Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси
2Собранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процеси
3Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!
3Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
МакедонијаШахпсака: Прашањето за предвремено пензионирање не е отворено Се отвори законот за работни односи и прекинување на договорот за работа на 64 години, прашањето за предвремено пензионирање не е отворено.Законот за откуп на стаж и предвремено пензионирање не е отворено, во моментов се вршат измени на Законот за работни односи со кој е предвидено да завршат договорите за работа на 64 години возраст и 15 години работен стаж и на жените и на мажите, а дава можност и да се продолжува работниот стаж на здравствените работници, но не повеќе од навршување 67 години возраст. Ова го соопшти министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на градинка во населеното место Миладиновци. -Не пензионираме никого предвреме, правиме измени, заедно со пратениците, кои го предложија законското решение во координација со МТСП, односно предлог измени на Законот за работни односи во кој го дефинираме траењето на договорите за работа, рече министерката. Појасни дека со измените се предлага договорот за работа да прекинува со наполнети 64 години возраст и 15 години стаж, што ги обединува како жени така и мажи согласно уставот да се еднакви. -Не пензионирање, туку завршување на договорот за работа што индиректно инпутира дека сите со 64 години треба да одат во пензија, рече Шахпаска. Таа додаде дека очекувала и власт и опозиција дека ќе го поддржат ова законско решение. Но,како што истакна, токму во оние закони каде ги правиме исклучоците, а имајќи ги предвид бројот на здравствени работници што ни се неопходни, да може нивниот работен век да се продолжува година за година најмногу до 67 години, опозицијата поднела 480 амандмани. -Во услови на пандемија кога целиот свет се бори и кога и еден здравствен работник претставува сериозен придонес, опозицијата поднесе 480 амандмани со кој овозможуваме здравствените работници да продолжат да работат заради јавниот интерес, рече Шахпаска. Таа додаде дека тоа можноста за докуп на стаж и предвремено пензионирање е друг закон кој воопшто не е отворен. -Продолжуваме со реформите. Станува збор за докуп на стаж и предвремено пензионирање што не е предмет на дебата, ниту е приоритетен закон. Приоритетен е законот за работни односи, а потоа ќе го отвориме прашањето за докуп на стаж и предвремено пензионирање, потенцира министерката. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Њујорк почнува 81. заседание на Генералното собрание на ОНОколу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк.Генералната дебата на 81-та сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „обнова на довербата, управување со трансформацијата: обединети нации што им служат на сите“. Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.Тагови: Генералното собрание на ОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаСуперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезонаМЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово ќе се борат за трофејот во натпреварот кој на 26 септември ќе се игра во спортската сала во КумановоНовата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“. Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово. Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија. Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија. Така, за првиот трофеј во новата сезона ќе се борат: МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ воедно ќе биде и прва официјална пресметка во новата сезона, со што и официјално ќе започне новото поглавје во македонската клупска кошарка.Тагови: Драган Василов – Цевка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието и ФИНКИ потпишаа Меморандум за соработка за примена на вештачката интелигенција во собраниските процесиДенес во Собранието на Република Македонија беше потпишан Меморандум за соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.Соработката е насочена кон унапредување на дигитализацијата на собраниските процеси и развој на решенија засновани на вештачка интелигенција, со цел поефикасно користење на податоците, документите и знаењето со кои располага Собранието. Претседателот Гаши упати благодарност до професорите и тимот на ФИНКИ, до собраниските служби и до сите чинители кои придонесоа за воспоставување на соработката, оценувајќи ја како пример за поврзување на науката, технологијата и институциите во служба на демократијата, ефикасноста и јавниот интерес. Претседателот на Собранието, Африм Гаши истакна дека оваа соработка претставува важен чекор кон модернизација и дигитализација на работните процеси на Собранието, кое располага со значајни податоци, знаења и капацитети. Целта е да се обединат собраниските капацитети за вештачката интелигенција да го најде своето место во работата на Собранието, на одговорен и безбеден начин. Тој додаде дека во рамките на соработката ќе се работи на подготовка, стандардизација и анализа на собраниските документи, стенограмите и аудиовизуелните материјали, со цел тие да можат да се обработуваат и користат со помош на алатки засновани на вештачка интелигенција. Проф. Димитар Трајанов - раководител на проектот Везилка и проф. Петре Ламески - декан на ФИНКИ истакнаа дека партнерството со Собранието претставува можност научното и академското знаење да се поврзе со реалните потреби на една од клучните институции во државата. Тие посочија дека преку проектот „ВЕЗИЛКА“ ќе се работи на развој и примена на современи решенија од областа на вештачката интелигенција, при што посебно значење ќе има подготовката и структурирањето на податоците потребни за нивна ефикасна примена. Примената на новите технологии ќе се одвива со почитување на највисоките стандарди за безбедност и доверливост при обработката и користењето на податоците, со цел помодерно, поефикасно и потранспарентно Собрание, но и конкретен чекор кон остварување на визијата за институција која ја користи технологијата за подобро да им служи на граѓаните. Во рамките на проектот „ВЕЗИЛКА“, чиј носител е ФИНКИ, предвидено е активностите да се реализираат во периодот од април 2026 до март 2029 година.Тагови: ФИНКИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook