Шахпаска се сретна со австрискиот амбасадор Вуцас

„Австрија е силен поддржувач на политиките на Македонија во областа на трудот и социјалата, соработката во размена на искуства продолжува“.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, д-р Георг Вуцас, на која уште еднаш беа истакнати пријателските односи коишто ги негуваат двете земји и долгогодишната поддршка на Република Австрија во многу проекти од областа на трудот и социјалната заштита.

Министерката Шахпаска посочи дека работата во Министерството за труд и социјална политика е голем предизвик и во нормални околности , а уште поголем во време кога целиот свет е погоден од корона кризата од кој не е исклучок ниту нашата држава.

„Владата на Република Македонија во време на пандемија предизвикана од корона вирусот воведе економски пакети за помош на граѓаните, стопанството , економијата. Зачувувањето на секое работно место и помош на најранливите категории на граѓани се наш приоритет и тоа го реализиравме токму преку мерките за помош во корона криза во изминатиот период. Во подготовка е и четврт пакет економски мерки кои се однесуваат на помош и поддршка на самохраните родители, пензионерите со ниски пензии и останати категории кои не беа опфатени со досегашните мерки“, истакна Шахпаска.

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете земји, потпишаниот Меморандум за соработка од областа на трудот и социјалната политика меѓу двете земји во 2014 година, а продолжен во 2019 година, кој меѓу другото вклучува размена на искуства од областа на трудот и социјалната политика, право на вработените од областа на безбедност и здравје при работа и трудовата инспекција, развој на социјалниот дијалоги други области.

Амбасадорот Вуцас нагласи дека од исклучително значење е двете држави да го продолжат Меморандумот за соработка и изрази надеж дека условите со светската пандемија ќе дозволи тоа, овој пат да се случи во Република Македонија.

Како приоритети на кои ќе работи Министерството за труд и социјална политика во периодот кој следува Шахпаска ги посочи социјалната реформа и нејзината имплементација, децентрализацијата на социјалните услуги, деинституализацијата и новиот Закон за работни односи кој претставува втор стожерен закон кој ќе ги уредува прашањата во областа на трудот.

На денешната средба беа вклучени и претставници на СОС детското село, проект започнат 1997 година, а веќе од 2002 година започнат со згрижување на деца, како дел од меѓународната мрежа на СОС Детски Села Интернационал, присутна во 136 земји во светот е посветена на заштита и примена на детските права.

Амбасадорот, д-р Георг Вуцас изрази задоволство од денешната средба со министерката Шахпаска во однос на успешно продолжување на започнатите проекти и во насока на идна и плодна соработка во областа на трудот и социјалните политики.

Министерство за труд и социјална политика

Ковачевски: Ако ДПМНЕ се дограбат до власт, можеме да се збогуваме со ЕУ

Ако ДПМНЕ се дограбат до власт, можеме да се збогуваме со ЕУ, ќе нè изолираат и ќе нè скараат со сите.

Обраќајки се на присутните на вечерашниот митинг во Македонски Брод, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, посочи дека не смееме да ја повториме грешката од минатото и да ѝ дадеме преголема моќ на десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи ги дека сѐ уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење.

„Денес сите ја видовте изјавата на претседателот на ЕС, Шарл Мишел, кој јасно порача и ЕУ и земјите кандидати да бидат спремни до 2030 година за прием. Не ги слушајте што зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ дека проширување нема да се случи. Така зборуваа и за НАТО и мораше СДСМ да дојде на власт, за да влеземе во НАТО. Така зборуваа и за отпочнување на преговорите со ЕУ, па мораше СДСМ да дојде за да отпочнат преговорите со ЕУ. Ако тие дојдат до власт, 2030 година ќе ги гледате Црна Гора и други држави како седнуваат на столчињата во Брисел, а нашето повторно со ВМРО ќе остане празно. Изборот е ваш, почитувани граѓани! Или ќе живееме во лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата екипа или сите заедно ќе изградиме слободна, просперитетна и европска иднина. “, изјави Ковачевски.

Ковачевски вели и дека доколку ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власт, ќе стават рампа на патот кон Брисел и може да се збогуваме со Европската Унија.

„Слушнете ги само изјавите на Мицкоски и неговата кандидатка Силјановска и ќе ви стане јасно дека немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ. Напротив, ќе нè изолираат, ќе нè затворат, ќе нè скараат и со соседите и со меѓународната заедница“, вели Ковачевски и ги потсети граѓаните дека изборот на 8 мај е во нивни раце и само тие одлучуваат во каква Македонија сакаат да живеат.

„Јас можам цврсто да ви гарантирам дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европска Македонија и ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност“, порача Ковачевски.

Ковачевски ги повика граѓаните да гласаат за силен СДСМ во собранието и да не дозволат државата повторно да падне во изолација и да биде раскрчмена од Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

„Нашата мисија е Македонија да продолжи цврсто да гази по патот кон Европа и чекор по чекор да изградиме подобра иднина за сите“, заклучува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ковачевски: СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност

„СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност, никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да ја уназадува државата, никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да си игра со иднината на нашите деца“, порача вечерва претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, од Македонски Брод.

„СДСМ и Коалицијата за европска иднина на овие избори оди заедно со граѓаните кои веруваат во европска Македонија и кои се подготвени да се борат за таа иднина. Основната цел на нашата програма останува брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ, затоа што знаеме дека само на тој начин ќе обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство“, рече Ковачевски.

Ковачевски посочи дека гласањето на претстојните избори почнува од нула и повика граѓаните да се приклучат на прогресивните и демократските сили и да гласаат за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија и претседателот Стево Пендаровски. Во обраќањето Ковачевски додаде дека граѓаните бираат во каква држава ќе живеат и или ќе се вратиме назад во криминалното владеење на Груевски и тоталитаризмот или ќе заедно ќе изградиме слободна и европска иднина.

„Ние бевме меѓу граѓаните кога инфлацијата и енергетската криза беа сериозна закана за животниот стандард и стабилност во нашата држава. Бевме меѓу граѓаните за време на КОВИД кризата. И денес сме меѓу граѓаните. Добро ги знаеме вашите проблеми, вашите надежи и очекувања. Вие со вашите искрени критики и барања за иднината нѝ помогнавте да ја креираме нашата изборна програма. Таа програма е реална, остварлива и содржи автентични социјалдемократски политики и мерки“, рече Ковачевски.

Притоа, Ковачевски додаде дека во програмата се содржани конкретни чекори и политики за зголемување на платите и пензиите, мерки за поддршка на средношколците и студентите, економски пакети за земјоделци, како и реален и остварлив план за зајакнување на македонската економија.

„Најавуваме одлучна и конечна борба против злоупотребите, неправдите, системската корупција. Од тоа не отстапуваме“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

Кинескиот претседател Си Џинпинг во посета на Франција

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе пристигне во посета на Франција, при што францускиот претседател Емануел Макрон ќе се обиде да се договори со него за намалување на трговскиот дисбаланс и да влијае врз него да го искористи своето влијание врз Русија во врска со војната во Украина.

Ниту една од двете цели нема да биде лесно да се постигне за време на дводневниот престој на Си Џинпинг во Франција и во услови на растечки трговски тензии меѓу Европа и Кина, пренесуваат светските агенции.

Франција ја поддржува истрагата на Европската унија за извозот на електрични возила од Кина, а во јануари Пекинг почна истрага за увоз на бренди, кој главно се произведува во Франција, што се смета за контрамерка на зголемениот број европски истраги.

Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам

 Австралиската полиција соопшти денеска дека 16-годишен тинејџер бил убиен во интервенција на полициските службеници, откако доцна синоќа избодел со нож маж во Перт, главниот град на Западна Австралија.

Има сомневање дека 16-годишникот, вооружен со кујнски нож, бил радикализиран преку Интернет, а нападот укажува на тероризам, соопштија локалните власти.

„Нападот во предградието Вилетон имаше знаци на тероризам, но сè уште не е прогласен за терористички чин. Во оваа фаза се чини дека напаѓачот дејствувал сам“, изјави премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук на прес-конференција во Перт.

притисни ентер