Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
ЕвропаСериозно предупредување од Орбан: Наредните денови се решава дали војната од Украина ќе се рашири низ ЕвропаНаредните денови ќе одлучат дали војната меѓу Русија и Украина ќе се прошири понатаму кон Европа или „жештината на војната ќе стивне засекогаш“, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.„Ако важните преговори меѓу САД и Русија бидат успешни, жештината на војната ќе стивне и луѓето во Унгарија ќе можат полесно да дишат. Меѓутоа, ако преовлада волјата на Европејците, кои веруваат дека војната треба да продолжи и да се решава на бојното поле, а не со барање мир, војната би можела да се прошири поблиску и заканата да расте“, рече Орбан, објави МТИ. Унгарскиот премиер минатата недела изјави дека повоениот поредок треба да вклучува трансформирање на Украина во тампон-држава меѓу НАТО и Русија. Тој изјави дека Западот ја вооружил Украина, де факто ја интегрирал во структурите на НАТО и има намера да ја направи де јуре членка на НАТО. Орбан, исто така, оцени дека времето е на страната на Русија и додаде дека колку подолго е потребно за да се постигне мир, толку повеќе територија и човечки животи ќе изгуби Украина.Тагови: Виктор Орбан украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МетеоЗаладување во Македонија: Следната недела студени утра и снег на повисоките места Од утре драстично заладување и најава за снежни врнежи на повисоките места и планините.Од УХМР посочуваат дека од вторник утринските температури ќе се спуштат под нулата насекаде низ државата, а од вечерва се најавуваат и врнежи со засилен ветер во западниот дел од Македонија. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕди Рама ја дообјасни изјавата дека Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот уставАлбанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска.Албанија нема да го попречи патот на Македонија кон ЕУ ако не се исполни условот за вметнување на Бугарите во уставот, прашањето е внатрешно и ние нема да се мешаме, но тоа е веќе преземена обврска- албанскиот премиер Еди Рама ја дообјасни неговата последна изјава за бугарската национална телевизија кадешто кажа дека треба да има уставни измени, а за која рече дека парцијално се пренесувала. Вели дека ги споменал и претходните отстапки со промена на името и дека за него е нормално Македонија да има сомнеж за следни блокади, потенцирајќи дека тој секогаш гласно се залагал за македонските евроинтеграции. Македонскиот премиер Мицкоски пак рече дека како Влада се свесни за реалната состојба со преговорите, но дека за успешен процес е потребно да има доверба. Оптимист е дека набрзо и Македонија и Албанија ќе седнат на иста маса во Брисел со земјите членки на унијата. На Ќафасан Рама беше прашан и зошто постојано ги потенцирал пријателските односи со политичарите од Македонија како Мицкоски и Ахмети, а никогаш не реагирал за прашања кои ги засегаат Албанците, како судскиот случај Монструм. Рама одговори дека не треба да се поминат границите со мешање во внатрешните прашања бидејќи Македонија е независна и суверена држава, а тој лично уверува дека никогаш нема да прави политичка кампања преку Албанците во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕдношалтерска контрола на граничниот премин „Ќафасан“ - стартуваше системот „one stop shop“Крај за двојните запирања на границата со Албанија. Од денеска на преминот Ќафасан кај струга стартува системот „Оne stop shop“, со кој патниците ќе поминуваат само една заедничка гранична контрола, наместо да запираат на двете страни од границата..Целта е помалку чекање, побрз проток на патници и стока и поедноставни гранични процедури. Системот го промовираа премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Еди Рама, кои најавија понатамошно унапредување на соработката и ваков систем и на другите премини кон Албанија. На граничниот премин Ќафаса само лани се регистрирани 2,3 милиони преминувања на патници што е повеќе од половина од регистрираните преминувања кон Албанија. Со ова олеснето преминување се очекува развој на туризмот и помали трошоци за стопанството. Македонија ваков модел на заеднички контроли со едно застанува прв пат воведе со Србија во 2019 година на преминот Табановце, а со Косово на преминот Блаце е воведена од лани. Со воведувањето на системот и со Албанија, се прави уште еден чекор кон поедноставно движење меѓу земјите во регионот. Особено значајно е тоа за Коридорот 8, кој ги поврзува Македонија и Албанија и претставува важна транспортна и економска врска меѓу Јадранското и Црното море. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter