3 Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос
БалканСесрпски собор во БелградВо Декларацијата, која ќе биде поднесена на усвојување до собранијата на Србија и на РС, се вели дека „државните органи на српскиот народ треба на соседните народи да им понудат договор за историско помирување, траен мир и развој“.Политичките лидери на Србија и на Република Српска (РС) денеска на „Сесрпскиот собор“ во Белград, објавија „Декларација за заштита на националните и политичките права и Заедничка иднина на српскиот народ“ во која се наведува дека „Косово и Метохија е неотуѓив дел од Србија“ и „се осудува секое непочитување и кршење на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина“, пренесува Бета. Во Декларацијата, која ќе биде поднесена на усвојување до собранијата на Србија и на РС, се вели дека „државните органи на српскиот народ треба на соседните народи да им понудат договор за историско помирување, траен мир и развој“. - Сесрпскиот собор ги поддржува напорите на Република Србија за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет, гарантирани со меѓународното право и резолуцијата 1244 и другите резолуции на Советот за безбедност (СБ) на Обединетите нации (ОН), како и правото и должноста на Република Србија да се посвети на опстанокот на српскиот народ на Косово и Метохија, се наведува во една од речиси 50-те точки на Декларацијата. Исто така, „се осудува намерното создавање неподносливи услови за животот на Србите и прогонот што го спроведуваат привремените институции на самоуправа во Приштина“ и „се очекува Србија да продолжи да ги штити правата и животите на своите граѓани на Косово и Метохија, користејќи ги сите заштитни механизми предвидени со внатрешното и меѓународното право“. - Сесрпскиот собор инсистира на имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН (1244 од 1999 година) во сите нејзини аспекти. Сесрпскиот собор смета дека спроведувањето на Бриселскиот договор, формирањето на Заедницата на српските општини и постојаниот дијалог се единствениот одржлив начин за решавање на проблемот, се вели во Декларацијата. Како што е наведено, таа „не ја поддржува Резолуцијата за Сребреница, за која гласаа 84 земји на Генералното собрание на ОН, додека 109 земји беа против, воздржани или не гласаа“ и забележува дека тоа е „обид колективно да се обвини целиот српски народ, што е неприфатливо неспроведливо“. Во Деклрацијата се посочува и дека Дејтонскиот мировен договор „е трајно и значително прекршен и покрај аспирациите на Република Српска и српскиот конститутивен народ кој се бореа за зачувување на Дејтонската уставна рамка во Босна и Херцеговина, и затоа ги повикува сите меѓународни актери да се вратат на доследно почитување на Дејтонскиот мировен договор“. Се истакнува дека РС е „единствен и неделив уставен субјект кој самостојно ги извршува своите уставни, законодавни, извршни и судски функции во согласност со Уставот на БиХ - Анекс IV од Дејтонскиот мировен договор и чија територија не може да се отуѓи надвор од Уставот. и законите на РС“. Сесрпскиот собор констатира дека „Република Српска е задоволна од високиот степен на автономија дефиниран со Дејтонскиот мировен договор, затоа инсистира на суштинска и формална имплементација на Дејтонскиот мировен договор, како меѓународен договор кој не може да се менува еднострано. или преку интервенционизам“. Исто така, се вели дека РС може, до степен до кој смета дека е целисходно, да ги активира сите надлежности кои, според Дејтонскиот мировен договор, се предвидени за ентитетите. Србија и РС, „во согласност со Дејтонскиот мировен договор, имајќи ја предвид геополитичката положба, економските односи и политичките процеси, интеграцијата кон Европската унија (ЕУ) ја гледаат како стратешка цел, која треба да се реализира преку партнерска политичка и економска рамка со целосно почитување на националните интереси“. Поддржана е политиката на воена неутралност на Србија во однос на сите постоечки воени сојузи, со што целосно се согласува и РС, која ќе се бори за зачувување на воената неутралност во Босна и Херцеговина. Заклучено е дека Сесрпскиот собор треба да заседава на две години. Се состои од претставници на Србите избрани во законодавната и извршната власт, членови на академиите на науките и уметностите, членови на Соборот на Српската православна црква и други претставници на српскиот народ поканети од организаторите на Сесрпскиот собор. Најавено е конституирање и на Националниот совет надлежен за координација, следење и извршување на усвоените акти./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведокОдложено првото рочиште за Државна Лотарија откако Артан Груби пред една недела излезе и од куќен притвор – сведок на обвинителството не се појави во судница. Станува збор за Надије Хоџа, вработена во државна лотарија, која вчера ги известила обвинителите дека денеска ќе оди на службено патување. По ова, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи рочиштето, следното судење е веќе утре, но Хоџа повторно нема да се појави во судницата. Поради ова, судот го задолжуи обвинителството да го обезбеди сведокот на судењето закажано за 30 октомври. Покрај тоа што судот ќе почека Хоџа да се појави како сведок, од претходно Владо Петковски, директорот на секторот за приредување на игри на среќа беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството, иако беше предложен од нивна страна. Обвинителите велат дека истражуваат дали врз Петковски имало некакво влијание бидејќи тврдат дека пред судот го сменил исказот, но генерално посочуваат дека се задоволни од досега дадените искази на нивните сведоци. – Тој беше испитан во обвинителството како осомничен, беше предложен како сведок во делот на набавката на ВЛТ апаратите, а од нему познати причини одлучи да го промени исказот којшто го имаше дадено во обвинителството . Вториот сведок имаше неколку клучни моменти коишто мислиме дека се битни за предметот. Иако ова е предмет којшто генерално е базиран на материјална документација како доказим меѓутоа сведоците даваат неколку поврзници на тие докази, вториот сведок имаше неколку клучни моменти кои сметаме декао дат во корист на теоријата на одбраната,- изјави Даниел Коцев, обвинител во случајот „Државна лотарија“. На утрешното рочиште треба да се појави нов сведок на обвинителството, додека Хоџа и уште еден вработен во државна лотарија, во судницата ќе се појават на 30 октомври. Покрај поранепшниот прв вицепремиер Артан Груби, за проневери од 9,7 милиони евра во државна лотарија обвинет е и екс директорот Перпарим Бајрами и уште 6 лица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаССМ: Синдикалната минимална кошница за октомври 70.358 денари, зголемена e за 926 денариСиндикалната кошница надмина 70 илјади денари.Споредбено со септември, пресметките на ССМ, покажале дека трошоците за четиричлено семејство пораснале за 926 денари, а дека цела една минимална плата, нешто над 26 илјади денари, треба да се потроши само за најосновните потреби - за храна и пијалоци. Ако се направи споредба со почетокот на годината пак, минималната синдикална кошничка се зголемима за 3945 денари. Заменик-министерот за економија Ристески оценува дека скокот на цените на горивата има влијание на целата економија, но со владините политики вели граѓаните не се оставени сами на себе. Во понеделник на социо-економскиот совет во Владата, пак, ќе се дебатира за владината потрошувачка кошница, која на неодамнешната презентација покажа драстично помали трошоци за живот во однос на синдикалната. -Владата покажа дека и во ваква тешка економска светска криза има капацитет да се справува со правење на одлични мерки кои досега дадоа и резултати. А дека има резултати покажува и фактот дека имаме и една од најниските инфлации во Европа и регионот. / Имаме зголемување на просечната исплатена нето плата во Македонија, што најголем дел од населението да речам се движи околу таа просечна плата, бидејќи само 2 проценти од населението реално земаат минимална плата, така да ќе гледаме таа просечна или медијална плата да се зголемува и понатаму,- Марјан Ристески – заменик министер за економија. -Цената на нафтата држи константно повисока цена, има раст на платите во привнатниот бизнис, тоа е потврдено со официјални податоци од заводот за статистика, зголемени суровини.. Сето тоа придонесува да има притисок на излезната страна, во однос на тоа да има потреба да се покачат одредени цени. Горан Ѓорѓиевски – претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија. За да се зголеми продуктивноста и можноста за поголема заработката на работниците, Ѓорѓиевски најавува дека во следниот период ССК ќе се залага за плаќање по час, модел кој оценува дека фукционира добро во многу други држави и во приватниот и во јавниот сектор. Инаку, според извештај на Здружението за истражување и анализи - ЗМАИ, Македонија достигнува 64 проценти од просечното ниво на благосостојба во ЕУ. Според нивните заклучоци, доколку се задржи просечното темпо на приближување од последните пет години, ќе бидат потребни уште 52 години за да се достигне европскиот просек. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот односМинистерот за одбрана Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, Лафчиски попладнево во владата одржаа прес-конференција заедно со претставници на синдикалните здруженија.. Афродита Рамос го следи пресот. Афродита, има ли трајно решеение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст? Во видедото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter