Шоу бизШакира во новата песна „го опева“ својот поранешен свекор Колумбиската поп-ѕвезда Шакира објави нова песна под наслов „El Jefe“ („Шефот“), но иако зборува за работничката класа и експлоатацијата кон нив - најголемо внимание привлече стихот посветен на нејзиниот поранешен свекор.„Велат дека нема зло што трае повеќе од сто години, но мојот поранешен свекор е сè уште тука и не стапнал в гроб“, се вели во песната. Во овој дел од видеото, танчерите ѝ ја покриваат устата на Шакира, како да сакаат таа да не го спомнува тоа. Инаку, таткото на поранешниот опруг на пејачката, Жерар Пике, Жуан е бизнисмен и управува со компаниите на својот син... Па така, многумина претпоставуваат дека Шакира можеби укажува дека и тој ги искористува своите работници. Шакира ја сними песната заедно со мексиканската група „Фуерза регида“. За шест часа од пуштањето, видеото собра речиси три милиони прегледи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ФудбалТренерот на Севиља: Како Равиња не е меѓу номинираните за „Златната топка“?Капитенот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Бразилецот, Рафиња е во неверојатна форма, но сепак неговото име изостана од списокот со 30 номинирани за „Златната топка“ (Ballon d'Or).Бразилецот во последно време е еден од најважните фудбалери на Барселона, што го потврди и со брилијантниот настап во победата од 3–1 над Севиља. Капитенот на Барселона постигна хет-трик, продолжувајќи ја сезоната во која речиси сè што ќе допре го претвора во гол. По натпреварот, тренерот на Севиља, Луис Гарсија, не го криеше своето чудење што Рафиња не е номиниран за оваа престижна награда. „Постојат работи во фудбалот што не ги разбирам. Конкретно, како е можно Рафиња да не е меѓу 30-те номинирани за ’Златната топка‘? Тоа ми изгледа апсурдно.“ 🚨🌕 OFFICIAL: BALLON D’OR 2026 — THE 30 NOMINEES. 🏴 Harry Kane 🇧🇷 Vinicius Jr 🇪🇸 Fabián Ruiz 🇵🇹 Vitinha 🇪🇸 Ferran Torres 🇫🇷 William Saliba 🇫🇷 Dayot Upamecano 🇵🇹 Bruno Fernandes 🇪🇸 Pau Cubarsí 🇪🇸 Marc Cucurella 🏴 Jude Bellingham 🇫🇷 Ousmane Dembélé 🇨🇴 Luis Diaz 🇪🇸 Lamine Yamal 🇳🇴 Erling Haaland 🇧🇷 Gabriel Magalhães 🇲🇦 Achraf Hakimi 🇬🇪 Khvicha Kvaratskhelia 🇦🇷 Lionel Messi 🇸🇳 Sadio Mané 🇧🇷 Marquinhos 🇦🇷 Lautaro Martínez 🇫🇷 Kylian Mbappé 🇵🇹 Nuno Mendes 🇵🇹 João Neves 🇫🇷 Michael Olise 🇪🇨 William Pacho 🇲🇽 Julián Quiñones 🇪🇸 Rodri 🏴 Declan Rice — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 8, 2026 Рафиња постигна 12 гола на своите први седум првенствени натпревари оваа сезона, а додаде уште два во Лигата на шампионите. Вкупно, тој запиша 14 гола и три асистенции на осум натпревари. Веќе одигра три натпревари со најмалку два постигнати гола, а против Севиља го оствари својот втор последователен хет-трик. Интересно е што Бразилецот не се најде ниту на потесниот список од 30 кандидати за „Златната топка“, кој беше објавен на почетокот на септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДобрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултатиДобрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати-Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм.Дан Лаустсен и Џаф Кроневет, двајцата лауреати на наградата Специјална Златна камера 300 за животно дело и за особен придонес во филмската уметност, денеска беа на првата прес конференција на 47. ИФФК „Браќа Манаки“. Лаустсен говореше за соработката со Дел Торо и истакна дека ако се наврати на првиот филм кој го работеле заедно и е снимен дигитално, принципот на работа му се чинел дека е многу сличен како тој што е на филм. -Вистина е дека може да го смените во постпродукција, ќе пипнете две три копчиња и ќе добиете нешто сосема поинакво, но во случајов толку беа избрани сите бои во сценографијата, костимите, на сетот се работеше многу однапред и не сакавме ништо да менуваме и да доловиме се онака како што било додека се работело на филмот. Во „Уличка на кошмарите“ го направивме тоа, ја сменивме палетата на бојата, но тоа не ни се допадна и затоа се вративме на стариот принцип на работа, рече Лаустсен. Работел во САД и во Европа и рече дека го има истото искуство и дека најмногу зависи од буџетот на филмот колкава екипа ќе имате во тимот камера. -Во САД може да имате огромен буџет за филм, но мојот пристап е ист сакам да се работи со едно осветлување, со една камера затоа што така имате поголема контрола врз креативниот процес, рече Лаустсен. Кроневет работи со Дејвид Финчер долги години и рече дека Финчер е режисер од „старата школа“ и сака голем дел од работата пред снимањето на филмот да биде завршена. -Со него многу работиме однапред, многу ги разгледуваме сите можности, референци и доаѓаме до решение кое ни одговара нам. Се трудиме да ги пробиеме сопствените граници, тој сака да експериментира, ги користи сите технолошки иновации кои ни се достапни, рече Кроненвет. Тој посочи дека е убаво да се снима на филмска лента затоа што тогаш има една гледна точка и на режисерот и на кинематограферот и тогаш можете полесно да ја доловите, а кога се снима дигитално се добива некаков разногласие, рече Кроненвет. -Не се плашам да снимам на филмска лента затоа што не се плашам дека утрото ќе ми се јават од лабораторијата и ќе ми кажат дека се уништило тоа што се снимало. Филмот „Социјална мрежа“ со Финчер го снимавме дигитално и многумина не беа сигурни дали навистина филмот е снимен доготално и тоа за нас беше комплимент, рече Кроненвет. Добитникот на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува ДФРМ, Петар Арсовски кој проговори за значењето на наградата и за своите искуства на снимањето на филмовите во минатото, соработката со кинематограферите, режисерите и останатите колеги. -Наградата на ДФРМ за мене е посебна затоа што ја добивам од моите мнгу драги и строги критичари. Сум работел и со странци и со филмски работници од регионот и сметам дека македонските филмски работници не заостануваат во ништо, рече Арсовски. Посочи дека покрај со режисерот мора да има соработка како актер и со кинематограферот бидејќи тој е оној што забележува се што ќе одигра актерот. -Соработката меѓу кинематограферот и мене секогаш давала чудесни резултати бидејќи тие не се само сниматели тие се автори кои имаат безброј начини како ќе го пренесат актерот. И затоа сојузот со кинематограферот е најважен, рече Арсовски и подвлече дека сега начинот на снимање е сменет, но посветеноста не е различна. Посочи дека македонската кинематографија е рамо до рамо со европската и светската кинематографија. -Сега се појавија некои млади нови имиња кои добиваат награди на фестивали во светот и во регионот, еве и синоќа филмот на Дина Дума ми се допадна и среќен сум поради тоа и слободно можам копачките да ги закачам на ѕид и да уживам во тоа што тие го прават, рече Арсовски. 47. ИФФК „Браќа Манаки“ го отвори македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума. Денеска на прес конференција беше тимот на филмот и посочија дека од самиот почеток биле сигурни дека убаво ќе тече соработката. -Разговаравме за главниот лик и како да го пренесеме животот во Шутка, а тој никогаш не бил тука и затоа дојде, пиеше кафе со моите пријатели и се она што го виде во припремите се најде во филмот. Двете актерки не се професионални актерки, па импровизиравме, не се држевме многу до сценариото...на пример сцената со огледалцето, девојчињата вистински си играа со огледалцето и двајцата сфативме дека тое многу пореално од она што ја го имав напишано и затоа ја снимивме сцената, рече режисерката Дума и посочи дека воопшто не му било проблем да се снима во многу мали простори. Фредерик Нуаром е кинематографер на филмот и рече дека било лесно да одлучи да ја снима од рака главната протагонистка. -Ова сценарио не трпеше никакви лаги, бараше целосна транспарентност, а одлуката да ја снимаме главната протагонистка од рака дојде на самиот почеток бидејќи Лабина бараше да направан подолги кадри каде таа се движи со скејтборд, рече Нуаром. Лабина Митевска е продуцент на филмот и рече дека ова било прекрасен процес иако прв пат соработувала со Дина Дума. -Ме фасцинираше приказната и самиот факт што таа пристапи на сосема друг начин-сакаше да прикаже силни жени, сакаше класична музика во филмот...се беше спротивно на оние стереотипи кои ги знаеме досега за филмови кои се снимале за ромската популација, рече Митевска. Актерките посочија дека темата е мошне деликатна и дека најчесто се зборува за ромската популација а не со ромската популација. -Кога самата заедница ќе ја ставите да зборува за тоа добивате ваков филм. Овие прашања треба да се отвораат, Дина направи феминистички филм, покажува силни жени и се трудевме да не биде стереотипен филм, беше речено на денешната конференција. На карајот на делот посветен за прес конференции денеска беа претставени членовите на жиријата во главната селекција, документарната селекција и жирито од кратката селекција. Тие во поглед на одлучувањето посочија дека секако ќе обрнат внимание на работата на кинематограферите, но и на приказната. -Она што ќе го бараме е дали постои вистинска рамнотежа помеѓу раскажувањето на приказната и визуелните аспекти затоа што во идеални услови камерата би требало да ја надополнува приказната, а не да ја надмине, и тоа се гледа во првите 10 минути кога се гледа односот помеѓу режисерот и кинематограферот, рече Воли Фистер, кинематографер кој минатат година ја доби наградата Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската дејност, а годинава е дел од жирито кое ќе одлучува за филмовите во главната селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Нападнат Петер Маѓар! Обезбедувањето веднаш реагиралоУнгарскиот премиер Петер Маѓар бил полиен со вино за време на настанот „Денови на бербата во Сексард“, а целиот инцидент е снимен. Видеото потоа е објавено од самиот Маѓар на неговата Фејсбук-страница, со коментар дека „штета е за доброто вино од Сексард“. Патувајќи од Печ, Петер Маѓар застанал во Сексард на покана на локалните жители. Додека чекал храна на еден од штандовите, еден маж му пришол и ја истурил содржината на чашата врз него, пренесува „24HU“. Обезбедувањето веднаш реагирало и го отстранило мажот од местото на настанот. На видеото се гледа како припадник на обезбедувањето го оддалечува од просторот каде што се одржувал настанот. „Еден неуспешен борец за Орбан се напи за да собере храброст“, напиша Унгарецот, додавајќи дека, според него, на човекот му пречело тоа што присутните добро се забавувале, како и фактот што тој разговарал и се фотографирал со голем број луѓе. „Сепак, немаше доволно храброст да ми пријде и евентуално да ме погледне во очи“, рече Унгарецот. Тој додаде дека му е жал за истуреното вино. „Штета за доброто вино од Сексард“, рече унгарскиот премиер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16