Северна Кореја ги информираше силите на ОН за изградба на бариери на границата со Јужна Кореја - Канал 5

Северна Кореја ги информираше силите на ОН за изградба на бариери на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја ја информираше Командата на Обединетите нации (UNC) во Јужна Кореја под команда на САД за своите планови за изградба на бариери во рамките на границата меѓу Северна и Јужна Кореја.

Северна Кореја ги информираше силите на ОН за изградба на бариери на границата со Јужна Кореја

Како што објави Министерството за одбрана на Јужна Кореја, Северна Кореја информираше дека продолжува да гради бариери и огради од бодликава жица на својата страна од демилитаризираната зона, објавува Јонхап.

Од април минатата година, Северна Кореја распореди војници во близина на воената демаркациска линија во рамките на демилитаризираната зона за да постават мини, да подигнат противтенковски бариери и да ги зајакнат оградите од бодликава жица, откако лидерот на земјата Ким Џонг Ун кон крајот на 2023 година ги опиша меѓукорејските врски како меѓу „две држави кои се непријателски расположени една кон друга“.

Минатиот октомври, Северна Кореја откри дека ја информирала Командата на ОН дека ќе ги прекине сите патишта и железници поврзани со Јужна Кореја и ќе изгради одбранбени структури пред да ги дигне во воздух прекуграничните патишта што некогаш се сметаа за симболи на меѓукорејското помирување.

Јужнокорејската војска соопшти дека Северот кон крајот на минатата недела ги продолжил градежните активности во областите на првата линија на фронтот, мобилизирајќи повеќе од 1.000 луѓе дневно на шест локации, во споредба со околу 4.000 до 5.000 војници на повеќе од 10 локации минатата година.

„Нашата војска внимателно ги следи воените активности на Северна Кореја и ќе одговори во согласност со принципите доколку го прекршат Договорот за минимална одговорност“, изјави портпаролот на Здружениот генералштаб на Јужна Кореја, Лу Сунг-џун.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум.

Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“.

На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска со младите добитници на „Инженерскиот прстен“: Вашите идеи се енергија за развојот на Македонија

 Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери.

Божиновска со младите добитници на „Инженерскиот прстен“: Вашите идеи се енергија за развојот на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и годинава се сретна со најдобрите млади инженери – добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, разговарајќи со нив за нивните идеи, интереси, проекти и визијата за професионалната иднина.

Младите инженери пред министерката ги претставија областите во кои се развиваат, проектите во кои се вклучени, темите што ги мотивираат, но и своите очекувања за професионалниот развој и можностите преку кои своето знаење и експертиза можат да ги стават во функција на развојот на земјата.

Божиновска ги охрабри младите инженери да не застануваат тука – да продолжат да учат, да создаваат, да иновираат и храбро да ги претвораат своите идеи во решенија што ќе придонесат за развојот на државата.

„Секоја држава има потреба од знаење, но уште повеќе има потреба од млади луѓе кои знаењето знаат да го претворат во идеи, а идеите во конкретни решенија. Вашиот успех не е само личен успех – тој е и потенцијал за напредок на Македонија. Затоа, никогаш не престанувајте да прашувате, да истражувате и да создавате. Вратите на Министерството се отворени за младите, за нивните идеи, иницијативи и проекти, порача министерката Божиновска.

На средбата се разговараше и за можностите за поголемо поврзување на младите инженери со институциите, за нивното учество во идни проекти и за создавање услови нивното знаење и иновативност да бидат дел од развојните процеси во земјата.

Министерката посочи дека токму ваквите средби се можност институциите директно да слушнат што размислуваат младите, со какви предизвици се соочуваат и какви можности очекуваат.

„Ни требаат млади инженери кои ќе останат храбри во своите идеи и упорни во нивната реализација. Државата мора да создава простор за нивниот развој, а институциите да бидат нивен партнер. Сакам младите да знаат дека имаат место, можност и соговорник во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.“

Како симболичен поттик за нивните досегашни достигнувања и идните професионални успеси, Божиновска на младите инженери им додели посебни признанија за инженерски потенцијал и развој, со порака да продолжат по патот на знаењето, иновациите и професионалниот успех.

Признанијата „Инженерски прстен“ годинава се доделуваат по 23. пат, а досега со ова престижно признание се закитиле вкупно 257 инженери.

Годинашни добитници се Марта Митева, Арбана Касами, Антонио Томески, Јане Коцески, Мила Саздова, Огнен Пендаровски, Марија Симоновска, Никола Петровски, Михаил Трајков, Мила Чолакоска, Стефана Димитриеска, Симеон Наловски, Стефан Спасов и Тамара Атанасова, од Архитектонскиот, Факултетот за применети науки при Универзитетот во Тетово, Градежниот, Машинскиот, Технолошко-металуршкиот, ФЕИТ, Факултетот за земјоделски науки и храна, ФИНКИ, ПМФ, Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Техничкиот факултет при УКЛО, Факултетот за информатички и компјутерски технологии при УКЛО и Факултетот за природни и технички науки и Факултетот за информатика при УГД.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува отворено за младите – за нивните знаења, идеи и енергија, како важен дел од создавањето на модерна, иновативна и развојна Македонија.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер