3АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK за снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните 3 години
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
НБАШарлот ја прекина серијата победи на ЊујоркЕкипата на Шарлот успеа да слави победа на еден од трите ноќешни дуели од НБА лигата со 114:103 против Њујорк и на тој начин да ја прекинат серијата од седум победи. Најдобар поединец на дуелот беше Кон Кнупел со 26 поени и шест постигнати тројки. На тој начин стана најмладиот кошаркар, кој во една сезона стигнал до бројка од 250 тројки, а беше и на чекор до „трипл-дабл“ бидејќи дуелот го заврши со десет скокови и осум асистенции. Важна победа 129:108 постигна Детроит против Њу Орлеанс и на тој начин оваа екипа е се поблиску до освојувањето на првото место во Источната конференција. Екипата на Орландо ја прекина серијата од шест порази откако на домашен терен го совладаа Сакраменто со 121:117.Тагови: Њујорк Шарлот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриврзаниците на Груби разочарани од односот на „политбирото“ на ДУИОбвинението против Артан Груби за злоупотреби во Државна лотарија отвори нов фронт во ДУИ. Партиски членови и негови поддржувачи јавно реагираат дека тој е оставен сам да се соочи со обвиненијата, додека партискиот врв според нив има несоодветен однос кон долгогодишниот партиски функционер и екс вицеперемиер. Високиот партиски активист на ДУИ, Артин Спахију, во објава на социјалните мрежи директно го прозива актуелното партиско раководство, нарекувајќи го „политбиро“ и потсетува дека дел од неговите членови ги изградиле своите позиции токму со поддршката на Груби по партискиот конгрес во декември 2019 година и подоцнежните внатрепартиски избори. -„Некој го викаше „шеф“, некој „брат“, некој „кинг“, а повеќето беа залепени за него како полжави на дрво“, пишува Спахију, додавајќи дека сега јасно се видело „кој е кој“ во партијата. Слична порака објави и сопственикот на порталот „Тетова сот“, Рами Мислими. Тој јавно праша зошто најголемиот дел од високите функционери на ДУИ досега не изразиле лична поддршка и солидарност за Груби, не за да се мешаат во правдата, туку како што вели од човечки и морален став кон некогашниот соработник. Од ДУИ, пак, за Канал 5 велат дека внатре во партијата немало и нема таква дебата околу солидарноста за Груби и додаваат дека тие веќе оцениле дека против него нема докази. -За обвинението за Артан Груби ние веќе имавме соопштение во кое оценивме дека се работи за политички прогон, каде после 2 години без ниту еден доказ или факт се покренува обвинение, каде што е сменета и квалификацијата. Бараме транспарентен процес кадешто јавноста ќе биде соодветно информирана, како и меѓународен надзор над целиот процес. Иако сметаме дека треба да се почитуваат судството и обвинителството, тие треба да работат врз основа на докази, велат од ДУИ. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак во телевизиско гостување во Приштина, изјави дека тој бил тој што побарал од Груби да се врати во Македонија и да се соочи со одговорност доколку злоупотребил неговата доверба: „Јас бев главниот поддржувач кој побара Артан Груби да се врати во Македонија за да го преземе процесот. Му реков директно: ‘Ако си ја злоупотребил мојата доверба, ќе одговараш.’ Тој се заколна дека ќе работи чесно, а единствениот одговор што ми го даде беше: ‘Работев чесно.’ Јавно побарав, а истовремено вршев притисок врз локалната политика да го пуштат да излезе и да одговори. Но не сакам селективна правда, туку вистинска правда. Мислам дека работите одат добро – првото нешто е да се ослободи од домашен притвор, па да видиме како ќе продолжи." Според владејачката Вреди, јавните прозивки во редовите на дуи покажуваат очигледнА нервозата во Мала Речица, а Али Ахмети како што велат, не знае кој пат да го фати. -ДУИ сама признава дека функционира како озлогласено политбиро. На Ахмети очигледно не му излегува есапот. Ако застане зад Груби, го презема политичкиот товар од сè што може да излезе во судницата. Ако го пушти низ вода, ризикува „црната кутија“ да се отвори и да проговори за сè што со години се случувало во врвот на ДУИ. Едни се плашат дека Груби ќе прозбори. Други пресметуваат кого може да повлече со себе. Трети веќе гледаат кој ќе биде фрлен курбан за да се спаси врвот, реагираат од ВЛЕН. Обвинителството пред неколку дена поднесе обвинение против Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби од околу 8,2 милиони евра во „Државна лотарија“. Судењето е закажано да започне на 24 август, а Груби останува во куќен притвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСофија ги потврди позициите за Македонија и во владината стратегија до 2030 годинаПо 100 дена на функцијата, Румен Радев ја впиша бугарската позиција за македонските евроинтеграции и во владината стратегија до крајот на неговиот мандат. Во документот со задачи за исполнување до 2030 година, има дел насловен „активна, принципиелна и национално одговорна билатерална дипломатија“, кадешто за земјава пишува: Добрососедски односи со Македонија, обврзани со спроведувањето на преземените обврски и вистинската заштита на правата на Бугарите во Македонија. Рок: мај 2030 година. После издвоениот дел за Македонија, во документот стои дека се за зајакнување на односите со земјите-кандидатки од Западен Балкан (Србија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина) и дека Бугарија го поддржува проширувањето како алатка за стабилност во сопствениот регион. Од друга страна, македонската димпломатија бара излез од ќор-сокакот со бугарското вето. Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во неколку наврати изјави дека се води активен дијалог со европските институции и со Бугарија, но се уште немаат најдено прифатливо решение за сите страни. -Разговараме за повеќе решенија, за коишто, да, ќе потврдам дека едно од потенцијалните решенија за кои сме дискутирале е и моделот на уставни измени со одложна примена, но сеуште не сме стигнати до фаза да имаме решение кое е прифатливо за сите страни. За нас што клучно – предвлидливоста и сигурноста дека нема да бидеме условувани за прашања поврзани со историја, идентитет, јазик, култура. - Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи Дека постои димпломатска офанзива има потврда уште пред еден месец од евроамбасадорот Рокас, кој првпат кажа дека се преговара „под радарот“. Претседателката Сиљановска Давкова во гостување на Канал 5 пак изрази надеж дека клучниот момент за евроинтеграциите е 30 септември кога се очекува ЕУ да го соопшти планот за проширувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаАД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK за снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните 3 годиниПосле интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК .После интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос Хашани. Партнерството предвидува гарантирана и фиксна цена од 24,4 евра по тон јаглен за времетраење на договорот, со точно дефинирани параметри за квалитет кои ќе бидат основа за купопродажба. Загарантираните количини и договорната цена, ќе овозможат директна заштита на домашниот енергетски систем од недостаток на квалитетен јаглен за генерирање на електрична енергија во термоелектраните, но и заштита од неизбежните чести и драстични осцилации на цените на енергенсите на меѓународните берзи. Дополнително, тоа ќе ѝ овозможи на Компанијата огромни финансиски заштеди со набавка на јаглен по најповолна можна цена и со супериорни карактеристики во однос на сите досегашни набавки. Согорувањето на косовскиот јаглен значително ќе ја зголеми ефикасноста на термоелектраните. Ова директно ќе донесе дополнително годишно производство од 800 GWh електрична енергија и приход од околу 57 милиони евра. Финансискиот ефект дополнително ќе се подобри со заштедите од намалената потреба за користење мазут при согорувањето. Воедно, државата ќе оствари и индиректни еколошки придобивки и финансиски заштеди, со годишно намалување на CO2 емисиите за 923.000 тони поради помалку согорен јаглен и за уште 55.980 тони поради намалената употреба на мазут. Имајќи во предвид дека околу 70% од вкупното годишно производство на електрична енергија, во моментов, но и во наредните три години ќе ни доаѓа од термоелектраните, со потпишувањето на договорот, АД ЕСМ обезбедува релативно долгорочна енергетската безбедност и стабилност за граѓаните и за индустријата. Изјава на Лазо Узунчев, генерален директор на АД ЕСМ: За време на тековната консолидација на рудниците, за непречено реализирање на годишните планови за производство на електрична енергија за периодот 2027 – 2030 година, проценетите годишни потреби од набавка на јаглен како надополнување на оние од домашно производство, изнесуваат околу 1,4 милиони тони или 600.000 тони за ТЕ Осломеј и 800.000 тони за ТЕ Битола. Врз основа на прецизни логистички и инфраструктурни анализи за пропусноста на граничниот премин Блаце кој овозможува дневен транзит од максимум 120 камиони или околу 3.000 тони јаглен дневно, реалната максимална годишна количина што може да се очекува да се доставува од КЕК, изнесува околу 800.000 тони. Косовскиот басен на јаглен во Обилиќ се вбројува во едно од најголемите наоѓалишта на висококвалитетен лигнит во Европа и светот. Лабораториските испитувања потврдија дека овој јаглен поседува одлични согорувачки карактеристики, со исклучително ниска содржина на сулфур и пепел, и просечна калориска вредност од околу 1950 kcal/kg. Овие карактеристики идеално се вклопуваат во оптималниот опсег за калоричност од 1800–2400 kcal/kg, содржина на сулфур под 1% и пепел под 20% - параметри по кои се димензионирани котлите во ТЕ Битола и ТЕ Осломеј. Најдоцна до крајот на август ќе објавиме Оглас согласно Законот за јавни набавки, за избор на економски оператор кој за потребите на компанијата, наредните три години ќе ги реализира целокупните услуги за ископ, анализа на квалитет и утовар на јагленот од предвидените откопни полиња во рудникот во Обилиќ како и транспорт, шпедиција и истовар на јагленот на депониите во термоелектраните ТЕ Битола и ТЕ Осломеј. Со финализација на изборот на економскиот оператор и неговото воведување во работа, договорот со косовскиот партнер и официјално ќе влезе во сила и ќе започне неговата оперативна реализација. Паралелно со набавките на јаглен, спроведуваме интензивен план за целосна ревитализација на рударската механизација и санирање на занемарените деформации на ископните полиња настанати во минатото. Во рудниците во РЕК Битола има достаточни количини на јаглен кои согласно плановите и проектите, до крајот на 2027 год. ќе можеме без застои да ги експлоатираме и со тоа целосно да ја анулираме потребата од дополнителни количини на јаглен од останати добавувачи. За жал, рудниците ни беа систематско уништувани во период од 7 години заклучно со август 2024 год. со ископ само на јаглен и многу малку на јаловина, менаџирање на рудниците надвор од сите основни и дополнителни рударски проекти, со целосно занемарување на основната и помошната механизација и БТО системите, со нерастеретување на привремените одлагалишта, без активности за санација на појавените пукнатини и нарушената стабилност на откопните полиња. Дополнителен ограничувачки фактор е и фактот што експлоатационите резерви во нашите рудниците содржат јаглен со калоричност не повисока од 1600 kcal/kg, а сличен е квалитетот и кај геолошките резерви. Партнерството со државната косовска енергетска компанија која е еден од позначајните стопански субјекти во регионот на Западен Балкан, овозможува брзо и сигурно чекорење кон нашата крајна цел - Македонија да стане континуиран нето-извозник на електрична енергија. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook