Сезоната на алергии во полн ек

Сезоната на алергиите зема замав, во амбулантите се почести се пациентите кои што се жалат на реакции од алергиска природа. 

Сува кашлица, отежнато дишење и кивавица се само дел од симптомите кои прават забуна кај пациентите поради сличноста на симптомите предизвикани од ковид, па често поради неразликувањето, инсистираат брзо да се тестираат. Директорот на клиниката за пулмологија и алергологија д-р Дејан Докиќ вели само преку симптомите тешко се разликува ковид од алергија, па упати апел до пациентите при појава на симптоми да не паничат, туку да се обратат до матичните лекари

- Она што е карактеристично за сите алергиски реакции, без разлика на кој орган се јавуваат, тоа е јадежот. Често пати ако имате јадеж во носот, сугерира на алергија, но никако не значи дека ги исклучува другите болести па и можноста за сарс-ков2. Затоа најдобро е при такви симптоми да се обратат на матичните лекари или лекарите по семејна медицина кои што ќе проценат дали треба да се тестираат за сарс-ков2 или пак ќе ја постават дијагнозата врз основа на претходните податоци кои што ги имаат во своите датотеки, вели Проф. Д-р Дејан Докиќ – Пулмолог/Алерголог - Директорот на клиниката за пулмологија и алергологија.

Од инхалаторните алергии е речиси невозможно да се заштитат пациентите, па професорот апелира до граѓаните што знаат дека имаат алергии, навреме да ги земаат лекарствтата, како антихистаминици и спрејови за нос и бели дробови. Доколку симптомите останат изразени и јаки и при дадена терапија, тогаш најдобро е да се примени имунотерапија.

-Односно тие вакцини, затоа што имаат предност во однос на другата терапија бидејќи делуваат на природниот тек на болеста, се мисли на алергиите. Ги намалуваат симптомите, според тоа немаат веќе потреба пациентите од лекови, спречува настанување на астма, а оние кои што имаат блага форма ќе исчезне, спречува понатамошно развивање на други форми алергии и трае до 10 години,Проф. Д-р Дејан Докиќ – Пулмолог/Алерголог - Директорот на клиниката за пулмологија и алергологија.

Граѓаните пак кои што не се сигурни дали имаат алергија, да се обратат на лекар, додава професорот.

Во овој период најмногу алергиски реакции предизвикува поленот. Оној од раноцветачките дрвја како бука и бреза веќе е во опаѓање, но следи периодот на поленските зрнца кои ги испушта тревата, а тој во земјава како што вели професорот, трае до јули или август.

„ВРЕДИ“ славеше победа на тетовскиот плоштад - за ДУИ Европскиот фронт е втора сила во државата

За разлика од првиот круг кога интегративците славеа пред седиштето коалицијата Вреди на плоштадот Скендербег во Скопје, синоќа останаа само празните барикади, полициското обезбедување и медиумските екипи.

Здружената албанската опозиција Вреди одржаа една прес конференција во скопското седиште. Ги обвинија од ДУИ за бојкот на изборите и им порачаа дека следи политичка ротација.

-Од утре Македонија ќе се подготвува за политичка ротација. Новата влада ќе ја одразува волјата на мнозинството албански гласачи,- изјави – Изет Меџити – Коалиција Вреди.

Потоа со зурли, тапани, факели и огномети се славеше на плоштадот во Тетово откако претходно ги преплавија улиците во центарот на градот. Велат дека иако очекувале да имаат помалку гласови, разликата со ДУИ според нив е минимална и тоа го сметаат за победа и можност да бидат дел од идната Влада.

-Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди, кажа претседателот на БЕСА, дел од коалицијата Вреди. Анализата што ја имаме, најверојатно ќе бидеме подеднакво со коалицијата на ДУИ. Разликата во гласови нема да надмине 10.000 гласови,- изјави – Билал Касами – Коалиција Вреди.

Арбен Таравари на прославата дојде со лек „ефридол“ како своевидна реплика на неодамнешните провокации на Артан Груби кој пред стартот на изборната кампања истиот лек ѝ го препорача на албанската опозиција.

-Реков дека сум доктор и дека на крај ги давам лековите! 2 пати на ден после леб. Промените доаѓаат!

....напиша Таравари со фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.

ДУИ, пак, славеше во партиското седиште во Мала Речица. Откако веќе стана извесен изборниот резултат, прес конференција одржа партискиот лидер Али Ахмети. Прашан дали со победата на ВМРО-ДПМНЕ значи дека ДУИ оди во опозиција и каква опозиција ќе биде, Ахмети не одговори прецизно и рече дека на државата и треба стабилност.

-Легитимитетот ни го дадоа граѓаните, мнозинството Албанци и малите заедници како Турците, Бошњаците и Ромите, на кои им се заблагодарувам. Ова е првиот чекор кон долгите етапи на Фронтот за Европа до полноправно членство во ЕУ. Мислам дека не ме разбравте кога реков дека на државата и треба стабилност и иднина,- изјави – Али Ахмети – Претседател на ДУИ.

Ахмети во обраќањето не го спомена ставот на Бујар Османи, кој пред една недела рече дека освен мнозинство од 61 пратеник, за формирање влада неопходно било и бадентерово мнозинство.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија според резулатите од ДИК освои 6 пратенички мандати

Движењето ЗНАМ, За наша Македонија вечерва испиша историја, истакна синоќа лидерот на партијата Максим Димитриевски на пресконференција од централниот штаб во Скопје каде заедно со членовите и симпатизерите ги дочекаа изборните резултати.

Потврдивме минимум пратеничка група, рече Димитриевски, заблагодарувајќи се граѓаните кои гласаа за Движењето ЗНАМ, кое според резулатите од ДИК освои 6 пратенички мандати со 55.539 гласови. Одговорајќи на новинарско прашање во однос на можните идни коалиции, посочи дека дополнително ќе ги разгледат опциите, но ќе бидат на располагање на која било идна власт кога се работи за државните и национални интереси.

„ Ние строго ќе се држиме до нашите црвени линии. Што се однесува до коалиции и идни соработки секогаш ќе бидеме на располагање на било која идна власт, кога се работи за државни и национални интереси, но дополнително партиското раководство ќе ги разгледа сите опции и можности за евентуалното партиципирање во власта или останување да работиме како констртуктивна опозиција.“-Максим Димитриевски – ЗНАМ.

Максим Димитриевски упати и честитки за победата и им посaка успешен мандат на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Сиљановска Давкова, а воедно посочи дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите остaнати политички субјекти.

За тоа дали ќе остане градоначалник на Куманово или размислува за трансфер во Владата, Димитриевски одговори дека нема никакви размислувања, но ќе остане доследен на ветувањата на кумановци.

Шесте пратенички места ЗНАМ ги освои од првата до петтата изборна единица, од кои двајца пратеници во втората изборна единица.

Членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ славеа до доцна во ноќта

Патриотски песни, знамиња, шалови, факели и чадори, синоќешниот дожд не ги поколеба симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ да се соберат на плоштадот Македонија.

Се славеше двојната победа до доцна во ноќта.

Присутни беа дел од симпатизерите, а поголема група пристигна заедно со раководството, по што се обрати и лидерот на партијата.

Граѓаните велат дека не се изненадени и очекувале ваков резултат.

Но сега, побитно е велат, да се остварат предизборните ветувања со цел земјата да се изведе на вистионскиот пат.

Славјето на плоштадот беше дополнително збогатена и со музичка програма која ја изведуваа дел од естрадните уметници.

На централната прослава на плоштадот и претходеше еуфорија и пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, каде ечеа зурли и тапани, а се лепеше и по некоја пара на музиката.

На целиот настан забележително беше и полициското присуство кое постојано преку радио врските се координираа за безбедноста. Се славеше и во останатите градови, претежно пред партиските штабови.

притисни ентер