Шампионот го доби „вечното дерби“ - Канал 5

Шампионот го доби „вечното дерби“

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром го победи вечниот ривал Работнички со 76:72 во натпреварот одигран вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ пред околу 4.500 гледачи. По четвртини 22:14; 19:22; 18:14 и 17:22.

Шампионот го доби „вечното дерби“
И пред натпреварот МЗТ важеше за голем фаворит, но Работнички покажа дека е достоен противник и дека сезонава има квалитет за висок пласман.

Почетокот им припадна на аеродромци кој во еден момент од првата четвртина имаа и 14 поени предност, по што следуваше серија на Работнички за резултатски приклучок. Предноста на „сино-белите“ на полувремето уште повеќе се стопи, но по третата четвртина повторно изнесуваше солидни плус 9.

Вистинска драма се случуваше во последните две минути, кога тимот од „Градски парк“ најпрво со серија од 6:0 се приближи на само три поени, потоа намали и на еден поен, а во последниот нивни напад Јане Петровски промаши шут за победа.

Пред крајот на третиот период натпреварот беше во неколкуминутен прекин поради инцидент предизвикан на трибината каде беа сместени навивачите на Работнички. По интервенцијата на полицијата ситуацијата се смири и дербито продолжи.

Стефан Синовец со 24 поени беше најзаслужен за победата на МЗТ Скопје Аеродром. Двоцифрен број поени запишаа и Александар Цветковиќ – 16, Тодор Гечевски – 12 и Сеад Сеховиќ – 11.

Кај Работнички најефикасен беше Бариша Красиќ со 22 поени, Горан Икониќ и Дарко Соколов реализираа по 11, Јане Петровски и Вилијам Колман дадоа по 10.

Со овој натпревар се комплетира 1.коло во Суперлигата. Претходно своите натпревари ги одиграа Струмица – Кожув 81:86 и Лирија – Куманово 77:66. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Завршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа.

Реформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓаните

Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото.

-Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација.

Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем.

Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација.

Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 25 октомври 2026 започнува зимското сметање на времето

Летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како

На 25 октомври 2026 започнува зимското сметање на времето

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.

Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот.

Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина

По средбата со Зеленски во Осло, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф со сет идеи замина кај Путин во Санкт Петербург, во деветти во низа обид да издејствува мир во Украина. 

Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина

Нема детали дали и колкав напредок е направен за ставање крај на петгодишната војна.

-Секако, би сакал да ги знам резултатите од состанокот (во Осло). Сакам да ви се заблагодарам вам и на претседателот Трамп за вашето внимание кон прашањата за решавање на кризата во Украина, вклучително и за можната средба во Кина. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија.

-Преговорите (во Осло) беа продуктивни и би можел да кажам дека има напредок. Се надевам дека денеска може да биде исчекор кон мировнмиот процес во дискусијата за решение на украинско-рускиот конфликт. , изјави Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп.

Но, Виткоф не си заминува од Русија со празни раце, откако договорот за дизелот го доби првиот конкретен епилог. Путин му вети дека првиот танкер гориво со 40 илјади тони ќе тргне кон САД за два дена. Втората придобивка е ослободување на 74-годишниот Американаец Стивен Хабард, кој четири години помина во притвор во Русија, откако бил уапсен во Украина дека наводно се борел на страната на Киев.

И двете страни, како што пренесоа руските медиуми, се многу блиску до организирање средба Трамп, Путин, Си Џинпинг за Украина, а на која според најавите, нема да има место за Зеленски, особено откако Трамп му порача дека можеби е време друг да преговара во име на Киев.

-Не знам што ќе биде со трилатералниот состанок меѓу САД, Кина и Русија. Од нив зависи. Но секако, ако прашањето е Украина, нашата иднина, тоа може да биде прифатливо, само кога ние сме на преговарачка маса. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

-Зеленски треба да сака да ја заврши оваа војна. Ако не го стори тоа, ќе виде многу лошо. Сакаме Зеленски да склучи договор, тој може да склучи договор. Можеше да склучи договор пред две години кога го имавме нашиот мал разговор во Овалната соба. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Зеленски денеска соопшти дека САД потворно почначе да споделуваат разузнавачки со Киев, откако минатата недела предупреди дека дел од информациите за руските ракетни напади биле прекинати или недостапни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер