Шалтерите за наплата и рекламации на „Водовод и канализација“ Скопје денеска ќе работат од 7:30 до 15:30 - Канал 5

Шалтерите за наплата и рекламации на „Водовод и канализација“ Скопје денеска ќе работат од 7:30 до 15:30

Од утре ќе се продолжи со редовно работно време. 

Шалтерите за наплата и рекламации на „Водовод и канализација“ Скопје денеска ќе работат од 7:30 до 15:30

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска по повод христијанскиот празник Богојавление - Водици, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието ќе работат од 7:30 до 15:30 часот.

Од утре ќе се продолжи со редовно работно време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. 

Сончево и топло, попладне  услови за локална појава на нестабилност

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт

Најдобрата тенисерка на Македонија Лина Ѓорческа денеска отвора нова страница во историјата на нашиот спорт. 

Лина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт

Ѓорческа денеска точно на пладне во 12 часот го игра првиот меч за една македонска тенисерка на Грен слем турнир, и тоа меч на легендарниот Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис.

Противничка на Лина е минатогодишната финалистка, шестета тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова.

На патот кон најголемиот свтески турнир, Ѓорческа во квалификациите извојува три големи победи,против Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0 во сетови (62 64), потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 за на крајот Лина да биде подобра и од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (6-1 6-2).

На Лина и посакуваме успех и во денешниот историски меч за продолжување на сонот, успешен настап на Грен слемот во Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бардовци и дел од Центар денеска без вода

Поради дефект на затворач ф-150 мм на ул. „Народен Фронт“ 21, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Дом на печат до ул. „Франклин Рузвелт“) и дел од ул. „Васил Ѓоргов“.

Бардовци и дел од Центар денеска без вода

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради реконструкција на пумпениот дел во Хидрофор Бардовци и поставување нова пумпа, денеска ќе има и прекин на водоснабдување во населното место Бардовци во раните утрински часови од 01:00 часот до 10:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер