Сертификатот за трета доза на вакцина се добива на сајтот вакцинација.мк со бришење на стариот - Канал 5

Сертификатот за трета доза на вакцина се добива на сајтот вакцинација.мк со бришење на стариот

Од денеска граѓаните кои примеле во странство Џонсон или Модерна бустер доза може да примаат во Македонија со носење на сертификатот за примената вакцина.

Сертификатот за трета доза на вакцина се добива на сајтот вакцинација.мк со бришење на стариот

Сертификатот за трета примена доза на вакцина се добива на сајтот вакцинација.мк со бришење на стариот сертификат со примени две дози и генерирање на нов, објаснува Жаклина Чагороска од „Мој Термин“, од како голем број на граѓани се пожалија дека не можат да извадат нов сертификат со примена трета доза.

Новина во вакцинацијата и донесена нова одлука од страна на Комисијата за заразни болеси е дека трета доза на вакцина може да се прими три месеци од примената втора доза од било кој производител.

Од денеска граѓаните кои примеле во странство Џонсон или Модерна бустер доза може да примаат во Македонија со носење на сертификатот за примената вакцина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Добри вести за Манчестер Сити – Родри успешно опериран

 Фудбалерот на Манчестер Сити и шпански репрезентативец Родри успешно беше подложен на помала операција на грбот, соопшти англискиот клуб.

Добри вести за Манчестер Сити – Родри успешно опериран

Во соопштението не се наведува колку долго шпанскиот фудбалер ќе отсуствува од терените.

„Играчот од средниот ред веќе некое време чувствуваше непријатност, но сега беше подложен на зафат за решавање на овој проблем и веднаш ќе започне краток период на рехабилитација. Сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување“, се наведува во соопштението на Манчестер Сити.

30- годишниот Родри е член на Манчестер Сити од 2019 година. Пред девет дена, тој ја освои титулата со шпанската репрезентација на Светското првенство што се одржа во САД, Канада и Мексико. Шпанските фудбалери ја победија Аргентина со 1:0 во финалето на Светското првенство по продолженијата, а Родри беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош продолжува со активностите за подобра канализациона инфраструктура во Злокуќани

Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа...

О. Карпош продолжува со активностите за подобра канализациона инфраструктура во Злокуќани

Општина Карпош, во соработка со ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува со реализација на активности за прочистување и одржување на канализационата мрежа, со цел навремено решавање на критичните точки и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во фокусот на денешните активности беше улицата „Скупи“ во Злокуќани, каде што екипите работеа на расчистување на шахти, отпушување на атмосферската канализација, како и чистење на сливници и фекални шахти.

Интервенциите се реализираа со цистерна под висок притисок, вакум-цистерна и со рачно чистење на критичните точки. На терен изврши увид и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој истакна дека решавањето на проблемите со канализационата инфраструктура е меѓу приоритетите на Општината и дека директната комуникација со граѓаните и навременото реагирање на нивните потреби се од особена важност.

„Како Општина сме постојано на терен и во директна комуникација со граѓаните. Нашата цел е проблемите да ги детектираме навреме и, во соработка со надлежните институции, да преземеме конкретни активности за нивно решавање. Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на инфраструктурата и условите за живот во сите населби на Карпош“, истакна градоначалникот Лукровски.

На увидот присуствуваше и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Иван Митровски, при што беше потврдена важноста од координираната соработка меѓу Општина Карпош и јавните претпријатија за ефикасно и навремено делување на терен. Активностите за прочистување и одржување на канализационата мрежа продолжуваат и утре во Нерези, со фокус на критичните делови од мрежата, со цел обезбедување подобра проточност и поефикасно функционирање на канализациониот систем.

Општина Карпош продолжува да биде присутна на терен и да работи во интерес на граѓаните, со конкретни активности и координирана институционална соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“

Театарот КМД од Дубровник на 29 септември гостува во Македонскиот народен театар

Македонскиот народен театар на 29 септември ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ Јовиќ.

Гостувањето е уште една потврда за успешната соработка меѓу Македонскиот народен театар и Казалиште „Марин Држиќ“.

Неодамна МНТ гостуваше во Дубровник со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, каде што ансамблот беше пречекан со исклучителна гостопримливост и одушевување од публиката. Сега имаме чест да им возвратиме со гостопримство и да ги пречекаме нашите драги пријатели на сцената на МНТ.

„Види како Локрум мие заби“, во режија на Паоло Тишљариќ, е емотивна и длабоко интимна приказна која се одвива во текот на една ноќ – помеѓу моментот кога главната протагонистка ја дознава веста за смртта на својот татко и неизбежното соочување со загубата.

Низ четири генерации жени од едно семејство, претставата ги истражува сеќавањата, тагата, љубовта и сложените семејни врски. Таа исто така говори и за начините како човекот се справува со болката и загубата.

Претставата е копродукција на Казалиште „Марин Држиќ“ и Дубровничките летни игри, а драматизацијата ја потпишува Маријана Фумиќ.

Во актерската екипа настапуваат Марија Шегвиќ / Ирена Тереза Прпиќ, Сандра Лончариќ, Миреј Станиќ, Ања Ѓуриновиќ, како и Перица Мартиновиќ, Ника Ласиќ, Борис Матиќ и Бојан Берибака.

По премиерната изведба, претставата оствари бројни гостувања во Хрватска и странство, настапувајќи на значајни фестивали и сцени во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Турција.

Македонскиот народен театар со особено задоволство ја продолжува меѓународната културна размена со еден од најзначајните хрватски театри. Ова гостување ќе биде уште една можност за зближување на уметниците и публиката преку театарската уметност.

Билетите се пуштени во продажба преку веб-страницата www.mnt.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер