Шахистите на Алкалоид најуспешни Државниот младински шампионат - Канал 5

Шахистите на Алкалоид најуспешни Државниот младински шампионат

Шахистите на Алкалоид освоија најмногу медали на Државното првенство за млади категории одржан во Струмица од 16 до 21 јуни.

Шахистите на Алкалоид најуспешни Државниот младински шампионат

Меѓу девојките со златни медали се вратија Моника Жежовска (У18) и Илијана Велева (У12), додека, пак, Исидора Лукановска (У14) освои сребрен медал.

Во машка конкуренција беше понеизвесно, па така Давид Атанасовски беше едно од најпријатните изненадувања бидејќи по само една година тренирање успеа да стигне до златниот медал во категоријата до 10 години, но подеднакво блескави беа и постигнувањата на Марко Стојановиќ (У12) и Никола Радоњанин (У16), кои ги освоија трофеите во својата конкуренција. Новиот член на клубот, Никола Павлески, дебитираше за ШК Алкалоид со освојување на второто место во конкуренцијата до 18 години. Сребро освои и Лука Симоновски (У12), додека, пак, Васил Иванов (У10) и Андреј Божиновски (У14) се закитија со бронзени медали.

- Ние како тренери сме задоволни од она што го прикажаа нашите младинци. Не би одел во детали, туку би рекол само „Браво шампиони“! Сите се трудеа да го дадат својот максимум и во фајтерски стил се носеа со конкуренцијата, онака како што доликува кога се бранат боите на ШК Алкалоид. Радува фактот што имаме титули и кај момчињата и кај девојчињата затоа што тоа е показател дека се стремиме кон успеси во двете конкуренции. Некои се потврдија како фаворити, а некои кои не беа меѓу првите тројца носители пријатно изненадија. Ние како тренери сме презадоволни од она што го видовме и ќе продолжиме да ги трасираме патиштата на идните македонски шаховски шампиони преку континуирана работа во клубот, изјави ИМ Дејан Стојановски.

Според календарот на Европската шаховска унија, младинските европски првенства за 2025 година во стандарден шах ќе се играат во октомври во Будва, Црна Гора, додека, пак, континенталниот собир на млади играчи во забрзан и во брзопотезен шах е закажан за 4 август во Солун, Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка

Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата.

Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка

Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји.

Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и бизнис-заедницата со цел создавање нови партнерства, размена на знаење и отворање нови можности за регионален раст.

Во рамки на свеченото отворање беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, документ кој претставува основа за поинтензивна институционална соработка, размена на искуства и заеднички активности во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот е создаден со јасна цел – да ги поврзе компаниите од двете земји и да создаде конкретни деловни можности.

„Денешниот форум не е само уште една конференција или настан за вмрежување. Тој е создаден со многу конкретна цел – да ги поврзе компаниите, да поттикне директен дијалог и да создаде нови бизнис можности меѓу нашите две земји. Меморандумот што денес го потпишуваме не е крајна дестинација, туку почетна точка за посилна соработка, поголема размена на знаење и повеќе можности компаниите од двете земји да работат заедно“, изјави Димитровски.

На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Република Грција во Македонија Н.Е. Софија Филипиду, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и претседателот на SETPE, Анастасиос Манос.

Во текот на денот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на презентации, тематски дискусии и над 150 однапред организирани B2B средби насочени кон создавање конкретни деловни партнерства и нови заеднички проекти.

Организаторите очекуваат токму овие средби да резултираат со нови соработки и да придонесат за натамошно поврзување на технолошките екосистеми на Македонија и Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение

Европската унија има желба да стимулира дијалог меѓу Македонија и Бугарија, има сериозен интерес за раздвижување на процесите и доколку е искрено ќе има решение изјави утринава Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение

Според него наредната недела е можна средба со бугарската страна и додаде дека несомено е дека треба да има дијалог.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Во четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади Костадиновски

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

1 морков

1 тиквичка

1 главица кромид

1 страк праз

200 гр. шампињони

3 лажици соја сос

малку буковка

малку сусам

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер