Ристовски: Големите спортски резултати стануваат дел од историјата на државата – доделени државните награди „8 Септември“
1Ристовски: Големите спортски резултати стануваат дел од историјата на државата – доделени државните награди „8 Септември“
ФудбалСестра му на Лионел Меси преживеала тешка сообраќајна несреќа, има бројни скршенициЛоши вести доаѓаат од Мајами. Сестрата на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси, Марија Сол доживеала тешка сообраќајна несреќа во овој град во Флорида, при што има повеќекратни повреди. Имено, неофицијално се објавува дека Марија ја изгубила свеста, а потоа со автомобилот се удрила во ѕид. Таа има неколку скршеници на зглобовите, вратот, како и изгореници кои тешко се лекуваат. Иако на почетокот сè изгледало исклучително сериозно, добро е што не е во животна опасност. Поради сето ова, таа сепак ќе мора да ја откаже свадбата. 🚨🚨| BREAKING: Lionel Messi’s sister Maria was involved in a serious traffic ACCIDENT. She lost control of her car after fainting and crashed into a wall. She suffered fractures to her vertebrae, heel, and wrist, as well as burns that are hard to treat. She has returned to… pic.twitter.com/ba5jKDrmHS — CentreGoals. (@centregoals) December 23, 2025 Беше планирано сестрата на Меси да се омажи на 3 јануари во Росарио, но изгорениците, медицинската интервенција на пршлените, како и другите скршеници бараат долг одмор. Марија ќе започне со рехабилитација од денес. Аргентинскиот новинар, Анхел де Брито, истакна дека сестрата на Меси сега е подобро и дека тој ја потврдил информацијата во разговор со нивната мајка.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаРистовски: Големите спортски резултати стануваат дел од историјата на државата – доделени државните награди „8 Септември“По повод Денот на независноста 8 Септември, Министерството за спорт денеска на пригодна свеченост во Собранието на Република Македонија, ги додели државните награди за високи остварувања во областа на спортотот.Државната награда „8 Септември“, со која Република Македонија им оддава признание на спортистите, тренерите и спортските работници кои со своите резултати, посветеност и долгогодишна работа оставиле трајна трага во македонскиот спорт, годинава се одржа по четиринаесетти пат. Годинешни добитници на еднократната наградата за остварувања во областа на спортот се: Димче Ангелов (борење), Ацо Крстов (борење), Дејан Ангеловски (атлетика) и Ангел Мицевски-Скакар(борење), а наградата за животно дело која е од траен карактер му припадна на Трајче Димков, човек чиј живот е нераскинливо поврзан со борењето – како спортист, тренер, селектор и спортски работник. Министерот за спорт Борко Ристовски, ги поздрави добитниците и во своето обраќање истакна дека државната награда што го носи името на Денот на независноста има посебна симболика, бидејќи со неа државата им оддава почит на луѓето чии спортски достигнувања станале дел од нејзината историја. „Постојат спортски резултати што остануваат запишани во статистиката, но постојат и луѓе чии резултати, карактер и дело стануваат дел од колективната меморија на една држава. Денеска сме тука токму поради такви луѓе. Луѓе кои победувале, создавале шампиони, граделе спортски генерации и го носеле името на Македонија тогаш кога зад нив стоеле само нивниот труд, нивната дисциплина и вербата дека можат да успеат“ - истакна Ристовски. Тој нагласи дека спортот има вредност многу поголема од освоените медали, пехари и рекорди, бидејќи големите спортски успеси создаваат моменти во кои целата држава се препознава во успехот на еден спортист или една репрезентација. „Спортот има една исклучителна моќ – во неколку секунди да обедини цел народ. Кога македонски спортист стои на победнички подиум, кога се крева македонското знаме или кога нашите спортисти се борат со најдобрите во светот, тогаш нивниот успех престанува да биде само личен. Тој станува успех на Македонија. Токму затоа државата има обврска да ги памети луѓето кои ги создавале тие моменти“- порача министерот. Ристовски им честиташе на годинашните добитници, посочувајќи дека зад нивните признанија стојат децении работа, тренинзи, натпревари, откажувања, победи и порази, но и огромен придонес во создавањето нови генерации македонски спортисти. Посебно значење има наградата за животно дело, која му беше доделена на Трајчо Димков, за повеќе од четири децении посветеност на македонското борење како спортист, тренер, селектор и спортски работник. Во неговата долгогодишна спортска кариера особено се издвојува 1995 година, кога со БК „Бучим“ од Радовиш станува европски клубски првак. Како селектор, Димков ја предводеше македонската репрезентација и на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а низ неговата тренерска кариера неговите борачи освојувале медали на европски првенства, Медитерански игри и други големи меѓународни натпреварувања. „Животно дело не се создава со една победа, една сезона или еден медал. Тоа се создава со децении во кои човекот останува верен на спортот, го пренесува своето знаење и зад себе остава луѓе кои продолжуваат таму каде што тој започнал. Тоа е наследство кое не може да се измери само со бројот на освоени медали“ - истакна Ристовски. Државната награда „8 Септември“ е востановена во 2012 година, а годинава се доделува по четиринаесетти пат. На конкурсот за 2026 година беа поднесени девет кандидатури за државната награда и шест кандидатури за наградата за животно дело. Изборот на апликантите го спроведува Одборот за доделување на државната награда кој го сочинуваат 13 лица, истакнати спортски работници и професори од областа на спортот.Тагови: 8 Септември Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
КултураНаградуваната „Уна“ на Звездара театар со изведби на 7 и 9 септември во МНТПоради исклучителниот интерес од публиката, наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград ќе има изведби на 7 и 9 септември во Македонскиот народен театар.Билетите за двете изведби се достапни онлајн преку веб-страницата на МНТ, како и на билетарницата, која работи секој работен ден од 13.00 до 20.00 часот. „Уна“ доаѓа во Скопје како едно од впечатливите регионални театарски остварувања, во режија на Дејан Пројковски, еден од најзначајните македонски режисери, со Никола Ристановски во главната улога. Создадена според драмскиот текст на Стеван Копривица, инспириран од култниот роман на Момо Капор, претставата отвора интимен и длабоко емотивен простор во кој се преплетуваат љубовта, сеќавањата, минливоста и изборите кои го определуваат човековиот живот. Во улогата на професорот Мишел Бабиќ настапува Никола Ристановски, чие маестрално актерско остварување во „Уна“ наиде на исклучителен прием кај публиката и критиката, потврдено со значајни фестивалски признанија. Покрај него, во претставата играат Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо. Со својата препознатлива режисерска естетика, Дејан Пројковски ја обликува „Уна“ како интимна и визуелно впечатлива театарска приказна, во која личното станува универзално, а односот меѓу човекот, слободата и љубовта добива ново значење. Вредноста на претставата е потврдена и со низа значајни фестивалски признанија. Никола Ристановски е добитник на наградата „Зоранов брк“ за најдобро актерско остварување на фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“ во Заечар, како и на признанијата за најдобар актер на Актерските свечености „Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац и фестивалот „Театар фест Петар Кочиќ“ во Бања Лука. Претставата ја освои наградата од публиката на „Денови на Зоран Радмиловиќ“, а на Фестивалот „Театар во еден чин“ во Младеновац ги освои наградите за најдобра претстава и награда од публиката.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаКузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?Поминуваат месеци откако СДСМ достави пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните.А од Обвинителството – молк. Дали Обвинителството конечно се врати од екскурзија? Или во македонското обвинителство работи само Христијан Мицкоски? Затоа што кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, обвинителите се будат. Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат. Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина. 1.До каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар? Над 5.000 граѓани завршија во болници, цел град со недели беше отруен. СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции. Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи? 2.До каде се предметите за криминалните тендерите од 100 милиони евра? Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објави случаи на криминални тендери вредни над 100 милиони евра, поднесе официјална пријави, кривични, документи и докази. Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо. Не се знае дали некој е повикан, дали се проверени доказите, кој е одговорен. Или предметите намерно се чуваат во фиока? Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација. Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат? 3.Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена. И тука се гледа двојниот аршин. Кога треба да се затвори предмет за Мицкоски – може брзо. Кога треба да се испитуваат тендери, функционери на власта и милиони евра народни пари – тогаш нема ништо со месеци. 4.Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село? Млади луѓе беа физички нападнати само затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар. СДСМ јавно ги посочи случајот и лицата и побара институциите да постапат. 5.До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО. Што прави Обвинителството? Кој ги нападна младите? Кој дозволил службени документи да завршат во партиски штаб? Кој е повикан на распит? Или кога жртвите се млади активисти на СДСМ, законот не важи? Ова се конкретни случаи. Со имиња. Со документи. Со докази. За милионски суми народни пари. За нападнати млади луѓе. За загрозено здравје на илјадници граѓани. Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски по телефон или преку телевизија? Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter