Северина во бикини се пофали со совршената фигура

Северина моментно е на годишен одмор на хрватскиот остров Корчула, од каде ги почести своите фанови со фотографија од плажа.

Пејачката на фотографијата позира насмеана во дводелен костим за капење, стои на лулашка во морето и ја покажува својата витка линија.

„Лета високо, а нејзиното ново мото е YOLО“, напишала стих од нејзината песна Магија покрај фотографијата.

Нејзините обожаватели ја наградија со комплименти за нејзиниот изглед, но некои се чинеа малку изнервирани што го нема сопругот Игор.

„Како девојче“, „Не знам како изгледа толку добро“, „Господе колку си убава“, „Никогаш не си била поубава“, „Сè е супер, сè е во ред, но без Игор, недостасува“, беа некои од коментарите .

Северина, патем, по гласините за разводот, го поминува летото без сопругот, на кого, после четиримесечен молк, му испрати јавна честитка за неговиот 33 роденден.

Сејлс:Хезболах складира експлозивни хемикалии ширум Европа

Координаторот на американскиот Стејт департмент за борба против тероризмот, Нејтан Сејлс, го обвини Хезболах дека складира хемикалии, што може да се користат за производство на експлозиви, во неколку европски земји. 

Тој ги повика земјите во Европа и светот да воведат забрани за таа организација.

– Зошто Хезболах би чувал амониум нитрат на европско тло? Одговорот е јасен: Хезболах го ставил оружјето таму за да може да изврши големи терористички напади секогаш кога тој или неговите господари во Техеран сметаат дека е потребно, рече Салес.

Тој изјави дека оперативците на Хезболах ги преместиле залихите на амониум нитрат од Белгија во Франција, Грција, Италија и Шпанија во изминатите години и дека се сомнева дека тие ќе продолжат да чуваат материјали низ цела Европа.

Оштетените штедачи од Еуростандард Банка бараат закон за нивно обесштетување

За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна.

Иницијативниот одбор на Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка соопшти дека одржале состаноци со сите пратенички групи во Собранието со цел барање на поддршка во изнаоѓање на итно, изводливо и ефикасно решение за оштетените штедачи од Еуростандард Банка – физички и правни лица.

Оштетените штедачи бараат итно носење законско решение со кое државата ќе ги превземе побарувањата на физичките и правни лица депоненти во Еуростандард Банка и во целост парично ќе ги обештети, а потоа државата да наплати од стечајната маса.

– За ова наше барање, Здружението претходно доби поддршка и од Владата на состанокот со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Фатмир Битиќи, каде беше искажана волја за наоѓање решение на проблемот од нивна страна. Пратеничките групи од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, и Левица дадоа целосна поддршка за носење на законско решение во најскоро можно време со коешто ќе се изврши целосно парично обештетување на физичките и правни лица депоненти од Еуростандард Банка. Во наредните денови ние како Здружение очекуваме да се дефинира текстот на законот за што Здружението бара од Владата и парламентарните групи во Собранието итно носење на законското решение со цел да се заштитат граѓаните и фирмите од понатамошни трагедии и последици кои ќе настанат не по нивна вина, се наведува во соопштението од Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка.

Во Битола почнува фестивалот „Музика од светот"

 Со музичко-актерскиот перформанс „Патеки" кој ќе се одигра во амфитеатарот на Хераклеа Линкестис, вечер во Битола почнува 12. издание на фестивалот „Музика од светот".

Пред публиката во Битола ќе настапат солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска и Тамара Стојковска, а ќе ги придружуваат членовите на битолскиот Камерен оркестар. Специјален гостин на вечерта е Дарко Нешовски кој настапува во Операта во Малме, Шведска.

Во музичко-актерскиот перформанс „Патеки" режиран од Јован Ристовски, учествуваат и актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.

Фестивалот „Музика од светот" го организира НУ Центар за култура, а финансиски е поддржан од Министерство за култура и Општина Битола.

притисни ентер