе се натпреваруваат во две дисциплини слалом и велеслалом во женска и машка категорија. Покрај од Македонија, поканети се да учествуваат и клубови од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија и Турција. Натпреварите ќе се одржуваат на патеката Пионерско брдо. Одговорниот за патеките Илчо Василевски истакна дека има добри услови за одржување на купот. Снег има доволно и патеката е добро обработена, вели Василевски и верува дека времето ќе биде извонредно. Купот ќе заврши со прогласување на победниците во недела на 22 март. Главен спонзор на Шарпланинскиот куп 2015 за деца е ТТК Банка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода маж од Боговиње, пукал на семејна веселба, куршум оштетил покрив на куќаПо целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.На 06.08.2026 полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Т.С. (60) од с.Боговиње, тетовско, поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од с.Синичане, тетовско. По добиена судска наредба, извршен е претрес во дом на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е и претрес во дом на Ф.М. (50) во с.Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: Боговиње Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаПретреси во Охрид, пронајдена дрога, лишени од слобода две лицаНа 05.08.2026 во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода Р.С.(50) и С.Б.(46), двајцата од Охрид.При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараатБеа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината.Денеска сме тука во Ново село поради инцидентот кој што се случи синoќa. Инцидент кој што не требаше да се случи, но кога веќе се случи, благодарение на организираната криминална група на Христијан Мицкоски, не смее и не треба да се премолчи. Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење. И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината. Бараме итна истрага, итна реакција на Министерството за внатрешни работи, итна истрага на обвинителството, кои беа тие луѓе? Затоа што беа активисти на ВМРО, затоа што беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Тие луѓе кои што посегнаа по тоа да физички се пресметаат со младите деца кои повторно ќе кажам, ја говореа вистината. Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ниту утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа. Доаѓа време на правда и вистина. И ќе одговараат. Ќе одговараат за сите криминали, а најмногу за тоа што посегнаа по децата поради тоа што единствено нешто што децата правеа ќе повторам по трет пат, ја говореа вистината. Оваа власт нема да не замолчи. Ако ова е порака дека секој кој што мисли различно и кој што ја говори вистината, ќе биде замолчен и со него физички ќе се пресметат, упатувам јасна порака - нема да им успее. Доаѓа време на вистина и правда. Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Ново СелоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook