Коцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државата
2Коцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државата
Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
2Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
СветСеверна Кореја вели дека нејзиниот нуклеарен статус е неповратенПостојаната мисија на Северна Кореја во Обединетите нации изјави дека позицијата на земјата како нуклеарна држава е неповратна и ги осуди „застарените“ барања на САД за денуклеаризација, објавија севернокорејските државни медиуми.-Позицијата на Демократска Народна Република Кореја (ДНРК) како нуклеарна држава, која е трајно вградена во врховниот и фундаментален закон на државата, е неповратна“, се вели во соопштението на мисијата на Северна Кореја во Обединетите нации и меѓународните организации во Виена. Во соопштението, исто така, се критикува притисокот на САД за денуклеаризација, велејќи дека тоа е „провокативен чин“ и мешање во внатрешните работи на Северна Кореја. Исто така, се вели дека нуклеарното оружје на Северна Кореја е „неизбежна опција за одбрана на земјата од нуклеарните закани на САД“.Тагови: Северна Кореја нуклеарен статус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаДУИ: ВЛЕН ја уништува виталната врска што ја обезбеди ДУИНа 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница .На 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница каде што требаше да се поврзе со обиколницата и автопатот Скопје - Блаце. ДУИ обезбеди 2 милиони евра за изградба на кружниот тек кај семафорите на булеварот „Словенечка“, како и 6 милиони евра за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, средства кои беа префрлени на Град Скопје. Овој проект не беше случаен. ДУИ планираше целосна инфраструктурна поврзаност, бидејќи автопатот Скопје - Блаце нема целосно значење без модерен, функционален и достоинствен влез во Скопје од правецот на Косово. Денес, единствениот влез во Скопје што нема форма на булевар е токму влезот од Косово. Град Скопје го имаше проектирано булеварот, а беа водени разговори и со стопанствениците од подрачјето на Визбегово. Значи, ВЛЕН немаше потреба да измислува ништо ново, туку само да продолжи и да го реализира виталниот проект што ДУИ го подготви и финансираше. Но денес, наместо овие средства да се искористат за реализација на овој стратешки проект, ВЛЕН ги пренасочува и ги насочува кон друг проект во центарот на Скопје. Ова е јасен доказ за неспособноста да се разберат и реализираат стратешки проекти, но и за нивното лицемерие во однос на поврзувањето Скопје - Блаце. Истата неспособност и лицемерие беа потврдени и со автопатот Скопје - Блаце, кој ДУИ им го остави подготвен и спремен за реализација, додека ВЛЕН го одложи за две и пол години и го поскапе проектот за над 30 милиони евра. Не може да се зборува за автопатот Скопје - Блаце, а истовремено да се отстрануваат средствата за патот што треба директно да го поврзе со Скопје. Автопатот без булеварот „Хасан Приштина“ е непотполна врска, додека одлуката за пренасочување на овие средства покажува дека ВЛЕН нема ниту визија, ниту капацитет да го разбере стратешкото значење на овој проект. ДУИ ја имаше проектирано и буџетирано целата врска, од границата со Косово до Скопје. ВЛЕН, дури и готовите проекти што ги наследува, успева да ги одложи, да ги поскапи и да ги оштети, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКоцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државатаВо изминатиот период Владата започна сериозен инвестициски циклус во општините, со цел да се надмине долгогодишниот недостаток на инвестиции во локалната инфраструктура и да се решат проблеми кои директно го засегаат секојдневието на граѓаните.Денеска низ општините се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, што претставува значаен обем на инвестиции на локално ниво. Станува збор за проекти кои се однесуваат на патната инфраструктура, водоводи, канализации, животна средина, образованието, спортот, културата и социјалната политика, односно области кои се директно поврзани со квалитетот на животот во секоја локална заедница. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку два јавни повици на општини им стави на располагање средства од унгарскиот кредит, кои се преточуваат во проекти кои ги подобруваат условите за живот на граѓаните и своевремено ја развиваат и домашната економија. Преку ресорот транспорт и врски се реализираат вкупно 814 проекти во вкупна вредност од над 11 милијарди денари, од кои 382 се целосно реализирани, додека 432 се во напредна фаза на реализација. Следната област со најмногу проекти е животна средина со 183, од кои 45 се целосно реализирани, додека 138 се во фаза на реализација со вкупна вредност од над три милијарди денари. Во образованието одобрени се 55 проекти во вкупна вредност од скоро две милијарди евра за нови училишта и реновирање на постоечките, за нови училишни спортски сали и терени од кои седум проекти се целосно завршени, додека на 48 се уште се работи. За македонскиот спорт има 36 проекти во вредност од скоро 770 милиони денари, каде што 10 проекти се целосно реализирани, додека 26 се во фаза на реализација, следува културата со 18 проекти во вкупна вредност од над 822 милиони денари, па социјалната политика со 10 проекти вредност од над 771 милион денари. 80 општини во Македонија учествуваа и добија финански средства од Владата за развој и капитални инвестиции насочени кон подобрување на патната инфраструктура, детски градинки, спортски терени и комунални мрежи. Така, вкупната поддршка од двата јавни повици на Владата за општините Гази Баба и Прилеп за капитални проекти достигна 12 милиони евра, за општина Велес 9 милиони, за општина Дебар се доделија финансиски средства за 26 проекти, за општина Битола дури за 81 проект, за Струмица 13, за Крива Паланка се доделија средства за пет проекти, додека за Неготино се доделија над четири милиони евра за 12 проекти. Кога се зборува за бројки, секогаш е важно зад нив да се видат конкретните луѓе и конкретните места, затоа што зад проектите во образованието стојат подобри услови за учениците, зад инвестициите во спортот стојат подобри услови за младите и спортските клубови, а зад проектите во животната средина стојат решавања на инфраструктурни проблеми кои директно влијаат врз здравата и уредена животна средина. Инвестициите во културата го зачувуваат локалното наследство, додека проектите од социјалната политика создаваат подобри услови за граѓаните кои зависат од јавните услуги, додека инвестиции во инфраструктурата значи дека граѓаните добиваат подобри патишта, водоводни и канализациони системи. Сите овие 1200 проекти решаваат различни локални проблеми за граѓаните, но заедничкиот ефект е подобрување на условите за живеење, затоа целта на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е развојот да не биде привилегија само на неколку големи градови и центри, туку инвестициите да стигнат во секоја општина каде што постои реална потреба и квалитетен проект. Затоа денес може да кажеме дека Македонија е едно големо градилиште коешто може да се види во општините низ целата држава, затоа што граѓаните, без разлика каде живеат, имаат право на подобра инфраструктура, подобри јавни услуги и подобри услови за живот, рече Зоран Коцевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУкраинците нападнаа рафинерија и воздушна база во Русија (ВИДЕО)Ноќеска, украинските сили нападнаа голема рафинерија за нафта во регионот Ленинград во северозападна Русија и воздухопловна база во регионот Краснодар. Според извештаите од каналот Телеграм, кој ја следи војната, нападите биле извршени со беспилотни летала, пишува Киев Индепендент. Пожар во рафинерија за нафта Една од најголемите руски рафинерии, Киришинефтеоргсинтез, попозната како Кинеф, се запали по напад во регионот Ленинград. Каналот Телеграм Ексиленова Плус објави дека објектот бил погоден од украинските сили. Рафинеријата е под западни санкции наметнати од сојузниците на Украина, вклучувајќи ги и САД. ❗️The Kirishi oil refinery “KINEF” (Kirishinefteorgsintez) in Leningrad Oblast as of the morning after last night’s Ukrainian drone attack. pic.twitter.com/a5Vpd27oLB — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) August 30, 2026 Гувернерот на регионот Ленинград, Александар Дрозденко, потврди дека „е пријавен пад на беспилотно летало во близина на рафинеријата во округот Кириши, што предизвика пожар“. Тој исто така рече дека 62 беспилотни летала биле соборени над регионот. Експлозии во воздухопловната база и други региони Во исто време беше погодена и воздухопловна база во градот Јејск во регионот Краснодар во јужна Русија. Сведоци пријавија серија моќни експлозии во областа. Kirishi — local residents report a strike on the Kirishinefteorgsintez oil refinery. pic.twitter.com/pWZd3hdkp6 — Exilenova+ (@Exilenova_plus) August 30, 2026 Каналот „Егзиленова Плус“, повикувајќи се на снимки од очевидци, објави дека украински беспилотни летала биле забележани и над Смоленскиот регион. Сè уште не е познато дали тие погодиле цели таму. Гувернерот на Смоленскиот регион, Василиј Анохин, претходно изјави дека сирените за воздушен напад биле активирани поради заканата од беспилотни летала. Yeysk airfield was hit overnight, with secondary detonations reported. NASA FIRMS confirms a major fire at the site. The nearby military garrison was reportedly hit as well. pic.twitter.com/3xR5uMLqFm — WarTranslated (@wartranslated) August 30, 2026 Експлозии беа пријавени и во текот на ноќта во Брјанскиот регион, но локалните власти сè уште не ја коментираа ситуацијата. Деталите не можат да бидат независно потврдени. Продолжени напади врз руската инфраструктура Украина редовно извршува напади врз воената инфраструктура длабоко на руска територија и на окупираните територии. Целта на овие операции е да се ослабне способноста на Москва да продолжи да води војна. Претходната ноќ, на 29 август, украинските сили нападнаа магацин на рускиот онлајн трговец на мало „Озон“ во Ростов на Дон, потег што го потврди компанијата. Во исто време, имаше извештаи за напади на неколку локации во Ростовскиот регион. More from Yeysk, where the airfield was struck overnight. https://t.co/dh1dX1UCvo pic.twitter.com/JhC3dYFEyP — WarTranslated (@wartranslated) August 30, 2026 Генералштабот на украинската војска објави дека во ноќната операција на 29 август биле погодени и руски воени цели на окупираните територии на Украина. Целите биле објекти за складирање, подготовка и лансирање на борбени беспилотни летала во окупираниот Донецк и во селото Гвардијске во близина на Симферопол на Крим.Тагови: рафинерија русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter