Северина ќе се вработи како водителка на телевизија - Канал 5

Северина ќе се вработи како водителка на телевизија

Северина наскоро ќе го добие своето ток -шоу и ќе стане ТВ водителка, пишува Слободна Далмација.

Северина ќе се вработи како водителка на телевизија

Според Слободна, пејачката ќе се најде во улога на презентерка на регионална телевизија со седиште во Бања Лука, која се вика ТВ Уна. Основачот на телевизијата е син на политичарот Милорад Додик, Игор Додик.

ТВ Уна треба да започне со емитување до крајот на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Честит 2-ри Август, Ден на Реубликата!

Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија.

ЛДП: Честит 2-ри Август, Ден на Реубликата!

Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет.

Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е нивниот завет, а наша е одговорноста да ја чуваме и градиме со чест, достоинство и љубов.

Честит 2-ри Август, Ден на Републиката! Нека е вечна!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја и Русија градат мистериозен мост

Дали Путин и Ким Џонг Ун кројат нови планови? Северна Кореја и Русија градат мистериозен мост – западните разузнавачки служби предупредуваат: што се крие зад овој голем проект?

Северна Кореја и Русија градат мистериозен мост

Изградбата на мост меѓу Северна Кореја и Русија официјално треба да ја олесни економската соработка и туристичката размена, но според истражувањето на украинската организација „Truth Hounds“, неговата вистинска намена би можела да биде сосема поинаква.

Според истражувачите, мостот би можел да биде дел од стратешката воена инфраструктура. Мостот преку реката Тумен, кој ќе го поврзува рускиот град Хасан на далечниот исток на земјата со севернокорејскиот град Туманганг, ќе биде првата патна врска меѓу двете земји.

Според весникот „Гардијан“, Пјонгјанг веќе го завршил својот дел од проектот, додека работите на руската страна привремено забавиле, но објектот е речиси готов.

Истражувањето на „Truth Hounds“ укажува на тоа дека, спротивно на тврдењата на Москва и Пјонгјанг, мостот можеби не е наменет за поттикнување на трговијата, туку за воспоставување дискретен воен логистички коридор.

Како што потсетува „Гардијан“, ниту руските ниту севернокорејските власти не ја криеја изградбата на мостот. Тие тврдеа дека целта на проектот е проширување на соработката во трговијата и туризмот.

За ова зборуваа рускиот министер за транспорт Андреј Никитин, како и севернокорејската државна новинска агенција KCNA, наведувајќи дека новиот премин ќе придонесе за развојот на пограничните области.

Изградбата на мостот се проценува на повеќе од 100 милиони долари, додека вкупната трговска размена меѓу двете земји во текот на 2024 година изнесувала само 34 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Левандовски се претстави во МЛС со два гола

Роберт Левандовски ги постигна своите први два гола во МЛС и го предводеше Чикаго Фајр до победа од 2:1 над Шарлот, на својот прв домашен натпревар за новиот клуб.

Левандовски се претстави во МЛС со два гола

Полскиот напаѓач пристигна во Чикаго од Барселона летово, а на своето деби пред домашната публика веднаш покажа зошто е доведен.

Шарлот прв поведе со голот на Пеп Биел, кој погоди по асистенција на Идан Токломти. Левандовски израмни во 20-тата минута со спектакуларен удар од далечина, а во 68-мата минута го комплетираше пресвртот со прецизен удар во долниот лев агол и ѝ донесе победа на домашната екипа.

Со тоа, Чикаго ја забележа својата деветта победа сезонава, покрај шест порази и две нерешени средби, а натпреварот имаше и дополнително значење бидејќи тимот играше на својот стадион за првпат по повеќе од два месеци. Шарлот се обиде да израмни во завршницата и имаше корнер во судиското надополнување, но домашниот тим ја задржа минималната предност. Ова беше трет последователен пораз на гостите во дуелите со Чикаго.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер