Северна Кореја изградила ракетна база во близина на границата со Кина - Канал 5

Северна Кореја изградила ракетна база во близина на границата со Кина

Северна Кореја изгради воена база во близина на границата со Кина, за која се верува дека се користи за складирање на балистички ракети со долг дострел, според извештај на Американскиот центар за стратешки и меѓународни студии објавен оваа недела.

Северна Кореја изградила ракетна база во близина на границата со Кина

Таканаречената тајна, или „непријавена“ база за балистички ракети е изградена на само 27 километри од границата со Кина.

Се наоѓа во покраината Северен Пјонган, на северозапад од Северна Кореја.

Базата Синпунг-донг веројатно ќе сместува интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ), вклучувајќи ги и оние способни да носат нуклеарно оружје, се вели во извештајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рама: Албанците од Македонија на протестите во Тирана се жртви на политички каравани

Албанскиот премиер Еди Рама, го критикуваше учеството на Албанците од Косово и Македонија на протестите организирани против него на движењето „Фламинго револуција“.

Рама: Албанците од Македонија на протестите во Тирана се жртви на политички каравани

Митинг беше обележан со масовно учество на Албанци од дијаспората, кои во голем број се придружија на маршот кон зградата на владата во Тирана. Рама ги критикуваше организаторите кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“.

„Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа територија. Заедно со Македонците, тие се составен народ во својата земја. Дијаспората се емигранти кои живеат во странски земји, а не тие, ниту Албанците од косово, кои имаат своја независна држава“, напиша Рама во објава на социјалните мрежи. Албанија 20-на дена се соочува со континуирани протести, предизвикани од контроверзен проект поврзан со планираната изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со зетот на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин

Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец.

САД и Иран ги завршија разговорите на високо ниво во Швајцарија се согласија за прекин на борбите во Либан и безбеден премин

Првата рунда разговори меѓу високи американски и ирански претставници во Швајцарија заврши, соопштија медијаторите, по напнатиот почеток обележан со објавата на Техеран дека повторно го затворил Ормутскиот теснец и повторувањето на заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе продолжи со нападите врз Иран, пишува утринава Ројтерс.

Во заедничко соопштение од земјите посредници, Катар и Пакистан, се вели дека САД и Иран се согласиле на план за постигнување конечен договор во рок од 60 дена. Техничките разговори ќе продолжат до крајот на неделата во швајцарското планинско одморалиште Бургеншток.

Страните се согласија за механизам за прекин на борбите во Либан и отворија комуникациска линија за да се обезбеди безбеден премин за комерцијалните бродови низ спорниот теснец, се вели во соопштението. Договорот повикува на повторно отворање на Ормутскиот теснец, пречка за глобалните енергетски испораки, и прекин на сите непријателства, вклучително и во Либан, каде што Израел продолжува да извршува смртоносни напади додека иранскиот сојузник Хезболах пука врз израелски цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Амандманска расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

Денеска во собранието на  дневен ред е амандманска расправа по предлог на законот за судска служба и предлог на законот за јавнообвинителска служба, и двата во второ читање.

Амандманска расправа по предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба

За предлог-законот за судска служба поднесени се над 100 амандмани од пратеничките групи на СДСМ, Европски фронт и Левица, а за јавнообвинителска служба 27 амандмани од пратеничката група на СДСМ. Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, вчера преку соопштение, информира дека поднеле 82 амандмани на двата предлог закони, со став дека тие ја загрозуваат независноста на судството и ја влошуваат положбата на вработените во правосудниот систем. Заменик-министерот за правда, Ален Деребан во образложението потенцира дека предлог-законите за судска служба и за јавнообвинителска служба се резултат на повеќегодишна работа, според него работната група ги изработила текстовите на законите пред една година биле доставени бројни забелешки и предлози од релевантни институции, стручната јавност и засегнатите страни, кои биле внимателно разгледани и соодветно вградени во нацрт-текстовите.– рече Деребан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер