Шанса за Македонија: На Евросонг ќе гласаат и земји што не учествуваат

Гледачите од земјите кои што не учествуваат на Евровизија ќе можат да гласаат за своите фаворити следната година за прв пат во историјата на натпреварот, објави денеска организаторот.

Новото правило наречено „Остатокот од светот“ треба да го зголеми влијанието на публиката врз резултатите и да го потврди глобалниот карактер на натпреварот кој минатата година го следеле 160 милиони луѓе.

Евросонг 2023 ќе се одржи во Ливерпул, заменскиот домаќин на овогодинешниот победник Украина. Организаторите го променија и системот на гласање во полуфиналето, така што за финалистите ќе одлучуваат само гледачите, наместо комбинација од гласовите на гледачите и националното жири.

Сепак, во финалето останува правилото да одлучуваат и гледачите и стручните судиски панели. Организаторите велат дека промените имаат за цел да го заштитат интегритетот на натпреварот по нерегуларното гласање на шест земји на Изборот за песна на Евровизија во 2022 година.

Македонија во 2023 нема да испрати свој претставник на Евросонг.

Гутереш нареди истрага по веста дека нигериската војска врши насилни абортуси

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара истрага за наводите дека нигериската војска спроведува програма за систематски и принудни абортуси, изјави портпаролот на ОН Стефан Дујарик.

Нигериската војска води тајна програма за абортус во североисточниот дел на земјата, која систематски и незаконски се спроведува најмалку од 2013 година.

Како дел од програмата, биле прекинати најмалку 10.000 бремености, а многу од тие жени и девојки биле киднапирани и силувани од исламистички милитанти, според сведоштвата на десетици очевидци и документација до која дојдоа медиумите. „Генералниот секретар со загриженост ги забележува наводите за систематски и присилни абортуси, наводно извршени од нигериската војска врз жени и девојки нападнати од Боко Харам“, напиша портпаролот на ОН Стефан Дујарик во е-пошта.

„Овие наводи заслужуваат темелна истрага и спроведување на итни корективни активности и мерки за одговорност, доколку е потребно. Дујарик не прецизираше кој треба да спроведе таква истрага, ниту пак навлегол во други детали. Нигерискиот министер за одбрана вчера изјави дека војската нема да го истражи извештајот, велејќи дека тоа не е точно. Нигериската влада немала коментар.

Бразилска манекенка ги збудале навивачите во Катар

Бразилската манекенка Изабел Гуларт (38) го привлече вниманието кога од трибините ги следеше натпреварите на Бразил.

Заносната бринета соодветно носи жолт ансамбл додека на ракавите ѝ е закачено знамето на нејзината татковина. Оставајќи малку на имагинацијата во тесната облека, Гуларт ја покажа својата завидна фигура и витките нозе. Ја оставила пуштена косата додека се фотографира со насмевка.

Манекенката, која е свршена со германскиот голман Кевин Трап, беше видена како скока од радост на трибините кога Бразил ја победи Јужна Кореја. Резултатот беше 4:1, а со тоа и Бразил го резервира своето место во четвртфиналето. Вечерва, кога Бразилците беа елиминирани од Хрватска, таа не беше забележана на трибините. .

Гуларт беше ангел на Викторија Сикрет од 2005 до 2008 година, а познат е и како модел за Sports Illustrated Swimsuit Issue и Armani Exchange.

САД со санкции за 65 лица и ентитети од 17 земји, за корупција и повреда на човековите права

На Меѓународниот ден за борба со корупцијата и во пресрет на Денот на човековите права, САД преземаат десетина акции за промоција на повикот за одговорност за вршителите на корупција и за повредите на човековите права.

САД преземаат десетина акции за промоција на повикот за одговорност за вршителите на корупција и за повредите на човековите права, а со санкции и визни ограничувања за 65 лица и ентитети од 17 земји, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Руската инвазија на Украина е суров потсетник дека корумпираните режими се меѓу оние кои најмногу вршат повреди на човековите права и злоупотреби. САД преземаат акции за адресирање на овие сеприсутни глобални предизвици, изјави денеска државниот секретар Ентони Блинкен.

Некои од тие лица и ентитети кои се ставени на списокот на санкции, а според Глобалниот акт Магнитски и Статијата 7031(с) за визни рестрикции на Стејт департментот, се од Иран, Кина, Русија, Северна Кореја, Хаити и Шри Ланка.

Под санкциите на САД се ставени и Централната изборна комисија на Русија и неколку службеници од администрацијата на претседателот Владимир Путин.

– Ја повторуваме нашата осуда за бруталните чинови на насилство на Иран врз мирните демонстранти, тековното негирање на човековите права и основни слободи и сеприсутната репресија и државно спонзорираното насилство врз жените, истакна Блинкен.

– Нашите акции се да ги нарушат и одвратат неселективните задржувања и физичко насилство од страна на Кина врз членови на верски малцински групи во Автономниот регион на Тибет и оние на Северна Кореја каде се забранува слободата на дижење, се напаѓаат барателите на азил и се експлоатира трудот за правење профит за државата, додаде тој.

притисни ентер