СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
1СДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од Европа
Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
1Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
НБАШампионот Кливленд единствен со максимален ефект во НБА Во НБА лигата ноќескасе одиграа осум натпревари, а единствено шампионот Кливленд е со стопроцентен учинок. Кавалирс серијата од шест победи ја продолжија со минималната победа над Филаделфија изразена само со еден поен разлика. Клучната предност Кливленд ја направи во првата четвртина која ја реши во своја полза со 34:19. Постигнати резултати: Оклахома – Минесота 112:92, Детроит – Денвер 103:86, Индијана – Чикаго 111:94, Орландо – Вашингтон 88:86, Филаделфија – Кливленд 101:102, Атланта – Хјустон 112:97, Милвоки – Сакраменто 117:91 и Сан Антонио - ЛА Клиперс 92:116. Во Источната конференција води Кливленд со ефект 6-0 (победи-пораз), пред Шарлот и Торонто кои имаат 4-1. На Запад на првите две позиции се ЛА Клиперс и Оклахома со по пет победи и еден пораз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече „српската Шакира“ „Српската Шакира“ се соблече во супер минијатурни бикини.Раперката Диа Костиќ важи за една од дамите со најатрактивна фигура насрпската јавна сцена, а сега се појавија и жешки фотографии од нејзиниот одмор. Атрактивната русокоса на фотките позира на тераса во минијатурно бикини со интересен дезен, истакнувајќи ја својата извајана фигура во прв план. Посебно внимание кај фановите предизвикал нејзиниот раскошен задникот, како и тесниот струк и долгите нозе. Диа позира пред луксузниот хотелски комплекс и базенот, а нејзиниот изглед дефинитивно не помина незабележано. Во опуштено издание, со брановидна руса коса и минимален накит, Костиќ уште еднаш покажа зошто привлекува големо внимание каде и да се појави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме трета економија туку една третина од ЕвропаАрамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“. Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија. БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот. Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион. Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна. Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада. Не тој. Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста. Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез. Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада. Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде. Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши. Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор. Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз. А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење. Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна. Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните - за нивните пари и нивните интереси. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЛајка | Месечен преглед – Септември 2026Месечен билтен на ЈП Лајка.Благодарение на поддршката од граѓаните, вдомувачите, волонтерите и нашите партнери, секој месец правиме уште еден чекор кон подобра благосостојба на животните во Скопје Месецот во бројки Зад секоја бројка стои конкретна активност, теренска интервенција и грижа за едно куче. Погледнете ги клучните резултати од работата на ЈП Лајка во текот на Септември 172 Заловени 124 Стерилизирани/кастрирани 44 Вдомени 105 Вратени на локација Секој месец, теренските тимови на ЈП Лајка постапуваат по пријави на граѓани и спроведуваат планирани активности низ општините во Скопје. Во продолжение погледнете како изгледа теренската работа по општини и колку кучиња беа опфатени со програмата за хуман третман во секоја од нив. Во Општина Аеродром во текот на месецот беа заловени и подложени на предвидениот хуман третман 25 кучиња. Пријави од граѓани: 16 Од подрачјето на Општина Бутел беа заловени и третирани вкупно 39 кучиња, согласно програмата за хуман третман на бездомната популација. Пријави од граѓани: 14 Теренските активности во Општина Гази Баба резултираа со заловување и третман на 18 кучиња во текот на месецот. Пријави од граѓани: 21 Во Општина Ѓорче Петров беа заловени и третирани 15 кучиња од повеќе локации на територијата на општината. Пријави од граѓани: 7 Во текот на месецот, од подрачјето на Општина Карпош беа заловени и третирани 24 кучиња. Пријави од граѓани: 7 Тимовите на ЈП Лајка заловија и третираа 29 кучиња од територијата на Општина Кисела Вода. Пријави од граѓани: 14 Од различни локации на територијата на Општина Центар беа заловени и третирани вкупно 23 кучиња. Пријави од граѓани: 9 Од територијата на Општина Чаир беа заловени и третирани 2 кучиња. Пријави од граѓани: 0 Безбедност на терен за време на големите градски настани Во септември, теренските тимови на ЈП Лајка беа дополнително ангажирани во пресрет на Скопскиот маратон и „Бела ноќ“. Активностите беа насочени кон централното градско подрачје и долж трасата на маратонот, каде поголем број бездомни кучиња беа привремено згрижени во прифатилиштето. Целта беше превентивно да се обезбеди безбедно одвивање на настаните за граѓаните и учесниците, а истовремено и безбедност на самите кучиња во услови на зголемена фреквенција на луѓе и сообраќај Стратешко заловување со засилен теренски капацитет Во септември, ЈП Лајка за првпат ја организираше теренската работа со четири екипи за заловување, со активности во проширен временски период од 05:00 до 20:00 часот. Екипите стратешки делуваа на територијата на Кисела Вода, Центар и Гази Баба, согласно однапред утврден план за заловување. Паралелно со планираните активности, продолжи и ургентното постапување по пријави од граѓани, општини и институции на целата територија на Скопје, во првиот можен момент, а најдоцна во рок од 24 часа Секое заловено куче поминува низ ветеринарен преглед и, согласно неговата состојба и програмата на ЈП Лајка, соодветен ветеринарен третман, стерилизација/кастрација, вакцинација против беснило, микрочипирање и идентификација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08