Опозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД
ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар
1Опозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД
2ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар
Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
1Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
Шоу бизШакира обвинета во Шпанија за затајување данок од над шест милиони евра Шпанските даночни власти покренаа обвинение против Шакира за затајување данок во вредност од над шест милиони евра.Како што пренесуваат западните медиуми, поп-пејачката наводно должи околу 6,7 милиони евра данок на нејзиниот приход во 2018 година. Притоа, користена била офшор-компанија со седиште во друга земја за да се избегне плаќањето данок во Шпанија. По разгледувањето на доказите собрани изминатите месеци, обвинителите одлучија да поднесат тужба. Пејачката досега немаше изјава за јавноста по новите случувања. Инаку, ова е веќе второ обвинение против колумбиската поп-ѕвезда, а таа веќе треба да оди на судење во Барселона на 20 ноември во посебен случај што зависи од тоа каде живеела во периодот од 2012 до 2014 година. Во тој случај Обвинителството наведува дека таа не платила 14,5 милиони евра данок. Обвинителите во Барселона соопштија дека таа требало да плати за нејзиниот престој во Шпанија, иако нејзиното место на живеење тогаш официјално било на Бахамите. Шакира живееше во Барселона до април оваа година, кога по прекинувањето на врската со Жерар Пике се врати во Мајами, САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОпозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САДВо албанскиот парламент се случи вистински хаос откако опозициски пратеник одзема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД, по што следуваше драматична потера низ собраниската зграда.На социјалните мрежи случката ја споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“. На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите американски држави, по што се обидува да го напушти местото. На снимката се гледа како пратеникот трча низ парламентот со документот во рацете, додека по него трча секретарката на Собранието во обид да го запре. 🇦🇱 Chaos in the offices of Albania's Parliament. Opposition MP Agron Shehaj stole a classified copy of the military agreement between Albania and the US. The Parliament secretary fell down the stairs while trying to stop him. https://t.co/kYakoDNP0K pic.twitter.com/n7QRkc6j16 — kos_data (@kos_data) July 27, 2026 Додека трае потерата таа паѓа по скалите.инцидентот предизвика бројни реакции, а снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПрвиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболениОваа година заклучно со вчера, во Mакедонија се регистрирани осум случаи на Западно-нилска треска, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. Од регистрираните случаи, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен. „Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и од Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инку-бацискиот период покрива и престој во Македонија. Почетокот на симптомите кај 5 лица од заболените е регистиран во месец јули. Кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден случај во мај“, пишува во извештајот од Институтот. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на сезоната на пренос од оваа година, а заклучно со 22 јули, идентификувани се 35 региони погодени од вирусот на Западно-нилска треска. Во шест земји во европа овие региони се наоѓаат во Италија , Грција Романија, Македонија, Шпанија и Франција. Во оваа сезона, кај луѓе во европскиот регион, првиот регистриран случај е од Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ФудбалМастантуоно оди на позајмица во Бенфика?Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го испраќа талентот Франко Мастантуоно на калење во Бенфика? Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, би можел да го напушти клубот ова лето и да замине на позајмица. Бенфика се спомнува како голем фаворит за неговиот потпис. Мастантуоно има само 18 години и не успеа да избори поголема минутажа по доаѓањето од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра. Со доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг, дополнително ќе се заостри конкуренцијата на позицијата десно крило. Затоа Мадрид и Жозе Мурињо сакаат да му најдат клуб каде што би играл редовно. Очигледно, покрај Бенфика, заинтересирани се и Фулам и Фиорентина, но португалскиот клуб има предност бидејќи игра во европските натпреварувања. Реал верува дека позајмицата би можела да има ефект сличен на оној од престојот на Ендрик во Лион минатата сезона, каде што Бразилецот доби минути за развој и имаше добри настапи.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20