Шакира на удар на критики- камерманот падна пред неа, сите во шок што направи пејачката (ВИДЕО) - Канал 5

Шакира на удар на критики- камерманот падна пред неа, сите во шок што направи пејачката (ВИДЕО)

Латино ѕвездата Шакира е критикувана на социјалните мрежи откако се појави видео од нејзиниот настап во Мексико минатата година, на кое таа го игнорира снимателот кој падна пред неа.

Шакира на удар на критики- камерманот падна пред неа, сите во шок што направи пејачката (ВИДЕО)

Видео од нејзиниот септемвриски концерт во Веракруз повторно е споделено на социјалните мрежи, првенствено на мрежата X, а пејачката е критикувана за нејзиното однесување.

Во видеото, Шакира може да се види како оди низ публиката за да стигне до сцената и да го започне својот настап, додека камерманот, кој ја снимал, одел пред неа.

Со оглед на тоа дека одел наназад, се сопнал и паднал, а додека другите околу него брзале да помогнат, пејачката го погледнала шокирано, а потоа отишла до сцената.

Имаше многу критики на социјалните мрежи за нејзиното игнорирање на снимателот, а некои тврдеа дека требало да застане и да провери дали е добро. Други сметале дека нејзиното одложување на излегувањето на сцената ќе го нарушило целиот настап и дека реакцијата била оправдана.

Само една објава собрала повеќе од 2,5 милиони прегледи и мноштво коментари.

@__mrecords__ A cameraman falls right in front of her… and she doesn’t even react. That level of focus (or indifference) is crazy 😂 #Shakira #celebrity #celeb ♬ Betty's Butt - Speciimen

Пејачката настапи во Веракруз како дел од нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Минатиот месец таа настапи и во главниот град на Мексико, каде што собори рекорд откако 400.000 луѓе присуствуваа на нејзиниот бесплатен концерт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада е „една од најлошите земји во целиот свет“. 

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една од најлошите земји во светот. Знаете, ние добро соработуваме со Кина, добро соработуваме со луѓето и склучуваме добри договори“, рече Трамп во Овалната соба.

„Но, навистина беше многу тешко да се соработува со Канада.

Тие воведоа царини од 400 отсто и повеќе за нашите земјоделци. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба“, додаде тој. Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба. Денес стапи на сила забраната на Трамп за увоз на канадски стоки во вредност од речиси една милијарда долари, што претставува нова ескалација на трговскиот спор меѓу двете земји. Забраната се однесува на млечни производи, моторни возила и низа алкохолни пијалаци од Канада.

При потпишувањето на извршните налози за забраната, Трамп како причина ја наведе „дискриминацијата“ на американските производи.

Односите меѓу САД и Канада се невообичаено лоши за време на вториот мандат на Трамп. Причината не се само трговските спорови, туку и потезите на претседателот насочени кон припојување на Канада кон Соединетите Држави. Ситуацијата ескалираше во август по неуспехот на трговските преговори, по што двете земји воведоа меѓусебни царини. Претходно овој месец, Карни истакна дека неговата земја премногу се потпирала на „лесни“ економски врски со САД.

„Изминатите 40 години беа период на длабока економска интеграција со Соединетите Држави. Точно е дека тоа беше лесен пат, но нè направи премногу зависни од еден економски партнер. Јасно е дека тоа време помина“, изјави Карни во видео објавено на YouTube на почетокот на септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. 

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата..

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата.

-Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил  управуван од 70-годишна жена

Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје.

„Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер