3Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
КошаркаСферопулос нема да ја предводи Црвена ѕвезда против ФенербахчеСпоред најновите информации, тренерската функција на овој меч ќе ја има Томислав Томовиќ, помошник во тренерскиот штаб на Јоанис Сферопулос.Кошаркарите на Црвена ѕвезда утре во Истанбул ќе играат натпревар од 3. коло од Евролигата против Фенербахче, а познато е и кој ќе го предводи тимот. Како што е потврдено за српски „Спортал“, на натпреварот во Истанбул тимот од Белград нема да го води Јоанис Сферопулос. Според најновите информации, тренерската функција на овој меч ќе ја има Томислав Томовиќ, помошник во тренерскиот штаб на Јоанис Сферопулос. Томовиќ ја започна својата тренерска кариера во 2010 година како помошник во првиот тим на ОКК Белград. Потоа, тој го водеше тимот на Слодс, а како помошник работеше и во Шандонг и Маги, од каде што дојде во Црвена ѕвезда во август 2023 година. Поточно, се врати, бидејќи ја започна својата играчка кариера во Црвена Звезда во 2001 година. Сферопулос е пред отказ, откако црвено-белите ги загубија првите два натпревара во Евролигата и првиот меч во АБА-лигата. Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураПолска вечер на „Охридско лето“:Уникатно музичко доживување за публиката Концерт што долго ќе остане во сеќавање на публиката се одржа вчеравечер во црквата „Света Софија“ на традиционалната Полска вечер на „Охридско лето“. Настапи квартетот „Глам“ и американско-полскиот пијанист Стен Брекенриџ. Овие исклучително добри уметници приредија уникатно музичко доживување за публиката, со репертоар поразличен од оној во изминатите 38 фестивалски денови. На Полската вечер се обрати министерот за култура и туризам на Република Македонија, Седат Сулејмани, кој потсети дека од првата фестивалска вечер на 12 јули со гала-концертот „Љубов“ па до денес, Охрид беше сцена на која се сретнаа различни култури, традиции и уметнички изрази, како што рече, под отворено небо и на простори со вековна историја. -Тоа е суштината на „Охридско лето“- преку уметноста да ги поврзува луѓето и да отвора нови хоризонти. Ова фестивалско издание остави зад себе голем број концерти, претстави и средби со врви уметници. Рекордната посетеност е само потврда дека публиката ја препознава вредноста на фестивалот и дека културата има значајно место во нашето општество. Како министер за култура и туризам, горд сум што министерството е партнер и поддршка на фестивалот кој повеќе од шест децении е еден од столбовите на нашиот културен живот. Наша обврска е да ја чуваме оваа традиција, да го поддржуваме врвниот уметнички квалитет и да создадеме услови „Охридско лето“ да продолжи да расте, да се развива и да биде фестивал отворен за сите-за секоја генерација, за секој уметник, за секој љубител на уметноста, рече министерот Сулејмани. Во знак на благодарност за исклучителната поддршка на фестивалот „Охридско лето“ и придонесот во унапредувањето на културната соработка помеѓу Полска и Република Македонија, директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, му врачи плакета на амбасадорот на Полска во земјава, Мариуш Бримора. -Благодарност за прекрасната соработка со организацијата на фестивалот, особено што втора година по ред, Полската вечер ја затвора музичката програма на „Охридско лето“. Разбирливо е да се прашате зошто американски музичар од Калифорнија настапува на Полска вечер. Го поканив Стен Брекенриџ, не само заради тоа што ми е долгогодишен пријател, туку и заради тоа што тој е многу голем пријател на Полска. Првпат дојде во Полска во 2004 година и веднаш се заљуби во нашата земја. Во следните години ја посетуваше повеќе пати, а откако се пензионира од Универзитетот во Калифорнија во 2018 година, засекогаш се пресели во Полска. Оттогаш живее во Познањ и ги учи студентите, а во исто време ја продолжува и својата уметничка кариера. Неговиот најнов проект „Реимагиниран Шопен“ ги свири делата на иконата на полската музика, Фредерик Шопен во негови џез-боса нова аранжмани. За да ја направиме поинтересна оваа вечер, го замолив во програмата да вметне и неколку евергрин мелодии кои обично ги свири на своите концерти. Ова е уникатна можност да го слушнете најдоброто од Шопен и од американската музика, рече полскиот амбасадор Бримора. Квартетот „Глам“ кој негува стилска разновидност и комбинира повеќе музички стилови од класична музика преку поп, рок, хаус, џез, па сè до современите алтернативни стилови го сочинуваат Барбара Шелчаеиевич – прва виолина, Доминика Пјечовјак-Должинска – втора виолина, Каролина Вашцинска-Лукановска – виола и Агњешка Ковалчук – виолончело. Полската вечер на фестивалот „Охридско лето“ е традиционална и се одржува веќе 17 години, носејќи ги најдобрите уметници од Полска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКинески тајкун осуден на доживотен затворКинески тајкун во секторот недвижности осуден на доживотен затвор.Кинески суд денес го осуди основачот на „Евергранде“ – компанија што претставува симбол на кризата во секторот недвижности која сè уште ја оптоварува националната економија – на доживотен затвор, а на самата групација и на нејзиниот оддел за недвижности им изрече парична казна од приближно две милијарди евра. „Евергранде“ некогаш беше водечки инвеститор во недвижности во Кина, користејќи го бранот на повеќедецениска брза урбанизација и растечки животен стандард низ земјата. Заострувањето на кредитните услови, со цел да се ограничи прекумерното задолжување, доведе до неможност на компанијата да ги подмири своите обврски во 2021 година. Пропаѓањето на „Евергранде“ и на други компании од секторот, заедно со тековната криза на пазарот на недвижности, продолжува да го кочи растот, чија движечка сила тие долго време беа. На групацијата „Евергранде“ и на нејзината подружница за недвижности им беше изречена вкупна парична казна од 15,82 милијарди јуани (2 милијарди евра). 🚨 Evergrande founder Hui Ka Yan has been sentenced to life in prison. A Shenzhen court on Thursday convicted the property tycoon of multiple crimes, including fundraising fraud, securities fraud and bribery, following large-scale financial fraud between 2016 and 2021. Hui was… pic.twitter.com/GkMLd5FiUn — Jiemian News (@jiemian_news) August 20, 2026 Основачот Сју Џијајин е осуден на доживотен затвор поради „тешка финансиска измама“. Исто така, тој е доживотно лишен од политичките права, а целиот негов личен имот беше конфискуван, соопшти судот во Шенжен преку платформата „Вичет“ (WeChat). „Групацијата ’Евергранде‘ (Evergrande Group) е казнета со 8,82 милијарди јуани (1,12 милијарди евра), а компанијата ’Евергранде рил естејт‘ (Evergrande Real Estate) со 7 милијарди јуани (890 милиони евра)“, наведе судот. Во периодот од 2016 до 2021 година, „Евергранде“ и Сју Џијајин „го прекршиле националниот закон преку вршење континуирана финансиска измама од големи размери, како и други активности насочени кон вештачко зголемување на вредноста на имотот и прикривање на обврските“, појасни судот. Судот додаде дека обвинетите користеле поткуп за да „стекнат контрола врз финансиски институции“, без притоа да ги именува вклучените институции. Според судот, уште петмина високи функционери на групацијата „Евергранде“ беа осудени на затворски казни во траење од 6 до 18 години по различни обвиненија.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
ФудбалВидео: Меси посвети гол на неговиот татко Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2. В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување. Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута. Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство. Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот. По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter