3Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
ЗабаваШакира стави кукла вештерка и ја сврте кон куќата на досегашната свекрва (ВИДЕО)Односите меѓу семејството на Шакира и Пике се нарушени веќе некое време, но овој пат пејачката отиде чекор понатаму и на својот балкон постави кукла вештерка и ја насочи кон куќата на поранешната свекрва, пишува Marca.Нејзиниот бизарен потег наводно го загрижило семејството на Пике, а вештерката закована на метла била првото нешто што го забележала неговата мајка Монсерат Бернабеу. Новинарот Марк Леирадо Милан во една шпанска емисија изјавил дека мајката на Пике побарала од персоналот на Шакира да ја свратат вештерката за да не гледа во нивната куќа, која е на истата улица, но Шакира одбила да го стори тоа. Истиот новинар појаснил дека ваквата состојба трае веќе неколку недели и дека, очигледно, не се работи за безопасна шега. „Пред неколку недели добив информација дека мајката на Пике е загрижена за можен ритуал кој ѝ е направен преку вештерката, но јас тогаш не обрнував многу внимание на тоа“, изјавил тој. Shakira ha estado escuchando su sesión de BZRP en bucle hoy, donde también hay una bruja en el balcón que señala la casa de su ex suegra... pic.twitter.com/cnWeqmBW3h — Mateu Alemany Font (@MPadremanyFont) January 14, 2023 Да потсетиме, Шакира неодамна објави песна што соборува рекорди, упатена до Пике. Пике наводно ја запознал својата нова девојка со родителите на Шакира, кои живеат во негова близина, а минатото лето пејачката сакала да изгради ѕидови околу нејзината куќа за да го спречи пристапот до неговите родители.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 годиниЗа само две години, Мицкоски и неговата Влада ја задолжија државата со околу 4 милијарди евра нов долг.Околу 8 милијарди евра се вкупните задолжувања на сите влади во 35 години независна Македонија. Мицкоски за само две години направи половина од тој долг. Ова е економска неодговорност - опасно трупање долгови врз грбот на граѓаните. Ова е темпо на задолжување какво што Македонија не видела во својата историја. Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра, односно над 65 % од БДП, а каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра. Овие нови 4 милијарди евра не се ниту за подобрување на стандардот на граѓаните, ниту за мерки за граѓаните и капитални инвестиции, ниту за подобар живот. Ова се пари кои одат директно на контото на ВМРО ОКГ - во криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата криминална организација. И додека ја задолжуваат државата со историски размери, граѓаните за две години се соочија со тешка сиромаштија. Може Мицкоски да раскажува приказни за „трета економија“ во Европа и стабилизирана инфлација колку сака, реалноста што граѓаните ја живеат е сурова. За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Синдикалната кошничка е постапена за 10.000 денари. Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена. Статистиката ја гледаат граѓаните преку празниот фрижидер и паричник, високите сметки и поскапата храна. Вистината е дека Мицкоски ја задолжува државата до плафон, а граѓаните ги остава да живеат од ден за ден. Четири милијарди евра нов долг за само две години - а граѓаните немаат подобар живот. Имаат само нови долгови, повисоки цени и понизок стандард. Ова не е економска политика. Ова е сметка што ВМРО-ОКГ ја испраќа на грбот на граѓаните. И таа сметка допрва ќе стигнува. Прес-конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР ВелесМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформитеСали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија. Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати. Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието. Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите. Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка. Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија. „Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter