Други спортовиШахистките на Алкалоид државни првенки на Македонија Шахистките на Алкалоид со убедлива и сигурна игра и со максимални пет победи во пет кола стигнаа до 10 бодови, кои им ја донесоа шампионската титула за 2025 година.Во последното коло од Екипното државно првенство за жени, кое се игра во Струмица, фармацевтките стигнаа до победа изразена со 3,5:0,5 против ШК Неготино, кој го завршува турнирот на третото место со 6 бода. Второпласирана е екипата на МШК Центар со 8 меч-бодови. Екипата на ШК Алкалоид, со комплетен состав ИМ Лела Јавакишвили, ВМ Бела Котенашвили, ЖФМ Моника Стојковска, ЖИМ Габриела Коскоска, ЖФМ Моника Жежовска и Леа Ефтовска, на целиот турнир оствари 17 победи, само 3 ремија и ниедна загубена партија во сите мечеви. - Карактеристика на мечевите во женска конкуренција се големата непредвидливост и многуте пресврти. И овојпат беше така, имаше многу оган на таблите, навистина голема борба. Во пресудниот меч за титулата одлична партија изигра женскиот ФИДЕ-мајстор, повеќекратната државна шампионка Моника Стојковска, но и таа партија како и другите беа плод на повеќемесечните подготовки. Овој пат разработувавме повеќе сценарија, што не е типично за екипните мечеви, па сметам дека бевме соодветно подготвени. Не беше лесно ниту за интернационалките на првите табли. Имаа тешки партии, иако, со исклучок на екипите на Центар и на Неготино, другите екипи не располагаа со висококвалитетни играчи. Конкуренцијата беше сконцентрирана во помал број клубови, но повеќе проблеми создаде одлуката на ШФМ да се играат две кола во еден ден, бидејќи тоа влијаеше врз ритамот. Посакувам во женскиот македонски шах да продолжи развојот на младите таленти, што реално треба да биде долгорочна заложба во интерес на македонскиот шах – изјави ВМ Влатко Богдановски, капитен на женскиот тим на ШК Алкалоид. Со овој триумф се отвора патот кон двојната круна затоа што и машката екипа на ШК Алкалоид е во водство по пет одиграни кола.Тагови: шах ШК Алкалоид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПроект „Топлотен бран“ во Кисела Вода: Грижа за граѓаните при високи температуриГрижата за здравјето на граѓаните во услови на летните високи температури, е во фокусот на заедничкиот проект „Топлотен бран“, кој Општина Кисела Вода го реализира во соработка со Општинската организација на Црвен крст-Кисела Вода. Проектот се реализира преку Секторот за месна самоуправа при општината. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со претставници од општинската администрација, тимови на Црвениот крст и медицинско лице, на најфреквентните локации, парковите и автобуските постојки низ општината делеа шишиња со ладна вода, со цел да им се олесни движењето на граѓаните кои имаат неодложни обврски на отворено. Истовремено, стручните лица даваат медицинска помош и совети, а по потреба се врши и транспорт на ранливите лица до нивната крајна дестинација. -Грижата за нашите жители, особено во вакви екстремни временски услови, е наш врвен приоритет. Свесни за опасностите што ги носат високите температури, преку проектот „Топлотен бран“ излеговме на терен за директно да им помогнеме на граѓаните кои мораат да бидат надвор од своите домови. Заедно со нашите докажани партнери од Црвениот крст, обезбедуваме вода за освежување, но и стручна медицинска поддршка и безбеден транспорт за оние на кои им е најпотребно. Апелирам до сите граѓани да ги почитуваат препораките на здравствените институции, да избегнуваат излегување во најтоплите делови од денот и да се грижат за своето здравје-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЛишено од слобода едно лице во Скопје, пронајдена и одземена дрогаД.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. На 04/05.08.2026, постапувајќи по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ во Скопје извршен е преглед на Ј.Б., С.В. и Д.П.. При тоа, кај Д.П. се пронајдени и одземени две тегли во кои имало вкупно 25 пакувања марихуана, како и дигитална вага со остатоци од марихуана. Д.П. е лишен од слобода и спроведен во Полициската станица Ѓорче Петров, каде по насоки на јавен обвинител е задржан за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против Д.П. ќе биде поднесена Кривична пријава по член 215 ст.1 од Кривичниот законик.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Карпош: Вонредни инспекциски надзори и контроли во ЗлокуќаниСекторот Инспекторат на Општина Карпош, во соработка со полициски службеници на Полициска станица Карпош, спроведе вонредни инспекциски надзори во УЗ Злокуќани.Во фокус на контролите беа дивоградбите во овој дел на општината при што, општинскиот градежен инспектор утврди неправилности во делот на бесправно изградени објекти и за истите започна соодветна инспекциска постапка согласно законските надлежности. Во исто време, општинскиот комунален инспектор, во координација со службите за одржување на јавната хигиена и соодветна механизација, отстрануваа кабаст отпад од јавна површина во реонот на градската ул. Скупи како и во внатрешноста на населбата. Во рамки на акцијата, беа опоменати повеќе физички лица и домаќинства поради неправилно одлагање отпад и нарушување на јавната чистота. Истовремено, инспекциските служби разговараа со жителите на Злокуќани за нивните комунални проблеми и предизвици. Општина Карпош информира дека редовните инспекциски контроли продолжуваат секојдневно, а заедничките акции на Секторот Инспекторат со полициските службеници ќе бидат засилени и во наредниот период, со цел воспоставување поголема контрола и одржување на јавниот ред, чистотата и законитоста во УЗ Злокуќани. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook