ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува
1ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнува
2Акциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќај
3Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија
ЗабаваСерена Вилијамс на удар на критики поради реклама за таблети за слабеење- им врати со танц на шипка (ВИДЕО)Серена Вилијамс е повторно во центарот на вниманието - и тоа од две сосема различни причини. Поранешната тениска шампионка објави видео во кое ги покажува своите вештини за танцување на шипка, кратко откако беше критикувана поради појавувањето во реклама за лек за слабеење што се емитуваше за време на Супербоул. Во клип што го сподели на TikTok во среда, 44-годишната спортска икона вежба танцување на шипка, со натпис: „Се враќам на тренинг на моите две омилени реквизити“. Видеото набрзо доби илјадници реакции, а многумина го протолкуваа како одговор на неодамнешните негативни коментари. @serena I’m back to training on my 2 favorite devices. ♬ Check On It Bounce - ARNETT Жестоки критики поради рекламата Вилијамс, освојувачка на 23 титули од Гренд слем, стана заштитно лице на брендот Ro минатата година, а во реклама прикажана за време на Супербоул, таа ги промовираше препаратите GLP-1 и ја припиша својата трансформација на телото на оваа терапија. Таа откри дека изгубила повеќе од 14 килограми за една година. Но, дел од фановите не го поздравија нејзиниот ангажман. Критичките коментари се слеваа на социјалните мрежи - од обвинувања дека таа „продава лекови за слабеење“ до разочарување што, како што некои напишаа, „најдобрата тенисерка на сите времиња го промовира Оземпиќ“. View this post on Instagram A post shared by Ro (@ro.co) Разочарувањето беше уште поголемо затоа што во пресрет на Супербоулот се појавија гласини дека Серена би можела да објави сензационално враќање во тенисот во реклама. Наместо спортска најава, гледачите добија промоција на лек, што предизвика негодување кај дел од публиката. View this post on Instagram A post shared by Serena Williams (@serenawilliams) Борба со килограмите по породувањето Серена претходно отворено зборуваше за нејзината борба со тежината по раѓањето на второто дете. Таа ја роди ќерката, Адиру Ривер Оханијан, во август 2023 година, а започна терапија во 2024 година, откако престана да дои. Во интервју за People во август 2025 година, таа призна дека се борела да се врати на посакуваната тежина. „Никогаш не можев да ја достигнам посакуваната тежина, без оглед на тоа што правев и колку тренирав. Беше лудо затоа што никогаш во животот не сум се нашла во ситуација каде што работам толку напорно, се хранам здраво, а да не можам да ја достигнам тежината што ја сакам“, рече таа. Таа исто така нагласи дека за време на нејзината кариера никогаш не барала кратенки. „Никогаш не сум земала кратенки во мојата кариера и секогаш сум работела напорно. Знам што е потребно за да бидеш најдобра. Затоа беше многу фрустрирачки да правам сè на ист начин, а да не гледам никаква промена ниту во вагата ниту во изгледот на телото“, рече таа. Минатото лето, таа откри дека ослабела повеќе од 14 килограми и додаде: „Се чувствувам одлично, здрава и лесна и физички и ментално“.Тагови: Серена Вилијамс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче го испрати талогот Жерновски да клевети во јавност, двајцата се исплашени од одговорноста која ги стигнуваВенко го прати талогот Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој претставувал амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за мерцедесот, нема срам и да шири лаги пред целата јавност.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето од Вучиќ со кои местеа милионски тендери. Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната. И сега, кога кругот кој започна со нивниот пад од 2024 година, па се одразува во Србија кај Вучиќ на кого му постилаа црвени килими и лудуваа до рани зори со кого и пејачите омилени им се заеднички, се плашат од одговорноста која полека ги стигнува. А затоа што слугуваа кому стигнат за да си ги наполнат џебовите затоа и тонат и се статистичка грешка и граѓаните бегаат од нив и по улица. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотGoogle го доживеа најлошиот ден во историјатаАкциите на Alphabet, матичната компанија на Google, вчера го забележаа најголемиот еднодневен пад во историјата на компанијата. Нивната вредност се намали за речиси 13 отсто, со што пазарната капитализација на Alphabet се намали за приближно 500 милијарди долари. Како што пренесува „The Wall Street Journal“, до масовната продажба дојде поради разочарувачките финансиски резултати, забавувањето на растот на приходите од онлајн пребарувањето, како и поради зголемената загриженост кај инвеститорите во врска со огромните трошоци поврзани со развојот на вештачката интелигенција. Акциите на Alphabet ја завршија трговската сесија на ниво од 283,82 долари, што претставува пад од 12,64 отсто. Ова е вториот најголем еднодневен пад на пазарната вредност за која било компанија во историјата на американскиот берзански пазар. Единствено Nvidia забележа поголем пад – во јануари 2025 година – кога изгуби приближно 593 милијарди долари од својата вредност. Падот на матичната компанија на Google повлече надолу и дел од американските берзански индекси, особено технолошки ориентираниот индекс Nasdaq. Инвеститорите беа особено загрижени поради резултатите од бизнисот со рекламирање на Google, кој со децении претставува главен извор на приходи и профит за компанијата. Во третиот квартал, приходите од онлајн пребарувањето на Google пораснаа за 12 отсто во споредба со истиот период минатата година. Иако ова претставува раст, тој е значително побавен отколку во претходниот дел од годината; приходите од пребарувањето пораснаа за 19 отсто во првиот квартал и за 17 отсто во вториот. Секторот „Google Services“ – кој ги опфаќа онлајн пребарувањето, YouTube и претплатите – оствари приход од 96,3 милијарди долари, што е под очекувањата на аналитичарите кои предвидуваа 98,5 милијарди долари. Вкупните приходи на Alphabet достигнаа 127,6 милијарди долари – што претставува раст од 25 отсто на годишно ниво – но сепак се под очекувањата на Волстрит. Нето-добивката се намали за 25 отсто, на 26,17 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАкциска контрола на товарни возила – констатирана 101 неправилност, 25 возила исклучени од сообраќајПри спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. На 28.10.2026 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на товарни возила, насочена кон откривање и санкционирање на неправилности поврзани со претовар, неправилно сместен и необезбеден товар, техничка исправност на возилата, превоз на лица, како и на моторни возила кои се вклучуваат во сообраќај од земјени патишта, градилишта и слични површини, при што нанесуваат кал на коловозот. При спроведената контрола контролирани се 781 возило, од кои 92 се упатени на технички преглед. Констатирани се 101 неправилност, а поради утврдените неправилности, 25 возила се исклучени од сообраќај. Во рамки на контролата евидентирани се и три случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, констатирани се и 219 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до возачите и превозниците да ја почитуваат законската регулатива, да обезбедат техничка исправност на возилата и правилно сместување и обезбедување на товарот.Тагови: Акциска контрола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook