Северина за обвинението: Некој во медиумите испратил вест стара 10 месеци, знам кој е - Канал 5

Северина за обвинението: Некој во медиумите испратил вест стара 10 месеци, знам кој е

Откако вчера одекна веста во медиумите дека во Општинскиот кривичен суд во Загреб е потврдено обвинението на Општинското државно обвинителство против Северина Вуковиќ, таа ја коментираше целата ситуација, нагласувајќи дека тоа е вест стара 10 месеци.

Северина за обвинението: Некој во медиумите испратил вест стара 10 месеци, знам кој е

Откако вчера одекна веста во медиумите дека во Општинскиот кривичен суд во Загреб е потврдено обвинението на Општинското државно обвинителство против Северина Вуковиќ „поради наметливо однесување кое предизвика вознемиреност кај поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на Деца и млади, Гордана Буљан Фландер“, пејачката ја коментираше целата ситуација, нагласувајќи дека тоа е вест стара 10 месеци.

„Десет месеци стара вест ми е честитка за Денот на жената, која денес некој ја испрати до медиумите, а многумина ќе знаат кој“, изјави таа за RTL Direkt.

Да потсетиме, кривичниот закон за наметливо однесување предвидува затворска казна до една година. Во мај 2022 година, обвинителството извести дека поднело обвинение против Северина Вучковиќ за две кривични дела наметливо однесување. Обвинителството, без да го прецизира идентитетот, ниту да прецизира детали од обвинението, извести дека во обвинителниот акт пејачката се товари дека ги сторила горенаведените кривични дела на штета на 59-годишна и 65-годишна жена.

Станува збор за случајот кога Северина Вучковиќ ѝ испратила на Љиља Клингер, директорката на загрепското основно училиште каде што учи нејзиниот син, СМС со навредлива содржина во која пејачката додала дека ќе ја задави со раце. Медиумите претходно објавија дека Клингер ја пријавила Вучковиќ за закани, но тој извештај подоцна е отфрлен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најубавата жена на светот го покажа своето лице без шминка

Манекенката Бела Хадид уште еднаш покажа дека нема проблем да се покаже во целосно природно издание пред своите следбеници. 

Фото: Најубавата жена на светот го покажа своето лице без шминка

Таа објави фотографија без шминка на социјалните мрежи, а нејзиниот опуштен изглед ги воодушеви многумина – можеби се обиде да го сврти вниманието од приказната за нејзиното наводно ново момче.

Сепак, не е само лицето без шминка она што привлекува внимание.

Во последните месеци, Бела очигледно експериментира со својот моден израз и сè повеќе се оддалечува од препознатливиот каубојски или вестерн-стил, кој долго време беше нејзин заштитен знак.

Бела беше синоним за каубојски шапки, кожни парчиња, реси, широки ремени, тексас и чизми инспирирани од Дивиот Запад.

Нејзиниот стил особено се промени откако стапи во врска со професионалниот каубој Адан Бануелос, а вестерн-естетиката стана речиси нејзин моден заштитен знак.

Сега, со фотографија без шминка и сè поизразено враќање кон поедноставни модни парчиња, се чини дека Бела е подготвена да ја остави зад себе својата „каубојска ера“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денес се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.

Министерот Серафимовски оствари средба амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Во фокусот на разговорот беа модернизацијата на земјоделското производство, примената на современи технологии, приспособувањето кон климатските промени и усогласувањето со европските стандарди. Од двете страни беше истакната важноста на размената на знаење и искуства како основа за зголемување на конкурентноста на земјоделство.

„Германското искуство покажува дека продуктивноста и одговорниот однос кон природните ресурси можат да се развиваат компатибилно, односно унапредувањето на земјоделството не мора нужно да биде на штета на природата. Овие искуства се корисни и затоа нашата намера е да ги преточиме во практични решенија што ќе донесат повисок квалитет, поголема отпорност на производството на климатските промени и конкретна корист за земјоделците“, истакна министерот Серафимовски.

Министерот Серафимовски ги претстави приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се насочени кон зголемување на домашното производство, подобрување на квалитетот и пласманот на земјоделските производи, порационално користење на водните и шумските ресурси и создавање поодржлива економска перспектива за руралните средини.

На средбата посебно внимание беше посветено на можностите за експертска и институционална соработка, поврзување на релевантните институции и стопански субјекти, како и отворање простор за идни иницијативи во областа на иновациите, преработувачката индустрија, развојот на руралната економија и извозот на македонско вино.

Од страна на министерот Серафимовски и амбасадорката Дрекслер беше потврден заедничкиот интерес за продолжување на дијалогот и за препознавање на нови конкретни области во кои македонско-германската соработка може да добие дополнителна развојна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Власта на Мицкоски и ВМРО-ОКГ под радарот и зад грбот на народот турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство.

Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит - ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Освен во Пехчево, веќе објавивме дека компанија соопштила јавно дека за дата центри во Македонија добила капацитет на струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење од страна на Владата.

За ова владата нема ништо нема соопштено.

Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието.

Овие дата-центри трошат огромен капацитет на струја.

Поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе има поголем увоз од странство.

А сите знаеме кој профитира од зголемениот увоз на струја.

Што ќе значи ваквата потрошувачка за цената на струјата за граѓаните? Колку ќе ги чини?

Кој гарантира дека граѓаните нема да плаќаат повисока цена за струјата за некој друг да прави огромни профити?

Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит.

Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода за наводнување заради дата-центрите?

Земјоделскиот сектор и земјоделците се целосно запоставени, сега им следи нов удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на дата-центри?

Штом сето ова се турка без отворена и транспарентна постапка пред граѓаните јасно е дека целта е дебели профити за Организираната криминална група, врз грбот на народот.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Маја Борозан

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер