Сестрите од манастирот во Рајчица почнаа со изработка на божиќни пештери - Канал 5

Сестрите од манастирот во Рајчица почнаа со изработка на божиќни пештери

 Сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица, дебарско, традиционално и оваа година почнаа со изработка на божиќните пештери, кои ја внесуваат божиќната атмосфера во православните домови.

Сестрите од манастирот во Рајчица почнаа со изработка на божиќни пештери

-Со благослов на нашиот старец, епископот Антаниски г. Партениј, и оваа година почнавме со изработка на божиќните пештери. Ќе се потрудиме благонаклоно да одговориме на сѐ поголемиот интерес и да изработиме пригодни Божикни традиционални украси во вид на некогашната Витлеемска пештера, изјави за МИА сестра Ефимија, додека сестрите со своите вредни раце привршуваа со изработката на божиќна пештера.

Ни објасни дека се изработуваат од различни прикладни материјали, автентично украсени и збогатени со иконата на рождеството Христово и со кандило, и така даваат можност на сите заинтересирани да го надополнат божикниот амбиент во својот дом во духот на нашата православна традиција.

Заинтересираните верници кои сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена божикна пештера, посочи, може да нарачаат на следниов број: 075 245 791 кај сестра Филотеја, посакувајќи божиќната радост да се всели во секој православен дом.

Сестрите од Рајчица со голема љубов кон Бога, трпение и молитви за мир и благосостојба, изминатите петнаесеттина години, имаат изработено со стотици пештери, во различна големина, кои красат многу домови, цркви, но и простории на компании, фирми, институции. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП: Граѓаните да внимаваат, стигнуваат лажни СМС пораки за поврат на ДДВ

Управата за јавни приходи  предупредува на внимателност кај граѓаните откако, како што информираа почнале да  пристигнуваат лажни SMS-пораки во кои се тврди дека „даночниот поврат е подготвен“, а во пораката е приложен и линк.

УЈП: Граѓаните да внимаваат, стигнуваат лажни СМС пораки за поврат на ДДВ

Оттаму предупредуваат дека станува збор за можен обид за измама и апелираат граѓаните да не го отвораат линкот и да не оставаат лични или банкарски податоци , посочувајќи дека ваквите пораки може да бидат дел од обид за кражба на лични и финансиски податоци. Од УЈП велат дека информациите поврзани со даночните услуги и повратот на ДДВ треба да се проверуваат исклучиво преку официјалните канали на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

Дали шемите на градоначалникот Боби Стефковски ќе ги коштаат граѓаните на Гази Баба и Скопје  околу 20 милиони евра од буџетот на Општината и Градот?

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

Денеска, во пресрет на седница на Советот на Општина Гази баба сум на оваа локација за да отворам едно исклучително сериозно прашање и да побарам одговори од надлежните институции во Општината и Градот Скопје.

Врз основа на Нацрт-верзијата за Деталниот урбанистички план ЦС09 Блок , кој се однесува на потегот кај East Gate, доаѓаме до фрапантни податоци. Податоци кои отвораат сериозен сомнеж за потенцијална финансиска штета врз буџетот на општината и градот во висина од неверојатни 23 и пол милиони евра.

За што всушност станува збор и како е возможно ова? Да одиме по ред.

Според овој Нацрт-ДУП, на вкупно четири градежни парцели се предвидува изградба на објекти со намена Б5 – или хотелски комплекси. Станува збор за огромна вкупна површина од близу 141.000 метри квадратни. За да ви ја доловам големината – ако една просечна хотелска соба има околу 40 квадрати, ова значи дека таму се цртаат неверојатни 3000 -3.500 хотелски соби.

Тука леѓи главната дилема и сомнеж за корупција: Дали преку оваа намена за хотели, всушност, се подготвува терен за класични станбени згради, со цел да се изигра законот и да се избегне плаќањето на реалните комуналии?

• Регуларниот надоместок за уредување на градежно земјиште за овој дел од Скопје изнесува околу 180 евра по метар квадратен.

• Ако се градат станови, за оваа површина во буџетот би требало да се слеат околу 25 милиони евра.

• Но, бидејќи инвеститорот добива маркица за „хотел“ намена Б5, тој законски плаќа само 5% од овој износ.

• Тоа значи дека наместо 25 милиони, ќе се платат само нешто над 1.2 милиони евра.

Оттука, прашуваме:

Дали со овој ДУП директно му се овозможува на инвеститорот да заштеди 23.500.000 евра, пари кои треба да завршат во буџетот на Гази Баба и Град Скопје, а објектите потоа повторно да ги продава како апартмани за живеење?

Дали со ваквиот план му се прави дополнителна услуга на инвеститорот да заштеди пари преку изградба на помал број паркинг места, согласно стандардите за хотели кои бараат помалку паркинзи отколку оние за станбени згради?

Дали идните купувачи свесно ќе бидат доведени во правна замка? Дали тие луѓе ќе можат воопшто да извадат лична карта во МВР на таа адреса, со оглед на тоа што објектот ќе се води како хотел?

Ова не го зборуваме на памет.

Дали ќе се повтори истиот случај како со веќе изградениот објект на соседната градежна парцела каде луѓето веќе се вселени и живеат во станови, но не можат да ги пријават како свое место на живеење во МВР?

Почитувани, 23.5 милиони евра се пари на граѓаните. Со тие пари се градат градинки, улици, и училишта.

Институциите мора да дадат одговор на овие прашања.

Дали и кој ќе сноси одговорност доколку се дозволи вакво оштетување на буџетот?

Ви благодарам.

YouTube video

Александар Вељановски, советник во општина Гази Баба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макам-транс со повик до транспортерите: Да бидеме побројни на протестот

Асоцијацијата Макам-транс денеска преку соопштение упати  повик до сите превозници, возачи, соработници и вип членки да се приклучат во што е можно поголем број  на протестот закажан в  понеделник пред  делегацијата на ЕУ во Скопје

Макам-транс со повик до транспортерите: Да бидеме побројни на протестот

Бараат изнаоѓање на преодно решение за проблемот на професионалните возачи со престојот во Шенген зоната. А простестот како што посочија од асоцијацијата Макам транс, се одржува ден пред состанокот на работната група во Брисел на кој треба да се разговара токму по ова прашање.. Од асоцијацијата порачаа дека целта е да се испрати јасна порака до европските институции дека професионалните возачи мора да добијат соодветно решение за специфичностите на нивната работа и непречено да го остваруваат превозот. „Ве повикуваме да бидеме што побројни. Само обединети можеме да бидеме слушнати,“ стои во повикот на Макам-транс, протести в понеделник од 12 до 14 часот ќе се одржат и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Од министерството за транспорт досега во неколку наврати посочија дека како надлежна институција имаат целосно разбирање за македонските трнаспротери, како и дека се превземаат сите активности за изнаоѓање на решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Ресорниот министер Александар Николоски пред два дена најави склучување на нови договори, посочувајќи дека на тој начин земјава самостојно го решава проблемот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер