НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
2НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
Шоу бизШарлиз Терон по крахот на веридбата сама на ручек - но нема да биде долго сама...Откако ја раскина веридбата со Шон Пен во јуни, Шарлиз продолжува низ животот сама. Но со оглед на тоа како изгледа оваа 40 годишна убавица, сигурно нема уште долго да биде сама...Фотографирана е во Лос Анџелес, додека оди сама на ручек. Шарлиз Терон и Шон Пен долги години беа добри пријатели, а потоа почнаа врска во која изгледаа многу вљубени еден во друг. Но по заедничкиот престој во Европа во мај, тие во јуни ја раскинаа веридбата. Еден месец подоцна Шарлиз посвои второ дете, африканско - американско девојче, по име Август. Но во петокот во Л.А. со неа не беа ни 4 годишниот посвоен син Џексон, ни малата Август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ: Во Србија владее терор, СНС нема да учествува на претседателските избориАлександар Вучиќ на почетокот од декември најверојатно ќе се врати на кормилото на СНС, а во меѓувреме тој најавува дека партијата нема да учествува на претстојните претседателски избори.Според Вучиќ по изборниот пораз на СНС во Србија се спроведувал „револуционерен терор“ врз сопартијците и поддржувачите, а во такви услови како што изјави невозможно е нормално политичко дејствување.. -На партиското собрание следниот месец тој најави избор на ново раководство а две третини од членовите на главниот одбор и половина од претседателството ќе бидат нови луге. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Петседателката на српското собрание и в.д. Претседател на Србија, Ана Брнабиќ, повика претставниците на Студентска листа што побрзо да ја формираат владата и да преземат одговорност, бидејќи и според неа во моментов во Србија владее терор.. Таа најавува дека конститутивната седница на новото собрание ќе ја свика во накраток можен рок.. Според Брнабиќ претседателските избори мора да бидат распишани до 27 ноември за да се одржат на 27 декември, а доколку биде конституиран новиот парламентарен состав изборите ќе може да ги распише и новиот претседател на собранието..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорСрпската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста.Српската Алта Банка остана без лиценца- Народната банка на Србијаја соопшти одлуката во 2 часот по полноќ, откако констатирале дека банката на бизнисменот Давор Мацура не успеала да ја стабилизира финансиската состојба и ликвидноста, додека во исто време растел ризикот за неисполнување на обврските кон клиентите. Веста со молскавична брзина се прошири и создаде паника кај дел од граѓаните во соседството кои имаат сметки и заштеди во оваа банка. На социјалните мрежи е објавено видео од Нови Сад кадешто пред филијала на Алта чекаат редици граѓани, за кои се тврди дека сакаат да си ги подигнат своите пари, а таква слика утрово имало и пред експозитура на битолската Алта банка, но според некои информации се работи за пензионери кои ги чекале месечните пензии. Веднаш се отвори дилемата дали овие финансиски проблеми ќе се отсликаат во македонската Алта. Од банката тврдат дека се ликвидни, работат непречено и како што велат, не биле предмет на политички притисоци и пресметки како во Србија. Од кабинетот на гувернерот на Македонија пак потенцираат дека се работи за самостојно правно лице основано и регистрирано во земјава, и не значи дека одлуката во Србија ќе влијае на банката во Македонија. Уверуваат дека ја следат состојбата и постапуваат по закон. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации.Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. – стои во соопштението на Народна банка на Македонија. Инаку одземањето дозвола не значи автоматско губење на заштедата на клиентите.. Во Србија депозитите се осигурани до 50 илјади евра по лице, без оглед на бројот на сметки, а сите кои имаат поголеми депозити ќе чекаат побарување во стечајна постапка. Од Алта банка Србија утрово соопштија дека експозитурите им се затворени, но исплати ќе има од поледелник. Агенцијата за осигурување депозити пак соопшти дека исплатата ќе почне најдоцна седум дена откако ќе биде донесено судско решение за стечај. Во меѓувреме четворицата вицегувернери на српската Народна банка бараат темелна истрага од обвинителството за одземањето на лиценцата на Алта Банка. Сопственикот на српската Алта банка Давор Мацура, како што пишуваат српските медиуми, има голем број компании, маркети, хотели, но и фирми од градежништо и финасии и во регионот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваМакфест во знакот на големите музички имињаОд првата вечер, шест композиции обезбедија пласман во финалната фестивалска вечер, врз основа на гласовите од публиката во салата и оценувањето на стручната жири-комисија. По успешната прва фестивалска вечер, исполнета со нови музички композиции, одлични вокални изведби и позитивни реакции од публиката, медиумите и присутните, 41. издание на „Макфест“ продолжува вечерва со уште побогата и разновидна музичка програма. Штип повторно ќе биде центарот на македонската музичка сцена, а втората фестивалска вечер носи вистински музички спектакл, со настапи на добро познати и звучни имиња, дел од нив по подолг период повторно на сцената на фестивалот што со децении создава и чува музички вредности. Место во продолжението на фестивалската приказна добија „Арте-Факт“, Тамара Грујеска, Елена Наумова, Теа Златева, Анастаcија Спасевска и Драгана Јовановска, кои уште еднаш ќе имаат можност да ги претстават своите композиции пред македонската публика. Уметничкиот директор на „Макфест“, Роберт Саздов, на денешната прес-конференција истакна дека првата вечер помина успешно, а организаторите се подготвени за уште едно извонредно фестивалско доживување. Вечерва публиката ќе проследи вкупно 18 композиции, од кои шест се избраните од првата вечер, додека останатите 12 се нови песни, подготвени специјално за оваа фестивалска програма. Она што ѝ дава посебна тежина на вечерашната програма е присуството на бројни афирмирани македонски музички имиња, чии песни и интерпретации оставиле значаен белег на домашната музичка сцена. На фестивалската сцена повторно ќе ги видиме Агни Авшар, Наташа Малинкова, Марија Данева, Викторија Лоба, Јован Јованов и Тони Зен, Теа Трајковска, Марија Спасовска, Ристо Самарџиев, Елвир Мекиќ, Врчак и Симона Поповска, Огнен Здравковски и Давид Темелков. Токму оваа комбинација на различни генерации, музички стилови и препознатливи имиња ветува вечер исполнета со емоции, носталгија, квалитетни изведби и многу музички изненадувања. Особена тежина на вечерта ѝ дава и фактот што дел од познатите музички имиња по долги години повторно се враќаат на музичката сцена, избирајќи ја токму макфестовската сцена. Музичкиот директор Илија Ќосевски најави разновидна програма, во која секој љубител на македонската музика ќе може да пронајде нешто за својот вкус. Тој упати и повик до публиката да им даде максимална поддршка на дебитантите, нагласувајќи дека првата вечер понудила одлични вокални интерпретации, а втората носи нова можност за уживање во квалитетна музика. Посебен белег на синоќешната фестивалска вечер остави и ревијалниот настап на Антониа Гиговска. Во интимна атмосфера, исполнета со многу емоции, Гиговска изведе дел од најпопуларните некогашни хитови на „Макфест“, песни што низ годините ја надминале својата фестивалска премиера и прераснале во вистински евергрини на македонската музика. Со својот моќен вокал, впечатлива интерпретација и искрена емоција, таа им даде нов живот на добро познатите рефрени, потсетувајќи на богатото музичко наследство што го носи фестивалот. Токму ваквите моменти ја потврдуваат посебноста на „Макфест“ - фестивал кој не само што отвора простор за нови музички имиња и композиции, туку ги чува и повторно ги оживува песните што станале дел од колективната музичка меморија на генерации слушатели. Вечерашната програма започнува во 20:30 часот. Со 18 композиции, шестмина веќе пласирани учесници, 12 нови песни и плејада добро познати музички имиња, втората вечер на 41. „Макфест“ ветува вистинско славење на македонската музика. Вечерва Штип повторно ќе пее, а фестивалската сцена ќе биде место на кое ќе се сретнат музичката традиција, современиот звук и имињата што со години ја градат домашната естрада.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter