Северна Македонија на 25. место на Европскиот здравствен потрошувачки индекс - Канал 5

Северна Македонија на 25. место на Европскиот здравствен потрошувачки индекс

 Северна Македонија со 638 бодови се наоѓа на 25. место според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ).

Северна Македонија на 25. место на Европскиот здравствен потрошувачки индекс

Што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата.

Во последниот извештај на „Јуро хелт консјумер индекс", се наведува дека Северна Македонија во 2014 година била „Ракета на годината", кога го зазеде 16. место со 700 бодови, што беше скок од 11 места, односно од 27. место и 555 бодови во 2013 година. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.

Областа, каде што Северна Македонија сè уште треба да напредува се резултати од вистински медицински третман. Нема брз лек за ова, дури и со многу одлучно лидерство, веројатно ќе бидат потребни најмалку пет години за да се има значително подобрување. Се чини дека некои методи од стари третмани, кои сè уште се во употреба од времето на Југославија, го попречуваат подобрувањето, се вели во извештајот.

Земјата направи извонреден чекор напред во електронското закажување на прегледи – од јули 2013 година, секој матичен лекар може да резервира преглед кај специјалист во земјата во реално време, додека пациентот седи до лекарот и да закаже со само со неколку кликнувања со глувчето.

Со ова суштински е елиминирано времето на чекање, доколку пациентот е подготвен да патува на кратко растојание (од точка до точка во земјата треба да се минат околу 200 километри со тоа што главниот град Скопје се наоѓа прилично централно). На овој начин Северна Македонија доби високи резултати за пристапност, особено во амбулантска грижа, но се уште треба да се работи кога е во прашање болничката нега и напредна дијагностика.

Рангирањето е направено во осум области со повеќе критериуми. Оценките се „добро", „лошо" и „неутрално".

Права на пациентите и информации – Со „добро" се обележани критериумите: Организации на пациенти инволвирани во носење одлуки, право на второ мислење, пристап до своето медицинско досие, регистар на лиценцирани доктори, веб страна или телефонска линија која овозможува 24/7 интеркација со пациенти, помош во странство финансирано од својата земја, Каталог со ранкинг на квалитет (лошо), Достапност на досието на пациентот преку интернет (добро), онлајн закажување преглед, е – рецепти (неутрално). Во оваа област Северна Македонија има 113 бода, додека Холандија и Норвешка ја предводат оваа листа со 125 бодови.

Пристапност (време на чекање за третман) – Пристап до семен доктор истиот ден (добро), директен пристап до специјалист (неутрално), Голема операција по избор за помалку од 90 дена (лошо), терапија за канцер во рок од 21 ден (добро), компјутерска томографија за помалку од седум дена (лошо), време на чекање за педијстриска психијатрија (добро). За овој дел земјата има 163 бода, а најдобро рангирани се Швајцарија со 225 бода, додека Бугарија и Србија се при врвот со 200.

Резултати. Стапка на смртност за 30 дена по акутен миокарден инфаркт (неутрално), Стапка на смртност за 30 дена по удар (лошо), смртност на новороденчиња (лошо), стапка на преживување на канцер (лошо), смрт пред 65-годишна возраст (неутрално), МРСА инфекции (лошо), стапка на абортус (добро), стапка на самоубиства (неутрално) Во овој дел Северна Македонија има само156 бода, додека Финска има 278, исто како и Швајцарија и Норвешка.

Опсег и пристап на обезбедените услуги. Еднаквост на здравствениот систем (лошо), Стапка на операции на катаракта на возраст над 65 години (неутрално), стапка на трансплантации на бубрег (лошо), вклученост на стоматолошките услуги во понудата на јавното здравство (добро), неформални плаќања на доктори (лошо), долгорочна грижа за постарите (лошо), стапка на дијализи изведени надвор од клиника (лошо), царски рез (неутрално). Според овие критериуми, Северна Македонија има 63 бода, додека Шведска и Холандија по 125 а Финска 120 бодови.

Превенција. Вакцинација на новороденчина против осум болести (неутрално), крвен притисок (лошо), превенција на пушење (лошо), алкохол (добро), физикална терапија (добро), ХПВ вакцина (добро), смрт од сообраќајни незгоди (лошо). Земјава е оценета со 83 бода, додека лидери се Велика Британија и Холандија со 113 бодови.

Фармација. Субвенционирање на лекови (добро), не се применливи индикаторите за употребата на нови лекови за канцер, артритис и пристап до нови лекови, употреба на статин (неутрално) и употреба на антибиотици по глава на жител (добро). Во таа област, имаме 61 бод, додека водечки се Германија и Холандија 89 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Шефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.

„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла Лика

Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец.

Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи.

Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1.

На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот.

Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. 

Видео: Притвор за братот на Виктор Орбан?

Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK).

Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“.

Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол.

YouTube video

Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“.

Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани.

Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите.

Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција.

Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание.

Орбан се огласи

Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него.

„Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем.

Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Британскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.

Расел Бренд осуден на 10 и пол години затвор

Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*.

Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено.

Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон.

Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане.

Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“.

Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*).

Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година.

Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението.

Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер