Сестрите Вилијамс елиминирани од Ролан Гарос - Канал 5

Сестрите Вилијамс елиминирани од Ролан Гарос

На женскиот дел од Грен слем турнирот на Ролан Гарос во 2.коло се елиминирани сестрите Вилијамс.

Сестрите Вилијамс елиминирани од Ролан Гарос
Поуспешна од најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс беше Шпанката Гарбина Мугуруза, која за 64 минути со 6:2 во двата сета извојува сензационална победа.

Во следното коло таа ќе игра против Ана Шмиедлова од Словачка, која беше подобра од Венус Вилијамс со 2:1 во сетови (2:6; 6:3 и 6:4).

Елиминирана е и 12.та носителка Фабиа Панета од Италија која загуби со 2:1 во сетови од Јохана Ларсон од Шведска.

На машкиот дел од турнирот без поголеми изненадувања во досегашната програма и пласман во 3.коло обезбедија: Жил Симон и Ернестс Гулбис, додека од носителите загуби само Михаил Јужњи (15.ти носител) од Радек Штепанек со 3:1 во сетови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го преименува езерото Онтарио, канадскиот премиер реагира

Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка 

Трамп го преименува езерото Онтарио, канадскиот премиер реагира

Канадскиот премиер Марк Карни вчера изјави дека езерото Онтарио ќе продолжи да се нарекува така, откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им наредува на американските федерални агенции да го нарекуваат Езеро Америка.

„Името е старо над 400 години и датира и од Канадската конфедерација и од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави“, продолжи тој.

„Знаеме дека Америка се менува. Нејзините трговски односи, нејзината надворешна политика, нејзините национални споменици, нејзините хидроними“, напиша Карни на X. Хидронимите се имиња на водни тела и водни патишта.

„Канаѓаните исто така знаат дека работите треба да се нарекуваат со нивните вистински имиња: Езеро Онтарио - тогаш, сега и секогаш“, додаде тој.

Трамп нареди промена на името

Трамп потпиша извршна наредба со која се наредува езерото Онтарио да се нарекува Езеро Америка во документите, мапите и комуникациите на федералната администрација на САД.

Иако рече дека промената ќе стапи на сила веднаш, наредбата му даде на американскиот секретар за внатрешни работи 30 дена да ја спроведе во консултација со Одборот за географски имиња. Одлуката не е обврзувачка за Канада или меѓународните институции. Езерото Онтарио е едно од петте Големи езера во Северна Америка, кое се наоѓа помеѓу канадската покраина Онтарио и американската држава Њујорк.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица

На 27.08.2026 полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.С.(42) и В.З.(26) двајцата од Кочани, по претходни оперативни сознанија дека се сторители на повеќе тешки кражби на подрачјето на ОВР Кочани.

Претрес во Кочани, лишени од слобода две лица

Извршен е претрес во нивните домови, со претходно издадена судска наредба, при што биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело по член 236 од Кривичниот законик на РМ.

По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

На 27.08.2026 околу 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „фолксваген“ со српски национални ознаки, управувано од М.С.(39) од Шведска. 

Лишен од слобода возач од Шведска, на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената

При извршена проверка преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.С. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно на автопатот А-1, во близина на Демир Капија, управувал со возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час. М.С. е лишен од слобода и ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер