Шоу бизШакира и Том Круз снимени заедно на трка на Формула 1, дали се во врска (ВИДЕО)Актерот Том Круз и пејачката Шакира се снимени на Формула 1 трката во Мајами.Откако се пресели таму со децата, Шакира ретко се гледа во јавноста, а сега е фотографирана во друштво на холивудскиот актер. Пејачката на трката на Формула 1 пристигна со својот син. На трибините папараците ја снимија како разговара со Круз, а потоа заедно прошетаа низ толпата. Круз го прескокна крунисувањето на кралот Чарлс за да биде на трката, а неговото појавување со Шакира особено го привлече вниманието на фановите. Shakira and Tom Cruise spotted at the Miami Grand Prix. pic.twitter.com/ARLs6ovLpB — Pop Base (@PopBase) May 7, 2023 Веднаш по објавувањето на нивните заеднички фотографии, фановите почнаа да шпекулираат дали станува збор за нова славна двојка. „Па, и двајцата се сингл. Значи, можеби“, „Се гледаме“, „Што се случува со славните парови оваа година? Шакира и Круз снимени заедно?“, „Шакира, те молам, кој било освен Том Круз“, „ Том Круз стигна до Шакира пред Пит Дејвидсон“, се само дел од коментарите на фановите. Can y’all stawp clarifying every rumour? Y’all Shakira and Tom Cruise are seeing each other and she’s looking or a house next door to Tom’s.😭😭 pic.twitter.com/zdSXZfZZuX — Asandé (@kewchiy) May 8, 2023 Wtf is going on w these celebs couples in 2023 its like sooooooooo ???? Fym shakira and tom cruise spotted together? — may (@getouDNI) May 8, 2023 Tom Cruise got to Shakira before Pete Davidson did https://t.co/iqlepxKiE6 — Eduardo (@heyitseduardo) May 8, 2023 Shakira and Tom Cruise were spotted together at the Miami Grand Prix‼️👀 pic.twitter.com/2y96ZdxE2b — Pubity News (@pubity) May 8, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе запали автобус на „Дурмо Турс“ на автопатот Тетово ГостиварАвтобус на компанијата „Дурмо Турс“ денеска се запали на автопатот Тетово Гостивар, предизвикувајќи вознемиреност кај патниците и останатите учесници во сообраќајот. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е зафатен од пламен, додека густ чад се издига над коловозот. Според првичните информации, возачот навреме го запрел автобусот, по што сите патници безбедно биле евакуирани. Засега нема информации за повредени лица, а на местото на настанот интервенирале противпожарни екипи кои го локализирале пожарот. Надлежните институции вршат увид за да се утврдат причините за избувнувањето на огнот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС ОпенСабаленка ги шокираше навивачите со проѕирен фустан за УС Опен-Погледнете што ќе носи популарната „тигрица“.Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка ја претстави својата облека за престојниот Грен слем УС Опен. Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, ја претстави својата опрема за УС Опен. Откако неславно го заврши настапот на Вимблдон, таа ретко се појавуваше во јавноста, а сега одлучи да ги израдува навивачите со облеката што ќе ја носи на последниот Грен слем турнир во сезоната. Брендот „Најк“ и тенисерката од Белорусија овојпат направија чекор понапред. „Тигрицата“ ја брани титулата на УС Опен, откако победи во 2024, а потоа и во 2025 година. Ако се суди според најавите, ќе гледаме агресивна и енергична Сабаленка, каква што сме навикнати да ја гледаме. Облеката што ја претстави го навести токму тоа. Сабаленка се одлучи за портокалова боја – маичка и шорцеви, а претходно ќе носи и мрежест фустан. US Open outfit pic.twitter.com/pIOVmEpisS — 👑 Aryna Sabalenka 🐯 Daily (@SabalenkaDaily) July 30, 2026 Иако популарниот бренд досега не ѝ овозможувал на Сабаленка уникатни спортски комплети, овојпат тоа секако ќе се случи. Јасно е дека опремата што ќе ја носи Белорусинката е инспирирана од „Спајдермен“, а се очекува и други тенисерки кои го носат овој бренд да се појават во слични изданија. Црната мрежа што ја прекрива дводелната спортска опрема е директна асоцијација на филмот, чија премиера е закажана за јули 2026 година. Нема сомнеж дека изданието на Арина Сабаленка ќе предизвика бројни реакции, бидејќи коментарите постојано се менуваат – од позитивни до негативни – само неколку часа по објавувањето на видеото. Фановите не ја изоставија ниту Наоми Осака, од која очекуваат уште поспектакуларно издание, слично на оние од претходните три Грен слем турнири. Воедно, ова веројатно е последниот Грен слем на кој Сабаленка ќе носи стандардна облека од „Најк“ (Nike) како и останатите тенисерки, бидејќи уште во 2027 година би можеле да ја видиме во персонализирани комбинации.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканФото: Змија виси над волан на автомобил во БиХКорисниците на социјалните мрежи биле изненадени од видео од Сјеница кое неодамна кружи на интернет. Сопственикот на автомобилот снимил змија како виси од вратата на автомобилот. Таа висеше веднаш над воланот, обидувајќи се да се ослободи; како успеа да се заглави во вратата на автомобилот останува непознато. Оваа необична глетка ги забавуваше многу корисници. „Ја закачи како освежувач на воздух“, гласеше еден од коментарите. https://www.instagram.com/reel/DbjENoYxfSq/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: змија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook