ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството
2ВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравството
СветСеул: Северна Кореја развива интерконтинентална балистичка ракета од јаглеродни влакнаТестирањето на моторот со цврсто гориво што го спроведе Северна Кореја е насочен кон развој на интерконтинентални балистички ракети (ICBM) од јаглеродни влакна.Тестирањето на моторот со цврсто гориво што го спроведе Северна Кореја е насочен кон развој на интерконтинентални балистички ракети (ICBM) од јаглеродни влакна, со цел да се зголеми нивниот дострел и да се овозможи носење потешки и поголем број бојни глави, соопштија јужнокорејските пратеници, цитирајќи разузнавачки информации. Пјонгјанг во март изврши копнен тест на ваков мотор, за кој аналитичарите веруваат дека е наменет за најновата генерација интерконтинентални ракети. Според нив, новиот мотор веројатно има поголем потисок од претходниот модел тестиран во 2024 година, за кој се сметаше дека е способен да достигне која било точка на копнениот дел на САД. Досега Северна Кореја ги спроведуваше сите свои тестирања на ракети со голем дострел по т.н. висока траекторија, при што проектилите паѓаат во морето кај источниот брег или источно од Јапонија. На овој начин земјата ги тестира системите без да ги истрела на реалното растојание за кое се дизајнирани. Севернокорејските медиуми објавија снимки од трупот на ракетата користена во последниот тест, кој е изработен од јаглеродни влакна – материјал што комбинира леснотија и цврстина. - Ова и овозможува на ракетата да носи неколку бојни глави - истакна јужнокорејскиот пратеник Пак Сун-вон. Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, присуствуваше на тестирањето на 28 март и го оцени како сериозен напредок за стратешките способности на земјата. Пјонгјанг продолжува да ја прекршува забраната на Советот за безбедност на ОН за ракетни и нуклеарни тестови, консекутивно развивајќи сè помоќни и технолошки понапредни ракетни системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови клинички болници во Штип и Тетово, нов Клинички центар во Скопје, Владата со сериозни инвестиции во здравствотоВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги.Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери. Паралелно се работи и на нов Клинички центар во Скопје, за кој се разгледува кај „Борис Трајковски“. Планот опфаќа современ здравствен комплекс поврзан со „8 Септември“ преку топол подземен премин, а во целината се вклопуваат и ПЕТ центарот и поликлиниката „Букурешт“. Во меѓувреме, резултати има и во постојните установи. Во „8 Септември“ се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, лабораторијата и кровот, а обновена е и трауматологија во Старата градска болница. Во ГАК се вложени 110 милиони денари за реконструкција и опрема. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обновени 6 операциони сали, а уште 4 се очекува да бидат ставени во функција. Вкупно се реконструирани над 10 здравствени објекти и клиники, со набавена современа опрема вредна неколку милиони евра. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30
МакедонијаСериозна состојбата со пожарот помеѓу Зелениково и СтуденичаниСе уште е сериозна состојбата на подрачјето меѓу општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири на потегот Моране, Вртекица и Рамни Габер ко Палиград. Активни се пожарите во гостиварскот село Трново, над селото нежилово општина Чашка. Во текот на деноноќието се изгаснати уште 25 пожари на повеќе локации низ земјава. Заради ветерот што дуваше од овој дел на градот, вчера целата скоспка котлина беше покриена од густ чад.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќајот на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово во целосен прекин поради сообраќајна несреќаИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај мв. Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. РАБОТИ НА ПАТ: Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook