Шакира е во врска со британски актер: Ја користи за да стане славен (ФОТО) - Канал 5

Шакира е во врска со британски актер: Ја користи за да стане славен (ФОТО)

Шакира се забавува со британскиот актер Лусиен Лависконт, ѕвездата на серијата Емили во Париз, пишува Дејли Мејл.

Шакира е во врска со британски актер: Ја користи за да стане славен (ФОТО)

Двојката и претходно ги поттикна гласините за врска. Пејачката, всушност, на Инстаграм објави фотографии на кои позираат интимно, а странските медиуми потоа објавија дека згодниот актер ќе биде главна ѕвезда на спотот за нејзината нова песна Punteria.

Сега, извори блиски до парот потврдија дека се забавуваат, но нивната врска се уште не е сериозна. Пријателите на Шакира наводно се загрижени бидејќи мислат дека Лусиен излегува со Шакира само затоа што таа е многу позната. Се плашат, пишуваат медиумите, дека ќе ѝ го скршат срцето.

"Шакира е очајна за љубов, но нејзините пријатели се загрижени бидејќи Лусиен претходно бил во врски со жени кои не се толку познати. Сега се гледа со Шакира, која само сака љубов. Многумина се загрижени дека тој сака само да биде со неа за луѓето да знаат за него, за да го препознаат неговото име. Се гледаат, но сè уште не е ништо сериозно“, рекол изворот и додал дека Шакира се уште не го преболела нејзиниот поранешен сопруг Жерар Пике.

Да потсетиме, Шакира го запозна фудбалерот во март 2011 година, кога го снимаше спотот за хитот Waka Waka. Тие беа заедно 12 години, а се разделија во јуни 2022. Двојката има два сина - Милан и Саша.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-Фото: Џенифер Лопез во смело издание: Сите погледи вперени во нејзиниот грб

Латино дивата Џенифер Лопез блесна во Париз, каде што присуствуваше на хуманитарна гала-вечер организирана од „Naked Heart France“ и повторно привлече внимание со својот моден избор. 

Видео-Фото: Џенифер Лопез во смело издание: Сите погледи вперени во нејзиниот грб

Иако овојпат ја пропушти самата модна ревија,светската музичка ѕвезда се појави на еден од придружните настани во впечатлива комбинација.

Џенифер пристигна во смел кафеав фустан со целосно отворен грб и драматичен шлиц што се протегаше високо по нејзината нога. Изгледот го заокружи со црни чевли со отворени прсти и мала чантичка.

Таа им се насмевна на бројните фотографи додека многубројни камери го овековечуваа нејзиното појавување.

Меѓу гостите на хуманитарната вечер беа и други истакнати личности од светот на модата, вклучително и Стела Макартни. Организацијата „Naked Heart France“ е основана од манекенката Наталија Водјанова и е посветена на подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам и нивните семејства во Франција.

Во последните недели, Џенифер Лопез привлекува големо внимание со своите појавувања на модни настани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Историски момент за Кавадарци, започнува изградбата на новиот Младински културен центар!

Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Историски момент за Кавадарци, започнува изградбата на новиот Младински културен центар!

-Историски момент за Кавадарци! [❤️]

Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење. Младинскиот центар ќе биде на второто ниво, со површина од околу 800 м² и со посебен влез, како дел од новиот деловно-трговски комплекс кој ќе се простира на околу 6.000 м².

Современ простор за култура, образование, креативни работилници, настани, дружење и младински иницијативи.

Комплексот ќе располага со 25 паркинг места, плус дополнителни околу 40 места пред објектот.

Целокупната инвестиција и изведба на објектот е од страна на Five Star Building, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џим Кери тајно се ожени со 32 години помлада девојка 32 години помлада

Според американските медиуми, холивудската ѕвезда, актерот Џим Кери (64) се оженил со Мин А (32) на мала, приватна церемонија во Лос Анџелес, девет месеци откако првпат се појавија заедно во Париз. 

Џим Кери тајно се ожени со 32 години помлада девојка 32 години помлада

Двојката главно ја чуваше својата врска подалеку од очите на јавноста, а првпат заедно се појавија на црвениот тепих во Париз.

Џим Кери претходно изјавуваше дека не планира повторно да стапи во брак.

Кери и Мин А првпат заедно прошетаа на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Цезар“ во Париз, тие се во врска од 2022 година. Тој главно ја чуваше врската со уметницата во тајност, иако ѝ се заблагодари во говорот на таа церемонија и изјави дека ја сака.

Актерот претходно изјави дека не планира повторно да стапи во брак. За време на гостувањето во емисијата *The Howard Stern Show* во 2014 година, тој го изнесе ставот дека тоа не е неопходно.

„Едноставно не го сметам за неопходно“, рече тој, додавајќи дека иако не може да знае како би се чувствувал доколку запознае некоја личност што целосно би го освоила, сепак не би тргнал доброволно во тој правец.

Тој претходно беше во брак со Мелиса Вомер од 1987 до 1993 година, со која ја има ќерката Џејн. Нивниот развод беше опишан како тежок, а спогодба беше постигната во 1995 година. Браковите и медиумски експонираните врски на Џим Кери Потоа, во 1996 година, се ожени со Лорен Холи, неговата колешка од филмот *Dumb and Dumber* („Глупавиот и поглупавиот“), но таа поднесе барање за развод помалку од една година подоцна.

Во 1999 година, Џим Кери започна врска со Рене Зелвегер – со која и се сврши – но тие раскинаа во 2000 година. Потоа, од 2005 до 2010 година беше во врска со Џени Мекарти. Подоцна, се поврзуваше со неколку други жени, меѓу кои шминкерката Катриона Вајт и актерката Џинџер Гонзага, пренесува Klix.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер