ЗабаваСеверина се одмора на Малдивите и позира во црвен фустан (ФОТО)Северина на Инстаграм сподели уште една фотографија од Малдивите и доби комплименти од следбениците.На повеќе од шест илјади луѓе им се допаднала фотографијата за околу 15 минути. „Голем син и црвен фустан“, напишала таа во описот на објавата. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) Коментарите го фалат нејзиниот изглед. „Убава“, „Сјае како сонце“, „Леле!“ - пишуваат во коментарите. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) За потсетување, Северина веќе неколку дена е на Малдивите, а со обожавателите често споделува фотографии од одморот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛекар најави штрајк со глад – тврди дека е дискриминиран за вработување поради возраста45-годишен лекар и приватен специјализант од Скопје Дарко Василевски се закани со штрајк со глад, откако на социјалните мрежи јавно обвини дека во нетранспарентна постапка по трет пат бил одбиен на оглас за вработување на Медицинскиот факултет.45-годишен лекар и приватен специјализант од Скопје Дарко Василевски се закани со штрајк со глад, откако на социјалните мрежи јавно обвини дека во нетранспарентна постапка по трет пат бил одбиен на оглас за вработување на Медицинскиот факултет во Скопје. Василевски тврди дека не добил никакво образложение зошто е одбиен, односно дека одлуката не ги содржела критериумите согласно кои е направен изборот. За овој случај, Василсевски пред неколку дена испратил писмо и до министерстото за здравство, но и до министерството за образование и наука. – Не сум започнал се уште, затоа што очекував дека покрај тоа што институциите се повикани ќе дадат некаков одговор, меѓутоа поради нивниот молк веќе една недела откако го објавив мојот првичен статус нема никаков одговор, па штрајкот веројатно ќе започне до крајот на оваа недела. На првите два конкурси добивме по пошта известување дека врз основ на мојата пријава за работното место избрани се кандидатите тие и тие и дека со нив ќе се склучи договор за неопределено време. Меѓутоа, во самата одлука не стојат критериуми по кои се избрани кандидатите, нема ранг листи, нема правна поука,- изјави Дарко Василевски, приватен специјализант и општ доктор. Покрај тоа што тврди дека постапката за вработување по јавниот оглас се водела нетранспаретно, Василевски обвинува дека бил дискриминиран и во однос на возраста. – По кој основ е дискриминацијата не би можел да ви каќам , тоа веројатно треба да го одговорат оние коишто го искоментирале, меѓутоа, На сите три интервјуа, мојата возраст била предмет на коментирање, во смисла дека сум стар, дека не можам понатаму академски да напредувам и така натаму,- изјави Дарко Василевски, приватен специјализант и општ доктор. Од друга страна пак, министерката Весна Јаневска во телефонска изјава за Канал 5 вели дека не е запозната со случајот, но дека секој сомнеж за дискриминација треба да се пријави и истиот ќе биде разгледан. – Не сум лично запознаена со случајот, но без оглед на тоа, доколку било кое лице се чувствува онеправдено или како што вие рековте дискриминирано, треба да достави претставка до државниот пазарен инспекторат или до Министерството по што ние би постапиле. Ние постапуваме по секоја претставка и ќе постапиме и по оваа претставка, при што државниот пазарен инспекторат ќе ги утврди фактите кои се случувале во процедурата,- изјави - Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Василевски вели дека претставка до институциите не може да поднесе, бидејќи како што тврди, последниот одговор дека е одбиен го добил преку електронска пошта, што пак вели дека не е официјален документ врз основа на кој тој би можел да испрати претставка. Канал 5 го контактираше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој до објавување на овој прилог не одговори на нашите повици и пораки. Василевски објаснува и дека не бара привилегии туку еднаква можност, фер постапка и вреднување на трудот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопНеделен хороскоп за 21.-28. септември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 21. до 28. септември 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај понекоја пречка или фрустрација. Сепак , понатаму треба да бидете внимателни и на мирен начин да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Другата страна ќе го препознае и цени вашиот труд . Кариера Понекогаш ќе ви се чини како премногу да ве истакнуваат и да го фалат вашиот труд .Скромноста и еден вид срамнежливост , која ја ширите околу себе, ќе биде пример за другите. Ќе работите вредно и без многу прашања. Здравје и совет Добро е да се биде искрен.Маските паѓаат. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако осаменоста не епо ваша желба. Оние во врска ќе поминуваат низ еден интересен период , низ кој ќе треба доста тртезвеност за да се помине. Кариера Не претерувајте со вашите идеи , зашто и покрај тоа што некои врати малку ви се отворија , се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо дочекајте ги вашите пет минути. Ќе дојдат . Ако ви е тешко , побарајте ведри луѓе. Здравје и совет Не правете ништо со сила. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Преодниот несклад во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања , ќе направат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Би било добро да ја прифатите состојбата каква што е и без поголеми амбиции да очекувате подобри денови. Ќе дојдат. Кариера Најдете во себе сила за да поставите подобри криутериуми во работењето и да ја завршите работата што мора да биде завршена. Сега не си ги поставувајте барањата премногу високо , зашто сте во фаза кога се соочувате со бројни предизвици , а енергијата ви е на минимум. Планирајте во мислите. Здравје и совет Редовно опуштајте се и обидете се добро да се наспиете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов вашата потреба за друѓтво и натаму ќе биде изразена , па многу често ќе излегувате. Ќе бидат тоа неформални дружби со блиски луѓе до вас и со пријатели. Нема да имате големи очекувања , но токму таа опуштеност би можелад а ви донесе нова љубов. Кариера Ги решивте последните поголеми недоумици и сега храбро одите напред. Малку по малку , почнувате да градите нови услови за работење или нови проекти. Во себе ја носите онаа свертлост што ќе разбуди многумина околу вас. Само треба да ви веруваат , па затоа отворете се. Здравје и совет Не се сомневајте во сопствените способности. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не се исклучени ниту мали љубомори , но и такви со поголем интензитет. Но како дошло , така и ќе помине. Потребна ви е малку поголема самоконтрола за да бидете посреќни. Кариера Ќе дејствувате на различни фронтови , но нема да има ништо толку силно за да ви го задржи целото внимание. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Ќе ви бидат потребни зашто имате помалку енергија од вообичаеното. Здравје и совет Ќе размислувате за смислата на животот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Деновиве многумина од вас ќе претеруваат во страста или пак во друга крајност , во студенило. Или секо момент ќе сакате да бидете со саканата личност или ќе барате целосна самотија.Сетете се на правилата на златна средина и обидете се да најдете рамнотежа. Кариера Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе поволни резултати и ќе ви ги рашири хоризонтите. Колку и да изгледа далеку , ќе биде добро. Здравје и совет Бидете посмирени во однесувањето. Овен 21.3-20.4. Љубов Овие денови ќе имате променливо расположение што се однесува до љубовниот живот. Некои врати ќе се отвораат , но некои и ќе се затвораат. Дури и истовремено.Затоа, бидете максимално отворени и следете ја секоја можност. Треба да научите штос е крие зад можностите. Кариера На работа главно ќе ви оди добро. Уште повеќе ќе ги засилите контактите и ќе ја подобрите соработката со младите колеги. Некои ќе отворат врата за нови колеги или самите ќе бидат повикани на некое ново место на работа. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Здравје и совет Ќе имате доволно сила и издржливост. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повремено ќе почувствувате понекоја лична фрустрација или пречка за љубов. Издржете , најмногу зашто со трпеливост ќе увидите колку всушност имате сила и колку може да сакате. На тој начин се ќе се стопи самото од себе, а ќе останат само добрите работи. Кариера Изгледа како да се разведрува , но никакот тоа да го дочекате. Веќе станувате нетрпеливи за да докажете што знаете и за што сте способни. Уште опваа недела ќе треба за нешто да се подготвите или да довршите некоја заостаната работа.Затоа , работете го тоа полека и сигурно. Здравје и совет Игнорирајте ги критичарите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Добра атмосфера , вашата отвореност и подготвеноста да изразите она што чувствувате , како и наклонетоста на другата страна , ќе ви ги направат овие денови многу пријатни. Оние кои уште се во потрага по сродна душа, лесно ќе се приближуваат кон секоја личност од спротивниот пол. Ќе биде интересно. Кариера Својот деловен интерес полека ќе го префрлувате на проширување на сопствените знаења и стручната способност. Некои ќе одат на доедукација. Сега ќе се исполнат некои законски услови за да може да направите нешто во таа насока. Некои поради тоа ќе отпатуваат. Здравје и совет Прво согледајте со што располагате, па потоа делувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако до сега имаше празнина во љубовта, овие денови ќе дочекате подобри шанси. Токму така вашиот приватен живот полека ќе почне да се подобрува , а потоа и насмевка ќе се врати на вашето лице. Немојте ништо да форсирате и се ќе биде добро. Кариера Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , конструктивни , отворени , жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со лицата со кои сте заедно во работниот простор. Здравје и совет Уживајте во животот. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби понекогаш ќе ви се чинидека љубовта е далеку од вас. Сепак , таа е поблиску отколку што мислите , само што моментално не се покажува. Бидете мирни , трпеливи и упорни. Ако сте во врска , не форсирајте со изразување на емоции по секоја цена. Кариера Многумина ќе играат на сигурно , зашто неодамнешните искуства и искушенија ги упатија кон тоа. Сепак , може малку и да рискирате. Не е се толку тешко како што вие го гледате. Повторно ќе се појави поддршка од други , на кои воопшто не сте се надевале. Здравје и совет Не се заморувајте со ситници. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вие полека доаѓате во убав период. Ова време е добро за засилување бнадовербата во врските , но и за поотворени разговори. На некои , сепак , повеќе ќе им одговара самотија исполнета со филозофирање.Повеќето ќе се чувствуваат добор. Кариера Ќе бидете помалку заморени од работата. Некои колеги , згора наас е и ќе ве задеваат. Не реагирајте. Она што мора да го сработите , направете го професионално. Така на сите ќе им ги затворите устите. Шанса за напредување не е неможна , но засега не ви изгледа атрактивно. Здравје и совет Размислувајте долгорочно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Најсмелата скокачка во далечина се соблече и ги вжешти социјалните мрежиРуската скокачка во далечина Викторија Баркова (25) во последно време нема постигнато значајни резултати поради повреди. Нејзиниот личен рекорд изнесува 6,43 метри; таа ја постигна оваа далечина на Универзијадата во 2022 година и освои злато. Таа блесна и во јуниорската конкуренција, освојувајќи и злато и бронза пред да направи принудна пауза. Викторија работи како фитнес-тренер, учествува на фотосесии, а во медиумите често ја нарекуваат „најубавата руска спортистка“. Спортистката неодамна го посети Виетнам и сподели серија сончеви фотографии на своите социјални мрежи. Се разбира, објави и фотографија во костим за капење. Следбениците ја пофалија содржината од плажата, како и физичката форма на спортистката. „Совршено“, „Преубаво!!!“, „Изгледаш неверојатно“, „Многу убаво тело“, „Леле!“ – ова се дел од коментарите на нејзините фанови, а таа на Инстаграм има речиси 80.000 следбеници. Убавата бринета не се срами да ја покаже својата прекрасна фигура во смели комбинации, костими за капење и долна облека. Оваа убава Русинка долго време ја претставуваше својата земја во дисциплината скок во далечина, но привлекува уште поголемо внимание со својот изглед, а многумина ја забележуваат и нејзината успешна манекенска кариера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16