МакедонијаШанкер во „Пулс“ ги крена тензиите во судницата – родителите го обвинија дека дал контрадикторен исказРодителите на загинатите од трагедијата во Кочани најавија кривична пријава за лажно сведочење за шанкерот Дејан Манасиев кој трагичната вечер бил во „Пулс“ и според нив на денешното судско рочиште го променил исказот. Манасиев како што посочија и од обвинителството, дал различни одговори за тоа дали критичната вечер била заклучена задната врата на дискотеката, колку ПП-апарати имало во објектот, но и временскиот период кога сопственикот на дискоектата Дејан Јованов – Деко. Во сведочењето Манасиев додаде дека не видел кој на активирал пиротехничката за која како што кажа, доаѓал човек од Скопје кој ја поставувал. -Не видов кој ја внел и кој ја активирал пиротехниката. На претходните настани во кои се користела пиротехника, доаѓаше човек од Скопје со бела коса, кој ја поставуваше. Критичната вечер тој човек не беше присутен во „Пулс“. Видов противпожарни апарати – еден во ходникот, друг во билетарницата, а веројатно имало уште еден на друго место. Не можам да се сетам дали имало хидранти за гаснење пожар во и пред објектот, но имаше план за евакуација кој беше поставен во малиот ходник меѓу големата влезна врата и „каубојските” врати низ кои се влегуваше во кабарето.- Дејан Манасиев - Сведок Но, мајката на еден од загинатите вели дека ваквото сведоштво е спротивно на тоа што им го кажувал во личната комуникација со нив и изјавата која ја дал во обвинителството. На почетокот на рочиштето, адвокатот Петре Шилегов побара Обвинителството сериозно да го преиспита својот став и да повлече дел од обвиненијата. Како аргумент се повика на одлуката на ОЈО ГОКК, но и на фактот дека постапката за седуммината полициски службеници е запрена. Според Шилегов, околностите поради кои постапката е стопирана за нив, се совпаѓаат и со случајот на останатите обвинети, поради што, како што рече, треба да се повлече обвинението и за нив. -Тоа што го потврдува и ОJO ГОКK Скопje, обвинителството за гонeње на организиран криминал, дека на дел од полициските службеници кои што биле под истрага не може да се стави на товар ова кривично дело, бидејќи тоа бара непосредно извршување, а они немале законска можност да вршат инспекциски надзор. Истото се однесува и за делот од гонетите, секако за клиентот кој што јас го бранам. Непосредно човекот го нема предизвикано пожарот, правиме муабет за административни работници.- Петре Шилегов – Адвокат на Шефкет Хазари Сепак, јавниот обвинител истакна дека на обвинетите им се суди по предмет кој е одобрен и веќе се наоѓа во судска постапка. -Обвинителниот акт напоменувам не опфаќа полициски службеници, а Јавното обвинителство за нив опфаќа исти дела. Денеска во судницата сме по одобрен и стапен во сила обвинителен акт. Јавното обвинителство ги нема овие одлуки на ОЈО ГОКК и со тоа нема увид дали се таму наведени оштетени лица и причините за штета.- Борче Јанев – Јавен обвинител Пред судот сведочеа уште двајца сведоци кои вечерта биле во „Пулс“ од кои едниот Петар Марковски посочи дека лично видел како се запалил сумнгерот на плафонот и дека во објектот со години се користела пиротехника. Следното рочиште е во четврток. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаПрекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!Еден од најдобрите возачи во изторијата на Формула 1 легендарниот Михаел Шумахер, се здоби со сериозни повреди при скијачка несреќа во Француските Алпи на 29 декември 2013 година. Таа несреќа му го промени животот. Следните 250 дена ги помина во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување. Сè до денес, Шумахер нема излезено во јавноста, а никој, освен неговото најтесно семејство и членовите на медицинскиот тим, не ја знае неговата вистинска здравствена состојба. Тој го поминува времето меѓу своите домови во Швајцарија и на Мајорка, каде што има 24-часовна нега. На тој кобен ден, Германецот падна додека скијаше. Потоа, со хеликоптер беше пренесен од Мерибел до болницата. Пилотот на хеликоптерот, Јаник Дајнез, за првпат излезе во јавноста со детали за настанот. Тој знаел за кого станува збор, а бидејќи се работи за јавна личност, од екипажот било побарано максимално да ја заштитат неговата приватност. Затоа, сите добиле насоки да ги отстранат микрофоните и камерите од типот „GoPro“. На местото на несреќата биле преземени и безбедносни мерки. Луѓето од опкружувањето на Шумахер го обезбедија просторот и ги спречија присутните да фотографираат или снимаат, со цел да се избегне евентуално објавување на материјалот. За атмосферата во самиот хеликоптер, тој изјави: – Се обидов да се однесувам кон Шумахер како кон кој било друг тешко повреден човек. Сепак, внатре чувствував притисок. Луѓето го обожаваа како бог, иако јас не бев љубител на Формула 1. Летот до Универзитетската болница во Гренобл траеше околу 25 минути, по што Шумахер им беше предаден на лекарите. Колку вниманието на јавноста беше насочено кон Шумахер, му стана јасно за време на вториот лет до истата болница, неколку дена подоцна. – Она што го видов ме шокираше: насекаде имаше толку многу автобуси, црвени знамиња и луѓе, што целиот болнички комплекс изгледаше како патека за Формула 1. Беше неверојатно. Објаснувајќи зошто молчел за сето тоа цели 13 години, Јаник рече: – Не сакав да зборувам со медиумите за да избегнам проблеми. Освен тоа, немам исти адвокати како семејството Шумахер.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБразил и Барселона се договорија за Рафиња!Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари. Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб. „Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДецата кои консумираат повеќе ултра-преработена храна покажуваат поинакви мозочни реакции на неаСпоред студија објавена во списанието „JAMA Network Open“, децата кои консумираат повеќе ултра-обработена храна може да покажат посилни мозочни реакции кога гледаат слики од примамлива храна.Во истражувањето учествувале 46 деца на возраст од 7 до 10 години, кои биле дел од долгорочната студија „BrainChild“, која го испитува ризикот од дијабетес и дебелина. На почетокот на студијата, сите деца имале здрава телесна тежина. Истражувачите извршиле магнетна резонанца (МРИ) на мозокот на децата додека тие гледале слики од примамлива храна, како што се колачиња и помфрит. Исто така, биле собрани податоци за нивната исхрана, индексот на телесна маса (ИТМ), процентот на телесни масти и обемот на половината. По една година, истражувачите повторно ги измериле ИТМ, процентот на телесни масти и обемот на половината кај децата. Резултатите покажале дека децата кои консумирале повеќе ултра-преработена храна покажувале поголема активност во дорзалниот стриатум – мозочен регион поврзан со наградување и мотивација – кога гледале слики од храна. Истражувањето продолжува Зголемената активност во овој регион, исто така, била поврзана со зголемување на ИТМ и процентот на телесни масти во текот на следната година. Понатаму, истражувачите откриле дека земањето предвид на разликите во мозочните реакции на сликите од храна ја намалило забележаната поврзаност помеѓу консумирањето ултра-обработена храна и ИТМ за 31%. Поврзаноста со процентот на телесни масти се намалила за 44%. Наодите од истражувањето сугерираат дека реакцијата на мозокот на храна може делумно да ја објасни врската помеѓу консумирањето ултра-преработена храна и зголемувањето на телесната тежина. Студијата не може да докаже дека ултра-преработената храна директно предизвикува промени во мозочната активност или доведува до зголемување на телесната тежина, бидејќи таа само ги набљудувала постоечките обрасци. За подетално да ја истражат оваа поврзаност, истражувачите планираат да спроведат интервентна студија во која децата што редовно консумираат ултра-обработена храна ќе бидат поттикнати да преминат на помалку обработена храна. Потоа, истражувачите ќе испитаат дали нивните мозочни реакции на сликите од храна се менуваат и дали тие промени се поврзани со помал пораст на телесната тежина со текот на времето. Извор: Индекс.хрТагови: ултра-преработена храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter