Шакалот намножен, ловџиите бараат новиот закон да дозволи отстрел - Канал 5

Шакалот намножен, ловџиите бараат новиот закон да дозволи отстрел

Шакалот кој е предатор, грабливец и лешинар се почесто напаѓа зајаци, срни фазани и еребици, но и незаштитени стада овци и кози, како и пердувеста живина по селата.

Шакалот намножен, ловџиите бараат новиот закон да дозволи отстрел

Последниве две – три години толку многу се намножил што наместо чистач и одржувач на природната рамнотежа, станува опасност за ловиштата, велат од велешкото ловечко друштво „Руен".

„Руен" до надлежното МЗШВ за опасноста од шакалот апелира од 2012 година.

Како што вели за МИА управителката на „Руен", Анета Андова, од новиот закон за ловство кој е во фаза на донесување се очекува шакалот да биде прогласен за штетен дивеч. Со тоа ќе се дозволи негов отстрел. Со сегашниот закон е заштитен и за негово незаконско ловење е предвидена казна од 3.000 евра.

-Шакалот во зголемен број се појави во 2012-та, а последиве две – три години толку многу се намножи што претставува се' поголема опасност за поситниот дивеч и птиците во ловиштата, како и за поситната стока во селата, предупредува Андова.

Таа информира дека во Велешко за опасност од шакали најмногу поплаки имаат од жителите од селото Отовица кое е во непосредна близина на велешкото езеро „Младост". „Руен" тоа го констатира и од увидот на терен, но смета дека шакалите ги има и во поширокиот велешки регион и пошироко во земјава.

Андова појаснува дека за се' поголема опасност од шакалите виновни се и луѓето кои создават диви депонии на кои исфрлаат остатоци од органско ѓубре, умрени животни и отпадоци од заклани животни. Тоа ги привлекува шакалите кои се пред се' лешинари. Шакалот, според неа, лесно може да биде и е преносител на паразити и заразни болести.

-Затоа, како во соседните земји, во новиот закон за ловство треба итно да се прогласи за штетно животно. Со тоа ќе се дозволи негов отстрел. Тоа го бараат ловците, но и граѓаните кои секојдневно трпат штети, потенцира Андова.

Во постојниот Закон за ловство, трајно се заштитени мечката, рисот, дивата мачка, јазовецот, видрата, верверицата и други ретки животни и птици кои живеат во Македонија, меѓу кои и шакалот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер