ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?
2ВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
РакометШампионот Вардар на гостување кај КристијанштадАктуелниот македонски и европски првак Вардар попладнево гостува во Шведска кај Кристијанштад во меч од 6. коло во ракометната Лига на шампиони. Вардарци важат за апсолутни фаворити имајќи го во предвид реномето како и досега одиграното во елитното натпреварување. Кристијанштад е тим против кој вардарци веќе трета сезона играат во групната фаза. Во досегашните четири меѓусебни дуели црвено-црните секогаш излегувале како победници, а на гостувањата во Шведска двата меча ги добија со пет гола разлика. - На секој меч влегуваме мотивирано, и се подготвуваме за она што нѐ очекува. Нема лесни и тешки противници. Сe ќе зависи од нас, како ние ќе играме. Кристијанштад е млада екипа, која секоја сезона игра сѐ подобро и добива и повеќе искуство од дуелите во лигата на шампионите. Со овој натпревар почнува серија од шест мечеви во ноември и сакаме успешно да го завршиме овој месец, изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар. Вардар е непоразен досега, додека Кристијанштад има освоено само еден бод, и тоа во првата рунда кога пред својата публика одигра нешешено 28-28 против ППД Загреб. Дуелот меѓу Кристијанштад – Вардар ќе започне во терминот од 18 часот. Покрај овој меч денеска во А групата се игра и средбата Барселона – ППД Загреб, додека за утре закажани се дуелите ПИК Сегед – Р.Н. Левен и Висла – Нант. На табелата лидер е Вардар со 9 бодови, пред Рајн Некар Левен со 8, односно ПИК Сегед и Барселона со по 7 бодови, по кои следуваат Нант 5, ППД Загреб 2, Висла 1 и Кристијанштад 1. Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите Металург својот меч од оваа рунда ќе го одигра утре во СЦ „Борис Трајковски“ каде од 17 часот ќе го пречека составот на Чеховски Медведи./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП: „Туристичка агенција МВР“ – Премиерот го нема ни за лек, а бегалците слават на слобода!Додека државната граница функционира како пропустлив синус каде што со обична македонска лична карта и без евиденција се преминува во странство, се поставува клучното прашање: Го видел некој премиерот? Човекот кој обично свечено отвара трафики, пиљари и коментира кога ќе се прска за комарци, за овој мегаскандал во кој се заглавени повеќе министерства и служби го нема никаде! Да не избега и тој нелегално во Бугарија?! Или си премиер и лидер што сноси одговорност, или те нема кога гори државата! Ова веќе не е институционален колапс, туку сурова црна трагикомедија во која системот е целосно парализиран. Истиот ден кога судот и обвинителството побараа нов притвор за бегалката Ива Михаилова, од притвор насмеан и раат излезе бившиот бегалец Артан Груби. Додека министерот Панче Тошковски признава дека лицето нелегално ја напуштило Македонија и дека се проверуваат снимките на границата, граѓаните сведочат како правдата во Македонија е целосно згазена, а законите важат само за оние кои немаат партиски штит. Додека милиони евра од државната каса се истураат за помпезни прослави, концерти со светски ѕвезди и споменици со милионски хонорари по стара „стевановска“ матрица, институциите напредуваат само во дисциплината како да се ослободат од одговорност. Пораката која се испраќа е претерано опасна: ако ви се може, кршете ги мерките, бегајте преку граница без пасош со лична карта, прошетајте се во странство и сликајте се како жртви, бидејќи обвинителствата се разбудија дури кога птиците веќе одлетаа. ЛДП повторно јасно порачува: Доста е од евтин политички театар, национал-шовинистички манипулации и префрлање на топката врз грбот на човечки трагедии. Ако премиерот, министрите и раководителите на безбедносните служби не можат да ја чуваат сопствената државна граница ниту да воспостават владеење на правото, најмалку што можат да сторат е да си поднесат оставки и да отворат приватна агенција за „VIP бегства без печат“. Време е за итна ревизија на целиот правосуден систем, пред државата целосно да ни се претвори во приватна агенција за бегалци со државен благослов!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Бугарскиот амбасадор Филипче, кој се обиде да се камуфлира во партизан, одработи ли со Заев повторно за Бугарија и Радев во случајот со Ива Михаилова?Бугарскиот амбасадор, Венко Филипче откако дословно ги испромовира и долго време јавно ги застапуваше позициите на Румен Радев, прво Бугари во Устав, па се друго, сака да се камуфлира во партизан.Истиот тој Венко Филипче кој сака да стане партизан и кој заедно со неговиот ментор Зоран Заев, од македонскиот Устав ги избришаа одлуките на АСНОМ. Тоа е истиот Филипче кој сака да облече партизанско руво, и истиот ментор Заев, кои јасно подвлекоа дека во Втората светска војна, бугарските фашисти во Македонија не биле окупатори туку администратори. Партизанскиот дрес на Венко Филипче и маршот во градот херој Прилеп, во очи 11 Октомври е само камуфлажа, откако виде дека македонските граѓани не прифаќаат ново предавство на националните интереси. А од друга страна, додека се случуваше преправањето на Филипче во партизан, зад превезот, очигледно, повторно одработуваше за Румен Радев и Бугарија и во најновиот случај со Ива Михаилова која побегна во соседната земја. Така, доктор кој во периодот на власт на СДС во 2017 година беше директор на Клиниката на неврологија, Иван Барбов, поставен лично од Зоран Заев и Филипче, изготвил медицински извештај на неколку страници во кои јасно се вели дека методата за лекување на пациентот Ива Михаилова ја нема во Македонија, а дека истата ја има во една од соседните земји како што е Република Бугарија. Името, докторот Барбов не е непознат за македонската јавност, тој е правосилно осудено лице за криминалниот случај „Метастаза“, каде тој е еден од обвинетите кој се гонел за посредување во издавањето на инвалидски пензии. Според тогаш објавените информации, Барбов и останатите наплаќале од 1.500 до 4.000 евра за барател, со цел нелегално издавање на инвалидски пензии, каде што за двете години додека дејствувала групата, заработиле 165.000 евра, но и за 53.000 евра го оштетиле Фондот за здравство. Тука се поставува прашањето, дали Венко Филипче со неговиот ментор Зоран Заев, затоа што се уценети од Румен Радев, ургирале кај нивниот криминален другар, доктори и поранешен нивен директор, Барбов да постави дијагноза и да изготви таков извештај во кој јасно укажува дека методата за лекување на Михаилова ја нема во Македонија и дека истата може се направи во соседна Бугарија. СДС, Филипче и Заев има за што да дадат одговори и тоа треба да го направат во најкус можен рок, јавноста очекува одговори. Воедно, очекуваме и истрага по допрен глас за да се испита нашиот и сомнежот на јавноста дека во овој случај, преку нивниот доктор Барбов имаат вмешано прсти Филипче и Заев и дека зад целата операција стојат Радев и бугарската држава. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите! Артан Груби излегува од куќен притвор со факели, петарди и прослава.Ива Михаилова ја поминува границата, а системот не ја регистрира. Двата пасоши одземени, а сепак излегла. МВР вели нема евидентиран излез. Бугарската полиција вели евидентиран нема влез. Епа како? Полицијата во рацете на власта служи за гласање. Ништо друго. Safe City пуштен без закон кој ќе го контролира. Министерот рече дека имаат Пегазус софтвер и снимаат разговори на граѓани. Сè во партиски цели. Бодигардот на Мицкоски што тепа жени е пуштен. Не реагираа на пријави за семејно насилство што доведе до смрт на мајка и дете. Сериски убиец бил на слобода. Пет тони дрога преку граница, а опремата за царина се предава свечено. Мицкоски поставува обвинител на телевизија. Наредува од собраниска говорница и по телефон. ДКСК и обвинителството ги отфрлаат сите пријави за криминалните тендери. Извештајот на Европската комисија е катастрофален: мешање на Мицкоски во правосудниот систем. Обвинителите ги вика медиокритети. Народот талог и мочуриште. Се апсат за закани кон Мицкоски на социјалните мрежи. Обвинителството не реагира за напад на младите во Ново Село и заканите кон членови на партијата. Закон важи само кога има вперена камера. Не важи кога треба да се истражи касата, границата, тендерот. СДСМ не се меша во судството. Тоа го прави ВМРО-ОКГ. Бараме одговорност. Министерот да каже како излегла Михаилова. Како поминаа пет тони дрога. Зошто бодигардот е на слобода. Зошто пријавите за насилство не добија одговор. Зошто обвинителот работи преку телефон. Законот или важи за сите, или не важи за никого. Додека арамијата ја води бандата, правосудството е само театарска сцена. Власта ќе се врати во рацете на народот. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши. Се договорија, ја пуштија Ива Михаилова, па сега прават театар Зад грбот на народот, под маса, „под радарот“ се договорија со Бугарија и ја пуштија Ива Михаилова преку граница. Муцунски договорал, Панче ја пушти. А Мицкоски очигледно дал амин. Наместо одговорност од Тошковски сега народот гледа театар. Се повикува амбасадорот на Бугарија, се распишува потерница, се бара притвор, префрлаат одговорност на некој друг, се тера медиумска кампања, криви им се Филипче, Заев, СДСМ... Класични арамиски шеми. Секогаш кога се фатени живи како го лажат народот, како прават договори „под радар“. Ја пуштија да избега, чекаа да се појави на медиумите во Бугарија за потоа нивните медиуми, 40% под контрола на Орбан и Вучиќ да го почнат со театарот дома. Границата е швајцарско сирење, решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Ова е договорено! И затоа мора да има одговорност. СДСМ бара одговорност од сите за кои ќе се утврди дека се вмешани во пуштањето на Михаилова. Од оние договарале и давале инструкции, до оние што постапувале или пропуштиле да постапат. Оставка од Панче Тошковски како министер што раководи со полицијата и со службите задолжени за контрола на границата. Граѓаните заслужуваат вистина и правда, државата заслужува институции што го спроведуваат законот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook